Инвестициски фондови

Искористи го нашиот стручен ПРЕДЛОГ за
ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ

Ќе ти обезбедиме овластен и лиценциран ИНВЕСТИЦИСКИ АГЕНТ за да направи за тебе бесплатна споредбена анализа, помеѓу различни видови на фондови, за тоа кој тип на фонд би бил најсоодветен токму за тебе.

Инвестициски фондови - за почетници

Инвестициските фондови важат за еден од најатрактивните начини за создавање пасивен приход и оплодување на средствата.

Во Македонија областа на инвестициските фондови е регулирана со Законот за инвестициски фондови, Законот за хартии од вредност, Законот за трговски друштва и Законот за девизно работење. Регулаторно тело е Комисијата за Хартии од Вредност.

Инвестициски фондови се здружени парични средства на поголерм број инвеститори, а со кои за сметка на инвеститорите управува Друштво за управување со инвестициски фондови. Заклучно 2024 во Македонија има само 5 такви Друштва, со 23 различни фондови.

Средствата на инвестицискиот фонд ги чува Депозитарна банка и го контролира располагањето со истите.

Секој инвеститор претставува сопственик на удели во фондот сразмерно на неговата уплата и учествува во добивката или загубата на соодветниот фонд, зависно од големината на својот удел во фондот. 

Удели во отворени инвестициски фонд може да се купат со уплаќање на сметка на инвестицискиот фонд во депозитарна банка на фондот по што друштвото ти дава потврда за бројот на купени удели.

Инвестициските фондови ги здружуваат инвестициите на многу инвеститори, за да можат да инвестираат во акции, обврзници и други хартии од вредност кои можат да бидат надвор од имотниот стандард на еден клиент, ако тој инвестира во нив индивидуално. 

Најголем бенефит од професионалниот портфолио менаџмент е можноста за остварување на пасивен принос без твој дополнителен напор. Откако ќе ја направиш инвестицијата во инвестициски фонд, можеш мирно да следиш како твоите средства се оплодуваат, знаејќи дека портфолио-менаџерите на фондовите работат кон тоа твоите инвестиции да бидат профитабилни.

Видео:  Што се отворени инвестициски фондови?

Една од најголемите придобивки од инвестициските фондови е неверојатната диверзификација што тие ја нудат, односно инвестирањето во различни инструменти, валути, сектори и држави. Диверзификацијата помага во избегнување на катастрофални загуби и ги штити портфолијата за време на економските превирања со распределување на вкупните инвестиции во повеќе различни видови средства, во различни индустрии и во различни држави.

Покрај ова во зависност од Вашата толеранција кон ризик и желбата за принос, можете да направите комбинација од различни инвестициски фондови и да го достигнете сопствениот карактеристичен оптимум.т.е. да се направи персонализирано инвестирање. Ова се најчестите типови на фондови:

Инвестирање во акции на странски или домашни издавачи!


Можност за најголема за добивка, но на индикатор за синтетички ризик од 7 степени ваквите фондови се најчесто обележани со ризична класа од 5-7.

Инвестирање во странски или домашни издадени обрзници

Можност за умерена добивка, а на индикатор за синтетички ризик од 7 степени ваквите фондови се најчесто обележани со ризична класа од 3-4.

Инвестирање во депозити кај овластени банки

Можност за помала добивка, но на индикатор за синтетички ризик од 7 степени ваквите фондови се најчесто обележани со ризична класа од 1. 

Најбарани на пазарот:
Акциски фондови

Инвестициските акциски фондови ти овозможуваат да го искористиш растот и исплатата на дивиденди од најголемите светски компании без да се бара масовно количество капитал за купување акција од конкретна компанија.

Акциски фонд е вистинскиот фонд за тебе доколку сакаш да оствариш атрактивен принос преку искористување на глобалниот раст на светската економија, особено на најразвиените економии во светот како САД, Германија и Швајцарија. Преку инвестирање во Акциски фонд може да очекуваш зголемување на сопствениот капитал со искористување на:

  • Континуираниот развој и иновативност на познати светски корпорации т.н. „Blue chips“ компании и „Dividend stocks“ компании што исплаќаат високи дивиденди и остваруваат позитивни резултати од работењето дури и во периоди на намалена економска активност;
  • Можноста да станеш индиректен акционер во странски познати компании како што се Apple, BMW, Daimler, Nestle, L’Oreal, Amazon и др.;
  • Диверзификацијата на портфолиото по земји, валути и инструменти;
  • Професионалното управување на средствата на фондот;
  • Можноста да го намалиш пазарниот ризик од купување акции (вложување на берза) без соодветно знаење;
  • Атрактивен принос со умерен ризик;
  • Автоматското реинвестирање на добивката;
  • Намалените трошоци за управување со средствата;
  • Можноста за следење (преку веб-апликација) и достапност на вложените средства во секој момент.
Овој фонд е совршен за:
  • инвеститори со стабилни приходи,
  • инвеститори што имаат инвестициски период над 10 години,
  • помлади луѓе,
  • инвеститори што се спремни да преземат средно до повисоко ниво на ризик.

Акциските фондови содржат високо ниво на ризик, кое е повисоко од ризикот карактеристичен за паричните или обрзничките фондови, но во исто време е понизок од ризикот на оние фондови што исклучиво инвестираат во акции од мали и средни компании или од компании од држави во развој. Пресметката на категоријата на ризичност се заснова на историското движење на цената на уделите и нето-вредноста на имотот на Фондот од почетокот на постоење. Атрактивноста сепак е во можноста за поголема добивка од останатите видови фондови.

Да, може да се уплаќаат средства во име на дете т.е. малолетно лице.

Потребен докумет е Извод од матична книга на родените или негов пасош.

Да, правно лице (фирма) може да биде инвеститор во фонд.

Да, едно лице може да биде инвеститор во повеќе различни фондови.

Да.

Средствата во инвестициските фондови се постојанио доспатни и ликвидни, односно Фондовите имаат законска обврска да ти ги исплатат средствата по вредност од денот кога е поднесено Барањето за откуп.

Дополнително, инвеститорите во секој момент имаат можност да ја проверат состојбата на своите средства на својот личен профил.

Во случај на смрт на инвеститорот, уделите од фондот што ги поседувал се предмет на решение за наследство. Во одлуката за наследство мора јасно да се наведе начинот на кој уделите од инвеститорот треба да бидат распределени меѓу наследниците.

Критериум за успешноста на работењето на инвестицискиот фонд е приносот на фондот (зголемување на уделот на имотот на фондот) во споредба со benchmark (стандард или референтна вредност со која се прават различни споредби и претставува репер за успешноста на фондовите), кој е специфициран за секој фонд одделно во проспектот со вклучените правила на управување.

Со имотот на фондот за сметка на сите инвеститори управуваат квалификувани професионалци во друштвото за управување, кои редовно го следат развојот на светските пазари на капитал, реагираат на промените и внимателно ги одбираат инвестициите, водејќи се од принципот на диверзификација (распределба) на ризикот и намалување на трошоците за тргување.

Не.

До инвестиција во вредност од 100.000 евра изборот на инструменти или компании во кои ќе се вложува е на стручниот тим на Друштвото.

Сепак, за инвестиции над 100.000 евра овозможено е Управување со индивидуално портфолио (тнр. Wealth management) каде инвестициите можат да бидат и по избор на таквиот инвеститор.

Депозитарната банка ги чува средствата на инвестицискиот фонд и контролира дали инвестицискиот фонд располага со средствата на фондот во согласност со Законот за инвестициски фондови и со статутот на фондот.

Друштвото е должно да достави потврда за секоја уплата односно исплата од фондот, како и на барање на сопственикот на удели или нивни овластен застапник, која содржи информации за последната трансакција на инвеститорот и моментална состојба уделите на фондот кои се во нивна сопственост.

Средствата од фондот се вложуваат во различни финансиски инструменти. Теоретски, би можел да пропадне, ако во исто време сите издавачи на хартии од вредност (компании, државни институции, банки итн.), кои се во портфолиото на фондот “пропаднат”.

Во случај кога Комисијата ќе донесе решение со кое ја одзема дозволата за работа на друштвото за управување и во случај на стечај или ликвидација на друштвото за управување, работите на управување со инвестициски фондови кои ги вршело ова друштво се пренесуваат на друго друштво за управување. Комисијата за хартии од вредност го врши изборот на друштвото за управување на кое ќе бидат пренесени работите на управување со инвестициските фондови.

Препораки за уплаќање во фонд

Секој инвеститор сам си ја одредува уплатата при еднократни уплати според неговите можности, а при еднократна уплата минималниот паричен износ за купување на удели, во одредени фондови изнесува 1000 денари.

Зошто се добри редовните уплати на долг рок?

Најпрепорачливо е да се направи Програмиран план кој е организиран и исплатлив систем за долгорочно вложување. Редовните уплати ви помагаат во постепеното создавање и оплодување на твоите заштеди.

Предноста на програмираните уплати како редовни уплати на долг рок, е особено заради заштита од поголеми осцилации. Редовните уплати овозможуваат оптимално упросечување на цените по кои ги стекнуваш уделите, а со тоа и поголем потенцијал за заработка.

За да го зголемиш приносот на своите заштеди, а притоа соодветно да се заштитиш од економски кризи, обезвреднување поради инфлација, како и можна девалвација на денарот, треба да се стремите кон балансирана распределба на вложувањата во различни финансиски инструменти и валути, вклучително и акции од меѓународни корпорации. Најлесниот начин да го постигнеш соодветниот сооднос е да искористиш веќе подготвено портфолио, односно да вложувате преку инвестициски фонд.

Јасно е дека берзите се движат во обете насоки – на моменти растат, на моменти опаѓаат и никој со сигурност не може да каже во која насока ќе тргнат од моментот кога ти ќе се одлучиш да вложиш. Но, токму во нивната непостојаност се крие потенцијалот за добра заработка. Па така, вложувајќи секој месец по еднаков износ, ти автоматски ги нивелираш тековните промени и си обезбедуваш подобри резултати за заштедените пари.

Кои се предностите од користење на траен налог?

За да се постигне погорното, препорачливо е клиентот да уплаќа со траен налог. Трајниот налог е исклучително корисен производ со чие користење ти заштедуваш време, не мора да одиш во банка да трошиш време на чекање ред во местата за уплата на налог секој месец. Твоја задача е да избереш датум и да го дефинирате износот на уплатата на кој што Банката преку трајниот налог ќе ги повлекува средства од твојата трансакциска сметка на трансакциската сметка на Фондот. Постои и можност за паузирање на трајниот налог.

Видео:  Што се Акции?

Видео:  Програмирани уплати во Инвестициски фонд?

Пример - пресметка

Пример, колку може да се оствари со вложување 100 денари дневно (600 евра годишно) после 10 години! 

На сликата е пресметка од Акциски фонд, за следен случај:

Инвеститор вложува 600 евра годишно, наредни 10 години (вкупен предвиден износ на инвестиција од 6000 евра), при што очекуван принос би бил според 3 различни сценарија:

а)  при очекуван принос од 4% би остварил вкупна заработка од 1355 евра

б)  при очекуван принос од 7% би остварил вкупна заработка од 2594 евра

в)  при очекуван принос од 10% би остварил вкупна заработка од 4063 евра

Оваа пресметка е од информативен карактер и може да се разликува од реално остварениот резултат. При пресметката е користено сложено вкаматување.

Тестирај го нашето знаење и контактирај нè, за наш експерт да ти каже што точно ти следува и да ти даде оптимизиран предлог и понуда скроени токму за тебе...
Без обврски!

Сакаш БЕСПЛАТЕН ПРЕДЛОГ?