Кредити и Лизинг
Искористи го нашиот стручен совет за
КРЕДИТИ ИЛИ ЛИЗИНГ
Ќе ти обезбедиме тим на КРЕДИТНИ АНАЛИТИЧАРИ за да направи за тебе бесплатна кредитна анализа и да те насочи за најповолно кредитно решение за тебе.
Непристрасна анализа помеѓу многуте понуди
Наместо да се оди од банка на банка, ние обезбедуваме тим од кредитни аналитичари со долгогодишно банкарско искуство, кои ќе направат анализа која од многуте понуди на пазарот е најповолна за тебе. Зашто, особено погубно е ратите сите наредни години да ги отплаќаш заради одлука донесена без основа (по препорака, зошто тука веќе земаш плата или зошто во таа една банка работи твојата братучетка која сепак ќе биде пристрасна.
Ние нудиме непристрасна анализа направена помеѓу сите банки, лизинг компании,а за фирмите и помеѓу субвенционираните кредити од програми на Европска Унија или државна помош за стопанството.
Како до наповолен кредит или лизинг за тебе?
На што треба да се обрне внимание?
Ние правиме финансиска анализа на клиентот и тоа согласно неговите финансии и потреби, како и барањата на финансиска институција (Банка, штедилница, фонд, лизинг куќа и сл) со цел реализирање на планот кој го има клиентот.
- Истражување на пазарот во однос на условите на кредитните продукти на сите деловни банки и финансиски институции во државава.
- Комуникација и коресподенција со деловната банка или Финансиска институција.
- Промоција на кредитниот продукт кој гo задоволува барањето и потребите на клиентот.
Ние вршиме советување на сите пранви и физички лица кои се во процес на било каков кредитен продукт од било која финансиска институција. Имено, не се вклучуваме во процесот на одобрување на кредитот, туку во делот на советување на клиентот во однос на негова заштита и тоа:
- Советување за рочноста, валута и динамика и сл.
- Советување во однос на каматна стапка (фиксна, променлива, од што зависи каматата?)
- Провизии, трошоци за одобрување, пенали, провизии за предвремена отплата и сл.
- Толкување на договорот за кредитниот продукт или рамка и советување по однос на истиот.
- Советување во однос на обезбедување на кредитниот продукт и се што е врзано со него.
Најпрвин препорачуваме да се направи скрининг на вашите можности за пристап до финансии
Подигнувањето кредит и догогодишните отплати на истиот, се сериозен процес.
Дури и при посериозен здравствен зафат (операција), најпрвин е потребно да направите скрининг и анализи на сите останати здравствени параметри (крвна слика, ЕКГ и сл.). Никогаш во здравствена установа нема да ве легнат “право под нож“
Токму затоа, нашиот пристап е таков што за нашите клиенти обезбедуваме сеопфатен и детален скрининг на буквално сите актуелни можностите за Ваш пристап до финасии и финасиска помош.
Станува збор за добивање на стручно советување за целосен пристап до финансии, и тоа:
- Кредитирање и рефинасирање, субвенционирани кредити за стопанството, побарувања, факторинг, лизинг и други алтернативни извори на кредитирање; и
- Пристап до грантови и/или кофинансирање (ИПАРД, ФИТР, АСИПИ, МЕ, ГИЗ и др.)
Самиот скрининг од наша страна опфаќа:
- Анализа на доставената документација и одржување на работен состанок со клиентот;
- Стручно советување за искористување на можности за користење на грант / фонд / финансиска поддршка за веќе реализирани или финансирање на тековни или идни инвестиции со грант или фонд;
- Стручно советување за структура на моментална или потенцијална кредитна изложеност (ануитетен кредит, кредитна линија, овердрафт, лизинг, факторинг и др.) во зависност од потребите и плановите на компанијата;
- Изработка на Писмен извештај за Пристап до Финансии за грантови и/или кредитирање;
- Изработка и презентирање на Понуди за понатамошна деловна соработка доколку сте апликативни за кредитни продукти и / или грантови, фондови или било каква финансиска поддршка во соодветни институции.