Ѓорѓи Галетановски: Скопје може да успее, да се издигне, но без лажење, со напорна работа и со младите во прва линија!


Ѓорѓи Галетановски

поранешен директор на Зоолошката градина и човек кој посветено и интензивно размислува за Скопје

Оној што ќе се кандидира, и добие за градоначалник, уште првиот ден да ја врати партиската книшка во партија. И од тој ден да биде татко на сите во овој град. Да им нареди на тие што се директори дека ако местат конкурси и тендери ќе одговараат. Градската администрација да ја ослободи така што нема да има наместени огласи за вработување него ќе прими млад и квалификуван кадар, а на оние постоечките вработени ќе им ги тргне сите политички притисоци за да можат да работат како сервис на граѓаните од 8 часот до 16 часот, и никој нема да чека документ повеќе од 2 дена.

Тврдам дека еден кандидат да излезе со потпишана нотарска изјава за кривична одговорност доколку не исполни 50% од ветеното во првите 2 години може да направи gaме change на локалните избори.

Kапитал: Како се случи од менаџер на ноќен живот во правец на трансформација во директор на Зоо Скопје?

Галетановски: Многу тешко … Еве вака. Работев менаџер од мои 16 години до 36 години. Средно учев вонредно оти сакав да заработувам и да не сум зависен од никого. Сакав да останам во Македонија. Многу мои другари се иселија во странство јас не сакав .

Незнам сеуште дали погрешив, но што е тоа е.

И решив таа 2017 дека е доста од ноќен живот и барови, а таа понудата, беше некако како предизвик за мене. И за почеток на нов начин на живот. И голема одговорност да раководам со институција која во тоа време беше запоставена. А сепак со живи суштества. И платите на вработените беа минимални.

Одеднаш стануваш во 7 часот наутро одиш и знаеш дека те чекаат 70 вработени и 1000 животни на кои мораш да им ги подобриш условите за работа и живот. Тоа е … така почна тој мој пат.

Да и сигурен сум дека на Скопје му треба се само не политика. Политиката и реваншизмот го донесе Скопје до ова денес. На Скопје му требаат конкретни и брзи решенија. Му треба веднаш да се изгради луна паркот и да се спои со зоолошката градина. Му треба да се изгради повторно скопски саем. Итна изградба на Универзалната сала симбол и традиција на Скопје. Изградба на 3 големи катни гаражи. Изградба на повеќе кружни текови за да се олабави гужвата во сообраќајот.

Градот има доволно Буџет да биде секогаш чист, да има нов и нормален јавен превоз, убави улици чист воздух , поевтин и достапен паркинг за сите, културно забавен живот, решение за уличните кучиња.

Не е тешко само мора да се сработи плански и брзо. Итно. Скопје некогаш беше поим за култура и посетен од безброј странци и полно со млади. Денес младите се селат од Скопје. Излегуваат во други градови, хотелите се празни странците не заобиколуваат. Како да сме град на духови.

Капитал: За кратко време  Зоолошката Скопје прерасна во успешна приказна за цел град. Како што пишуваа медумите најпосетена институција во Македонија. Како се прави тоа?

Галетановски: Со макотрпна работа. Ги искористив сите мои линкови од минатото од улицата. Плус со помош на градоначалникот. Се посветивме јако со вработените кои ми станаа како фамилија. Ја исчистивме Зоолошка од корен. Организиравме настани со претстави пеачи и музика. Тука многу ми помогнаа и јавните личности спортистите сите. Им благодарам за тоа. Набрзо ја кренав посетеноста за 300%. Тоа се факти. Потоа се дојдоа спонзорите кои многу помагаа на Зоо Скопје. Сериозни фирми беа спонзори. И така започна се.  И траеше за жал три ипол години.

Капитал: Од тогаш поминаа години и сега велиш дека гледаше и знаеш што му треба итно на Скопје за да биде она што било некогаш? Што?

Галетановски: Да и сигурен сум дека на Скопје му треба се само не политика. Политиката и реваншизмот го донесе Скопје до ова денес. На Скопје му требаат конкретни и брзи решенија. Му треба веднаш да се изгради луна паркот и да се спои со зоолошката градина. Му треба да се изгради повторно скопски саем. Итна изградба на Универзалната сала симбол и традиција на Скопје. Изградба на 3 големи катни гаражи. Изградба на повеќе кружни текови за да се олабави гужвата во сообраќајот.

Градот има доволно Буџет да биде секогаш чист, да има нов и нормален јавен превоз, убави улици чист воздух , поевтин и достапен паркинг за сите, културно забавен живот, решение за уличните кучиња.

Не е тешко само мора да се сработи плански и брзо. Итно. Скопје некогаш беше поим за култура и посетен од безброј странци и полно со млади. Денес младите се селат од Скопје. Излегуваат во други градови, хотелите се празни странците не заобиколуваат. Како да сме град на духови.

Да и секогаш сум, и ќе бидам на нивна страна. И да ќе ја имаат клучната улога. До сега сите ги користеле како гласачко тело, но ниеден градоначалник не ги ставил да се дел од локалната власт.

Јас тврдам дека младите скопјани овој пат нема да дозволат да бидат излажани и мора да бидат не само на советничките листи туку директно во раководството на градот. Во кабинетот на градоначалникот, во управните одбори на раководни позиции.

Ќе се изборат за тоа и јас ќе им помогнам јавно. Мора да се освестиме дека Скопје остана без младина поради тоа игнорирање и лажење! Кој како фати фотеља ги лаже и деморализира. Наместени конкурси за вработување партиски протекции и секој нормален млад човек губи воља и фаќа патот дал за Хрватска дал во Малта или Америка. Многу генерации не напуштија мора тоа да прекине.

Капитал: Велите итна деполитизација на администрација и институции. Што би значело тоа?

Галетановски: Тоа значи оној што ќе се кандидира и добие за градоначалник уште првиот ден да ја врати партиската книшка во партија. И од тој ден да биде татко на сите во овој град. Да им нареди на тие што се директори дека ако местат конкурси и тендери ќе одговараат. Градската администрација да ја ослободи така што нема да има наместени огласи за вработување него ќе прими млад и квалификуван кадар, а на оние постоечките вработени ќе им ги тргне сите политички притисоци за да можат да работат како сервис на граѓаните од 8 часот до 16 часот, и никој нема да чека документ повеќе од 2 дена.

Тврдам дека еден кандидат да излезе со потпишана нотарска изјава за кривична одговорност доколку не исполни 50% од ветеното во првите 2 години може да направи gaме change на локалните избори.

Ќе има сериозна  предност пред секој против кандидат! Зошто не би го направил тоа. Жителите на Скопје се многу повредени и излажани. Нема да трпат втор пат лага и емоции! Скопјани се посебни луѓе – казнуваат.

Капитал: Ги фаворизирате младите како главен фактор за овие локални избори. Која улога би ја имале тие?

Галетановски: Да и секогаш сум, и ќе бидам на нивна страна. И да ќе ја имаат клучната улога. До сега сите ги користеле како гласачко тело, но ниеден градоначалник не ги ставил да се дел од локалната власт.

Јас тврдам дека младите скопјани овој пат нема да дозволат да бидат излажани и мора да бидат не само на советничките листи туку директно во раководството на градот. Во кабинетот на градоначалникот, во управните одбори на раководни позиции.

Ќе се изборат за тоа и јас ќе им помогнам јавно. Мора да се освестиме дека Скопје остана без младина поради тоа игнорирање и лажење! Кој како фати фотеља ги лаже и деморализира. Наместени конкурси за вработување партиски протекции и секој нормален млад човек губи воља и фаќа патот дал за Хрватска дал во Малта или Америка. Многу генерации не напуштија мора тоа да прекине.

Капитал: Каков профил на градоначалник мислите дека му треба на Скопје?

Галетановски: Што поедноставен и поблизок на граѓаните. Градоначалник што нема да се затвори во канцеларија и ќе наредува според физибилити студии, туку човек што ќе биде меѓу граѓаните и секојдневно ќе менаџира и брзо ќе решава проблеми.

Човек што ќе понуди идејни решенија за враќање во колосек на Скопје. Што ќе ги соедини бизнис секторот, угостителскиот сектор и сите да работиме во интерес на градот. Нема време за глумење професионалци и архитекти. Доста со тие ароганции флоскули и титули. Скопје е мултиетнички град и дом на сите нас. Нема веќе време за поделби на нации и партии. Фаќање за работа од прв ден и без лажење. Ако излаже нека одговара кривично.

Капитал: Знаеме дека твоето име е на анкети за градоначалник на град Скопје. Какви се твоите планови и дали ќе влезеш во трка за градоначалник на Скопје и доколку би се кандидирал дали би потпишал изјава за кривична одговорност?

Галетановски: Знам и го ценам тоа што ме мерат на анкети дали едни или други. И драго ми е кога многу луѓе, и што ги знам, и што не ги знам, ми даваат поддршка, и ме прашуваат дали ќе се кандидирам. Но, јас не сум разговарал на таа тема со никого, и моите планови се да останам во Скопје, и да помогнам на секој што му мисли добро на градот. А кога би бил кандидат 200% би потпишал изјава за кривична одговорност. Зошто би се плашел од сам себе?



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *