Специјално за Капитал од Загреб
На радост на, како што убаво велат, девелоперите, министерот за градежништво Бранко Бачиќ објави дека „дефинитивно треба да се пристапи кон отстранување на конструкцијата на Вјесник“. Остатоците од облакодерот во кој некогаш беше сместена моќната новинска куќа се оладија по катастрофалниот пожар што, наводно, го предизвикале двајца тинејџери. Но, расправиите за виновниците зошто зградата беше во очајна состојба, и практично нечувана, нема брзо да се оладат.
Од пожарот до денес е кажано и напишано многу. За целосна слика на причините, последиците и главните актери на бизнис-варијантата, а сега и на варијантата „пепел и прав“, сепак недостигаат уште многу парчиња од мозаикот.


Основач, главен уредник и колумнист на бизнис-неделникот Лидер од Загреб.
Шајатовиќ дипломирал на Економскиот факултет во Загреб. Работел во младинскиот весник Полет (1980-1984). Новинар во Вечерњи лист (1984-1989), иницијатор и уредник на рубриката Бизнис свет во Вечерњи лист (1989-2001). Иницијатор на Бизнис-неделникот во концернот EPH (2002-2004). Основач на неделникот Лидер (2005).
За оние постари од 60 години – потсетување, за помладите – едукација: пропаста на издавачката куќа Вјесник почна уште во 1976 година. Ако треба да се бара ликот што е крив за тоа, тогаш тоа е Едвард Кардељ.
Социјалистичкиот идеолог
Едвард Кардељ (1910–1979) беше словенечки политичар, еден од најблиските соработници на Јосип Броз Тито. Беши партиски идеолог. Меѓу другото, во 1976 година е донесен Законот за здружениот труд – негово дело, со кој се обиде да ја спои пазарно-планската економија со идејата за работничко самоуправување.
За социјалистичкиот систем тоа не беше лоша идеја, но со вградена грешка. За работниците што е можно подиректно да управуваат со стопанството, тој осмисли дека основна форма ќе бидат ООЗТ-овите (основни организации на здружен труд). Тие, поедноставено, можеа да се здружуваат во сложени организации на здружен труд (СОЗТ).
Кога почна приватизациското грабање, бизнисмените со недвижности не можеа да одолеат. Таквите локации се прелуксузни за некои си новинари и уредници. Требаше да ги раселат на периферија. Што, разединети уште одамна со ООЗТ-изацијата, и не беше тешко.
Би ме изненадило ако помладите читатели не се прашуваат каква смисла има сега да се споменува некој си Кардељ од пред половина век. Причината сепак постои. Погрешните потези на власта – било тоа некогаш под водство на СКЈ, било денес под ХДЗ – рано или доцна се наплатуваат. Понекогаш брзо, понекогаш по неколку децении. Најчесто тивко, но понекогаш и спектакуларно – во пожар каков што го зафати небодерот на Вјесник.
На примерот на Вјесник, кој дотогаш беше единствено претпријатие, тоа значеше разбивање на логичната целина „весник – печатница – продажба“ на делови. Како денес некој концерн да се разбие и на профитните центри да им се пренесе сопственоста и одлучувањето, а концернот да стане лабава конфедерација. Така е создаден СОЗТ Вјесник. Додека Партијата беше силна, ги држеше деловите на куп. Кога кон крајот на 80-тите ослабна, раководствата на попрофитабилните делови почнаа да докажуваат дека можат сами на пазарот. Дека не им треба издавачката куќа Вјесник.
Штом падна социјализмот и почнаа преобразбата, транзицијата и приватизацијата, започна забрзаниот распад на Вјесник. Приватизацијата се спроведуваше на ниво на дотогашните ООЗТ-иња. На пример, ние во „Вечерњи лист“ добивме право да откупиме малку акции од „Вечерњи“, но не и од концернот Вјесник. Светлото згасна, а кога повторно се запали, повеќето редакции веќе се издвоија, Печатницата тргна на своја страна, а киосците, како извор на кеш, завршија во рацете на тајкун близок на власта. И набрзина банкротираа.
Мнозина мислеа дека победиле. Некои поединци навистина и победија – убаво поминаа. Но издвоените делови, секој за себе, во наредните децении ред по ред завршуваа во стечај или предстечајни постапки.
А да останеше поранешниот концерн Вјесник во целина, да се изгаснеа непрофитабилните изданија, но сопственоста да останеше целина „издаваштво – печатница – киосци“, денес синергиските ефекти ќе гарантираа опстанок и развој – и на деловите и на целината.
Кога ќе се минира комплексот Вјесник (изгорената зграда во Загреб н.з), веројатно ќе биде отстранет и прастариот натпис лево од главниот влез во изгорениот облакодер, на кој сè уште стои името „Новинско-издавачко и штампарско претпријатие Вјесник“. Име кое ја открива вертикалната интеграција. И кое, по некое чудо, никој досега не се осмели да го тргне.
Во прилог на тезата дека Кардељевиот Закон за здружениот труд беше првата шипка што во транзицискиот пожар го изгоре перспективниот бизнис-систем оди и судбината на издавачките куќи кои постоеја во сите главни градови на југословенските републики и покраини. Ете чудо – сите тие куќи ја доживеаја истата судбина: разделба на редакциите од печатниците и продажба на трафиките. А со помош на новопечените политички клики и послушните тајкуни дополнително се уништувани.
Проклетството на недвижнините
Важна беше и втората причина. Проклетството на недвижниот имот. Како и кај поранешното раководство на Вјесник, дел од профитот (тогаш се викаше „доход“) се одвојуваше за изградба на деловни простории. За несреќа, комплекси како Вјесник се градеа на најпрестижните локации.
Кога почна приватизациското грабање, бизнисмени со недвижности не можеа да одолеат. Таквите локации се прелуксузни за некои си новинари и уредници. Требаше да ги раселат на периферија. Што, разединети уште одамна со ООЗТ-изацијата, и не беше тешко.
Би ме изненадило ако помладите читатели не се прашуваат каква смисла има сега да се споменува некој си Кардељ од пред половина век. Причината сепак постои. Погрешните потези на власта – било тоа некогаш под водство на СКЈ, било денес под ХДЗ – рано или доцна се наплатуваат. Понекогаш брзо, понекогаш по неколку децении. Најчесто тивко, но понекогаш и спектакуларно – во пожар каков што го зафати небодерот на Вјесник.
До финалниот чин – изгорениот небодер – доведе и проклетството на недвижнините. Како и сите други главни издавачки куќи во републиките на СФРЈ, и оваа во Загреб си изгради комплекс на престижна локација. Девелоперите по 1990 веднаш фрлија око на просторот кој беше прелуксузен за сиромашните новинари. Сега практично си доаѓаат на свое.
Преземено од: Kapital.mk