УАКС го започна одбележувањето на 20-годишниот јубилеј со најава за значајни настани и нови меѓународни партнерства


  • По 20 години успех, УАКС се подготвува за поголема глобална улога
  • 20 години УАКС: Образование што ги поврзува студентите со светот
  • УАКС 20 години создава генерации студенти подготвени за глобалниот свет
  • УАКС е позитивен пример за квалитетно високо образование во Македонија

Јубилејната програма ќе опфати неколку клучни сегменти. Веќе на крајот на мај, под мотото „Family First“, ќе се одржи традиционалниот настан за вработените и нивните семејства кој ја отсликува културата на заедништво што УАКС ја негува од своето основање и претставува симболична потврда на вредностите кои Универзитетот ги гради внатре – почит кон другиот, доверба и чувство на припадност. Летната школа по архитектура, која ќе се одржи во јули пак, ќе го истакне влијанието на УАКС врз урбаното размислување и практична едукација.

Во септември, Универзитетот ќе организира формален бизнис-настан со своите партнери од деловниот сектор со кои ја продолжува соработката за практична примена на стекнатото образование за студентите. УАКС е препознаен како предводник на новите иде, и во тој дуг, во ноември, во рамките на јубилејот ќе се одржи Едукативен форум посветен на иднината на високото образование во Македонија, од кој се очекува да клучен момент од кој ќе произлезат многу нови идеи, важни за образованието во земјата. 

Во рамки на прославата воедно ќе се одржи и свечена церемонија на која титулата Професор Honoris Causa ќе ѝ биде доделена на проф. д-р Светлана Мојсов, светски реномирана научничка и професорка на Универзитетот Рокфелер, членка на Американската академија на науки.

Паралелно со настаните, УАКС ќе најави и нова серија меѓународни соработки и академски иницијативи кои ќе овозможат дополнителни можности за студентите, наставниот кадар и академската заедница. Во тек е и развој на нов проект кој ќе биде посветен на учењето, иновациите и општественото поврзување, а истиот ќе биде објавен подоцна годинава.

Дополнителна потврда за влијанието и угледот на УАКС на национално и меѓународно ниво пристигна и денес, кога проректорката за настава, проф. д-р Венера Крлиу, беше модератор на панелот посветен на иднината на образованието на престижниот Macedonia2025 Summit. Настанот собра релевантни претставници од институциите, академската заедница и приватниот сектор, а за време на панелот, Министерката за образование, Весна Јаневска, посочи дека УАКС претставува позитивен пример за тоа како треба да изгледа квалитетно високо образование во Македонија.

„Ова не е само прослава – ова е почеток на едно ново, уште поамбициозно поглавје. Годината пред нас е посветена на нашата УАКС заедница, на соработките и на визијата што ќе нѐ носи напред“ истакнуваат од Универзитетот.



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *