Сметководство и ревизија
Искористи го нашиот стручен совет за
Сметководител иЛИ Ревизор
за твојот бизнис
Ќе ти обезбедиме стручен КОСУЛТАНТ кој ќе направи за тебе и твојот бизнис, бесплатна анализа и ќе те насочи каква сметководствена или ревизорска куќа и нивни услуги, најкавлитетно би ги покриле потребите и би го следеле развојот на твојот бизнис.
Каква сметководствена куќа треба да се побара?
Една сметководствена куќа мора да обезбеди овозможување на процес кој опфаќа обработка, ревизија и законско усогласување на финансиските податоци кој ќе осигура адекватно менаџирање на ресуристе во една компанија. Треба да нуди деталност, посветеност и аналитичност кон финансиските податоци со цел обезбедување на детална евидиенција за финансиската состојба и стабилноста на компанијата.
Финансиските извештаи се единствените и круцијални појдовни точки при изготвувањето на краткорочни и долгорочни стратегии на компанијата. Правилни финансиски извештаи носат долгорочна финансиска стабилност. Токму поради ова сметководството претставува столб во работењето на една компанија.
Да најдеме сметководствена куќа која ќе ги покрива сите услуги на едно место
Најидеално е доколку на исто место (едношалтерски систем), во својата палета на сметководствени услуги овозможуваат и изготвување на специјализирани финансиски услуги како што се:
Припојување и превземање
Закрепнување на бизнисот и несолвентност
Управување со ризик
Ревизорски услуги
Вештачење
Финансиско, Сметководствено и Материјално работење
Програма за само – вработување
Поддршка на бизнис и аутсорсинг услуги
Усогласување со законска регулатива
Со ова една таква сметководствена куќа, излегува од спрегата на класично сметководствено работење и на сите клиенти им овозможува услуги надвор од доменот на базичните сметководствени услуги.
Што би требало да покрива една понуда за една стандардна фирма?
Идеално би било да обезбедиме сметководствена куќа која истовремено ќе ги покрива сите подолни работења (едношалтерски систем).
Пресметка и обработка на плати
Пријава/одјава на вработени во АВРМ
Огласи за вработување во АВРМ
Отварање на боледување
Електронска пријава за ПДД
ДДВ пресметка
Поднесок на ДДВ во УЈП
Поднесок на ДДв – ПДФ-ДО
Квартален / месечен ДДВ
Извештаи за завод за статистика
Финансиско сметководство
Материјално сметководтсво
Трансфер цени
Директно оданочување
Индиректно оданочување
Сметководствени проценки
Завршна сметка
Финансиски косалтинг
Пристап до финансии и истражување на можност за грант