Осигурување на живот и семејство
Искористи го нашиот стручен совет за
животно осигурување
Ќе ти обезбедиме овластен и лиценциран ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР за да направи за тебе бесплатна споредбена анализа, помеѓу различни видови на животно осигурување, за тоа која тарифа би била најсоодветна токму за тебе.
- Како обезбедуваме најдобра понуда?
За тебе обезбедуваме Осигурителен Брокер, кои има повеќе предности, отколку понуда да бараш од една осигурителна компанија, и тоа:
- Објективност и непристрасност при изборот (наместо еден избор)
- Бесплатен стручен советник за сите типови на осигурување следејќи ги сите тарифи од сите компании
- Брокерот е непристрасен и одговорен пред клиентот, чии интереси е должен да ги штити, а независен од некоја осигурителна компанија
- Брокерот заштедува време и пари, зашто за тебе ја предлага од мноштвото понуди, онаа најдобрата
- Професионална анализа на сите понуди (а не, една пристрасна понуда од една компанија)
- Истакнување на предности, но и слабости на одредена тарифа (а не, пристрасно истакнување најмногу на предностите)
- Двојна грижа при штета (брокерот + осигурителната компанија)
Животно осигурување - за почетници
Производите за осигурување на живот овозможуваат финансиска заштита за тебе и твоето семејство, а истовремено штедиш парични средства.
Подготвен за секој предизвик кој ти го носи животот, склучи договор за осиурување на живот со кој му овозможуваш поддршка и грижа на твоето семејство.
Животното осигурување во Македонија е регулирано со Законот за супервизија на осигурување (од 2002), Законот за облигациони односи (поглавје 30) и други подзаконски акти. Во моментов во Македонија само шест осигурителни компании имаат дозвола да ја работат оваа класа на осигурување.
За разлика од голем дел неживотни осигурувања каде уплатата не е повратна (исплатата е само при штета), овде вложените средства се повратни како фонд за стари години, заедно со очекувана добивка. Од таа страна, споредбено кажано, животното осигурување е најслично со банкарскиот производ „орочен депозит“ со тоа што овде дополнително има и осигурување.
Најбарани на пазарот:
Фонд Полиси за живот (или Unit Linked)
Овој тип на животно осигурување за првпат започна во Македонија во октомври 2015 година, и оттогаш се најбарани полиси кај нас, и се значително попопуларни и побарани од клиентите. Tука добивката зависи од ризичната класа во која се вложени парите во инвестициски фонд и секако од должината на оплодување на средствата (кај полиси со подолго траење има можност за поголема добивка). Но, во такви тарифи кај одредени компании веќе (од почеток на таа тарифа па досега) имаат постигнато историски просечна годишна добивка дури од над 10% (информација заклучно трет квартал 2024).
Предностите на ФОНД ПОЛИСИТЕ се во можноста за значителна добивка, заради:
Професионално управување со средствата на фондот;
Диверзификација на портфолиото по земји, инструменти, валути;
Автоматско реинвестирање на добивката;
Инвестирање во големи компании на развиените држави во светот.
Премијата за вакво штедење со осигурување, минимум месечно изнесува од околу 20 евра па нагоре по сопствен избор. Нема ограничување во максималниот износ. Ти сам одредуваш годишен износ според твои потреби. Ова значи дека за пример 25 евра т.е. 1500 денари месечно (кои можат да се вложуваат и со траен налог) добиваш заштита на парите, семејството и здравјето, неколкуте најважни работи кај многу одговорни луѓе, и сето тоа во еден пакет.
Пресметај го тоа колку би изнесувало дневно како начин на штедење како износ, кој секако безгрижно дневно го даваме на непотребно трошење. Убав начин да се научат и нашите најблиски на штедење наместо на трошење. Овие заштедени пари можат да бидат клучни кај многу животи на старост, особено на оние кои ќе останат да зависат само од државната пензија.
- Основни видови на Осигурување на Живот
Според начинот на оплодување на средствата има неколку типа на осигурување на живот, кои пак ги има како посебни тарифи кај сите компании за осигурување на живот, и тоа:
Повеќе акцент на очекувана добивка - Можност за поврат на уплатите
Средствата од уплатите на клиентот се оплодуваат во инвестициски фондови со можност за многу поголема очекувана добивка, а делот за осигурување од смрт е затоа поумерен. Заштедените уплатени средства (осигурената сума, минус трошоците за осигурување, плус или минус очекуваната добивката зависно од резултатите на фондот) на крајот се повратни доколку фондот каде се оплодуваат е со добивка (може да се подигнат).
Повеќе акцент на осигурувањето од смрт - Можност за поврат на уплатите
Средствата од уплатите на клиентот се оплодуваат поконвеционално (највеќе во кеш депозити) и затоа добивката е помала, а акцентот е ставен на што поголема сума за осигурување од смрт. Заштедените уплатени средства (осигурената сума, минус трошоците за осигурување, плус очекуваната добивката) на крајот се повратни (може да се подигнат).
Само осигурување од смрт - Уплатите не се повратни
Уште наречено и „Каско осигурување од смрт“. Средствата од уплатите на клиентот не се оплодуваат и не се повратни. Содржи единствено осигурување од смрт, а најчеста намена е како обезбедување при подигнување на кредит, со што банката се штити да може да го наплати кредитот и доколку кредитобарателот почине, а од ова осигурување. Единствена предност е што за пониска сума на пари клиентот добива заштита на семејството, за тоа да немора да го враќа кредитот во случај на несакан настан. Најголемиот дел на граѓани кои го имаат ова осигурување, не ги имаат направено заради желба за самата полиса, туку со цел да го добијат побрзо саканиот кредит.
Што е покриено со Животното осигурување?
Животното осигурување (класично или со инвестициски фонд) всушносност има две компоненти: (1) штедење со добивка, а (2) дополнително има осигурување од смрт, повреда и медицински состојби, или подетално:
1) Долгорочно штедење, со можност за оплодување со очекувана добивка:
- Најчесто со избран рок по желба на клиентот на траење помеѓу 10 и 25 години, во кој период се вложуваат однапред одредени годишни ануитети одредени како премија
- Дополнително со очекувана добивка, при што има: класично животно осигурување (каде се оплодуваат поконвеционално и добивката е минимална, но делот за осигурување за смрт е поголем) и фонд полиси (или Unit Linked) каде добивката е поагресивна и оплодувана во инвестициски фондови, со умерен дел за осигурување за смрт. Вториот вид е најбаран (види погоре).
2) Осигурување, кое може да содржи:
- Вклучено во основната уплата: осигурување од смрт, со кое се заштитува семејството на осигуреникот, кое тие средства ги добива како наследство при несакан случај.
- Дополнителна опциона доплата за осигурување од Повреда (по избор: 25, 50 или повеќе евра годишно)
- Дополнителна опциона доплата за осигурување при медицински состојби и тоа или Тешко Болни Состојби (рак, мозочен удар инфракт, перкинсонова болест итн.) или за над 1000 различни Хируршки операции кои би се случиле за време на осигурувањето
Заштеда
Висина и динамика на штедење - по свој избор. По завршување на периодот на осигурување имате сигурна заштеда
Добивка
На крајот од осигурувањето остваруваш добивка од твоите вложувања
Инвестиција
Твоите средства ги инвестираш во удели во светски познати компании
Сигурност
Осигурај се во случај на несакан настан и заштити ги своите најблиски
Заштита од повреда
Осигурај се во случај на повреда или инавалидитет
Заштита од медицински зафати
Можност за осигурување од над 1000 различни хируршки операции
Пример - пресметка
1 евро тргнато, за себе, секое утро – носи 365 евра годишно – или 14.000 евра наредни 25 години!
На сликата е пресметка од една тарифа од една од компаниите за живот за следен клиент:
Маж, на 35 години старост, кој добива:
а) штедење 300 евра годишно на 25 години траење (до 60 година старост), при што би имал дополнителна заштеда на старост (дури 4 години пред пензионирањето), заедно со очекувана добивка од предпоставени само 6,6% годишно – над 14.483 евра вкупно. Тука е вклучено осигурување од смрт (кога и да се случи во тие 25 години) од 7500 евра како заштита на семејството;
б) опциони 50 евра годишно за осигурување од повреди (инвалидитет), каде е заштитен со 18.125 евра за 100% инвалидитет и 12 евра болничка дневница (престој во болница по основ повреда);
в) опциони 34,25 евра годишно за покриеност од 1500 евра, за над 1000 хируршки операции кои би се случиле во наредните 10 години.
Овие суми се само пример на една претпонуда. Нема „фиксна цена“. Секоја од ставките може клиентот да избере да биде поголема или помала зависно од желбите и потребите на клиентот.
Бизнис менаџерско осигурување
Предности за компанијата?
-
-
Полисата останува сопственост на фирмата, а вработениот ги користи бенефитите само ако остане лојален на фирмата до истекот на полисата. Ако вработениот порано замине, полисата со дотогаш собраните средства, фирмата може да ја препише на друг нов вработен со што полесно би го придобила на новото работно место
-
Финансиски да ги награди своите најдобри кадри за досегашната и идна лојалност но и да ги обврзи во исто време на одреден број години –
-
Мотивација преку долгорочно инвестирање средства кои на крајот на договорот вработениот ќе ги добие во целост (доколку остане во фирмата)
-
Да ги заштити вработените и нивните семејства од непредвидени ризични настани
-
Да добие одговор дали вработениот гледа долгорочно на фирмата?
-
Предности за осигурениот вработен?
-
-
Со овој договор за лојалност е награден финансиски – Акумулира капитал кој ќе го подигне на крајот (можност за посериозна инвестиција
-
Можност да оствари приватна пензија – рента
-
Заштита за семејството во најлошиот случај (осигурување)
-
Заштита за себеси од некои непредвидени настан (несреќа инвалидност )
-