Управуваме со 175 милиони евра во Македонија! – Kapital.mk


Горди сме што денес ВФП Фонд Менаџмент е најголемото друштво за управување со инвестициски фондови

Македонците бараат професионално и посветено управување со нивниот капитал, ВФП Фонд Менаџмент е токму затоа создаден

Петар Андреевски, Главен Извршен Директор на ВФП Фонд Менаџмент во ексклузивно интервју за Капитал објавува дека Фондот управува со 175 милиони евра во Македонија!

Порфолиото на осигурениците на Винер Лајф во Македонија од 01.10.15 до 31.10.24, за девет години, оствари просечен годишен принос од 10.09% во перод на околина на ултра ниски каматни стапки како и многу висока инфлација последните години, ние успеавме да ја зачуваме вредноста на капиталот на осигурениците кои ни ја дадоа довербата. Тоа беше прв производ од ваков тип во регионот и значајно го промени правецот на развојот на бизнисот со животно осигурување во Македонија. Имено денес тој производ е главниот двигател за раст на премијата во сегментот на животното осигурување. Со нашето ширење во регионот со нас како иновација доаѓаше и овој продукт на секој од поединечните пазари, како и стратешкото партнерство со Vienna Insurance Group (VIG).

Денес управуваме со над 56 милиони евра од стотина фамилии и компании во Македонија според светски стандарди за индивидуални портфолија. Нашите портфолија редовно ги надминуваат бенчмарк индексите, обезбедувајќи одлични резултати во однос на профилот на инвеститорот.
Индивидуалните портфолија се премиум услуга и претставуваат персонализирани портфолија со инвестициска стратегија базирана на потребите и преференциите на инвеститорот. Согласно профилот на инвеститорот се одбираат компании со силни фундаменти и финансиски показатели, кои задоволуваат многубројни филтери и параметри, за кои има цврсти основи за верување дека и во иднина ќе продолжат да испорачуваат солидни резултати и соодветен поврат на капитал за инвеститорите. Овој сегмент искрено верувам дека има силен потенцијал и во иднина.

Петар Андреевски е претставник на помладата македонска финансиска, и воопшто деловна заедница, со висок степен на искажан менаџерски потенцијал. Такви какви што ни требаат. Мотивирани и со концентрирано и фокусирано знаење.

Претставник на онаа млада интелегентна заедница за која се смета дека е контингентот на новата менаџерска елита која во критичниот момент за Македонија, кој подолго време го чекаме, ке ја постави земјата на патеката на силниот развој, компатибилен со најуспешните примери во европската деловна заедница. На европскиот глобален пазар.

Прославија деновиве десет години постоење.

Ние во Капитал сме посебно среќни што овој млад човек, со огромен потенцијал, првите инспирации за да се занимава со она што го прави среќен, и видно динамичен, како и максимално мотивиран и успешен, ги добил токму читајќи ги страниците на нашиот Капитал.

Нашите луѓе во тимот на магазинот секојдневно среќаваме вакви млади луѓе, на кои инспирација им е и приказната за развојот на ВФП Фонд Менаџмент, како и самиот Петар Андреевски.

За овој човек многу се зборува во македонските финансиски, банкарски и воопшто бизнис кругови …

Сосема доволно за да се најде на насловната страници на нашиот магазин ….

Честитки за 10-годишнината на ВФП Фонд Менаџмент! Како би ги опишале главните успеси на компанијата во овој период?

Во изминатите 10 години успеавме да го изградиме најголемото друштво за управување со инвестициски фондови во Македонија. Со повеќе од 225 милиони евра под управување, од кои 175 милиони евра само на нашиот пазар.

Денес ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје се појавува како најголем поединечен акционер во 6 Друштва за управување со инвестициски фондови во Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора. Имаме 9800 инвеститори само во Македонија, го имаме најголемиот акциски фонд ВФП Премиум Акции. Најголем управувач сме со акциски и обврзнички порфолија на нашиот пазар. Во изминатиот период остваривме принос само во Македонија во апсолутен износ од речиси 40 милиони евра за нашите инвеститори.

Воведувањето на “Унит Линкт” животното осигурување во 2015 година во соработка со Винер Лајф АД Скопјe дел од Vienna Insurance Group (VIG) е нашата најголема иновација. Стратешката соработката со најголемата австриска осигурителна компанија Vienna Insurance Group (VIG), која оваа година славеше 200 години постоење и има под управување милијарди евра, е потврда за квалитетот на управувањето на нашите фондови.

Вашиот слоган е Вистинска Одлука во Вистинско Време. Која беше клучната одлука што ја донесовте во овие 10 години?

Од оваа перспектива можам да кажам дека самата идеја да влеземе во овој бизнис денес се покажа како клучна. Иако имавме мал тим, малку слободни ресурси, верувавме дека на Македонија, и на најзините жители, и беше потребно професионално управување на нивните слободни средства и слободен капитал. А сметам дека токму тоа требаше да го понудиме, тим на луѓе кои ќе имаат единствена цел да се грижат за правилно пласирање на тие средства и нивно оплодување на правилен начин.

Се покажа дека таа наша посветеност во изминативе години беше силно препознаена и горди сме дека имаме привилегија да ги управуваме средствата на нашите инвеститори.

Дополнително, одлуката да се фокусираме на развојот на нашите кадри беше клучна. Имаме тим од 18 врвни професионалци во Македонија кои го управуваат работењето со нашите инвестициски продукти и компаниите во регионот и 128 инвестициски агенти кои се основа на нашиот успех.

Како едно од четирите друштва на овој доста регулиран сегмент од финансискиот сектор, целта ни е да понудиме целосен спектар на производи за нашите инвеститори. Ова е долгорочна стратегија што обезбедува на нашата компанија поголем wallet share од инвеститорите кои долги години ни даваат доверба. Потребата за влегување во овој сегмент дојде по природен пат бидејќи нашата цел е да бидеме специјализирана бутик групација за финасиски продукти. Идејата е да се понуди широк спектар на услуги, од инвестициони фондови, преку водење на индивидуални портфолија, брокерски услуги, пензиски фондови и осигурително брокерски услуги.

Што би издвоиле како најголема иновација што ја донесе вашата компанија?

Воведувањето на “Унит Линкт” животното осигурување во 2015 година во соработка со Винер Лајф АД Скопјe дел од Vienna Insurance Group (VIG) е нашата најголема иновација. Стратешката соработката со најголемата австриска осигурителна компанија Vienna Insurance Group (VIG), која оваа година славеше 200 години постоење и има под управување милијарди евра, е потврда за квалитетот на управувањето на нашите фондови.

Имено се работи за производ за животно осигурување каде што средствата во целост од штедната компонента на самиот производ се инвестираат во нашите фондови со цел остварување на подобар принос за осигурениците.

Порфолиото на осигурениците на Винер Лајф во Македонија од 01.10.15 до 31.10.24, за девет години, оствари просечен годишен принос од 10.09% во перод на околина на ултра ниски каматни стапки како и многу висока инфлација последните години, ние успеавме да ја зачуваме вредноста на капиталот на осигурениците кои ни ја дадоа довербата. Тоа беше прв производ од ваков тип во регионот и значајно го промени правецот на развојот на бизнисот со животно осигурување во Македонија. Имено денес тој производ е главниот двигател за раст на премијата во сегментот на животното осигурување. Со нашето ширење во регионот со нас како иновација доаѓаше и овој продукт на секој од поединечните пазари, како и стратешкото партнерство со Vienna Insurance Group (VIG).

ВФП Фонд Менаџмент се проширува на ЕУ пазарот што е редок случај за македонска компанија од финансиската индустрија да нуди услуги на еден од најконкурентните и најрегулираните пазари во светот?

Нашиот влез на ЕУ-пазарот под брендот BlueSmart Investments е значајна стратешка одлука за развој на нашата компанија. Нашиот прв фонд BlueSmart Premium Equity после добивањето на сите потребни лиценци и нотификацијата на австрискиот пазар и со нашата стратешка соработка со Vienna Insurance Group (VIG) и нивната ќерка компанија на австрискиот пазар Wiener Städtische сега е дел од нивната понуда на 105 фондови за нивниот “Унит Линкт” продукт за животно осигурување, заедно со фондови на гиганти како BlackRock, JPMorgan AM (EU), Franklin Templeton, Amundi, DWS, Fidelity, Erste, Raiffeisen. Тоа покажува дека можеме успешно да се натпреваруваме со најголемите играчи во светот. Сметаме дека со тоа што сме дел од понудата на компанија во која е симбол за стабилност и сигурност и е склучена секоја четврта полиса во Виена – Wiener Städtische е одлична основа и за директна продажба на нашиот фонд во Австрија како и на други пазари во Европската Унија.

Што значи влегувањето на ВФП Фонд Менаџмент во сегментот на пензиски фондови?

Како едно од четирите друштва на овој доста регулиран сегмент од финансискиот сектор, целта ни е да понудиме целосен спектар на производи за нашите инвеститори. Ова е долгорочна стратегија што обезбедува на нашата компанија поголем wallet share од инвеститорите кои долги години ни даваат доверба. Потребата за влегување во овој сегмент дојде по природен пат бидејќи нашата цел е да бидеме специјализирана бутик групација за финасиски продукти. Идејата е да се понуди широк спектар на услуги, од инвестициони фондови, преку водење на индивидуални портфолија, брокерски услуги, пензиски фондови и осигурително брокерски услуги.

Значајна инвестиција се и вашите нови деловни простории во центарот на Скопје, зошто се одлучивте на овој чекор?

Новите простории симболизираат долгорочна посветеност и стабилност. Тоа е јасен сигнал дека планираме да бидеме присутни во Македонија долгорочно односно засекогаш. Дополнително сакаме да обезбедиме простор во кој и нашите вработени и нашите инвестотори ќе се чувствуваат комотно во секој можен аспект.

Целата групација е сместена во деловната зграда и горди сме што истата е полна со голем број на млади луѓе врвни професионалци кои заедно ја гледаат иднината во Македонија на долг рок. Таа наша инвестиција е и порака до нив, дека компанијата е тука како позади инвестоторите така и позади вработените на кои долгорочно сака да им овозможи квалитетни услови за работа и иден напредок.

Споменавте дека пред пет години воведовте и услуга за Wealth Management во Македонија. Како изгледа тој сегмент денес?

Денес управуваме со над 56 милиони евра од стотина фамилии и компании во Македонија според светски стандарди за индивидуални портфолија. Нашите портфолија редовно ги надминуваат бенчмарк индексите, обезбедувајќи одлични резултати во однос на профилот на инвеститорот.

Индивидуалните портфолија се премиум услуга и претставуваат персонализирани портфолија со инвестициска стратегија базирана на потребите и преференциите на инвеститорот. Согласно профилот на инвеститорот се одбираат компании со силни фундаменти и финансиски показатели, кои задоволуваат многубројни филтери и параметри, за кои има цврсти основи за верување дека и во иднина ќе продолжат да испорачуваат солидни резултати и соодветен поврат на капитал за инвеститорите. Овој сегмент искрено верувам дека има силен потенцијал и во иднина.

Денес во Скопје македонските фамилии и компании кои имаат акумулирано позначајни средства, а сакаат да ги оплодуваат на светските пазари на капитал, не мора да ги носат во Цирих или Виена за да добијат светски квалитет на управувањето со средствата. Нашите порфолио менаџери и риск менаџери ги поседуваат најпрепознаените лиценци во светот за квалитет на управување на средства и ризици што е доказ за нашиот професионален пристап.

Како успеавте да ги надминете бенчмарк индексите со вашите фондови?

Со стратешки пристап и внимателно управување, нашите фондови ги победија соодветните бенчмарк индекси. Бенчмарк всушност е референтна точка што се користи како репер за оценување на перформансите на еден инвестициски фонд.

На пример, како споредба за перформансите на фондот ВФП Премиум Акции го земаме за Бенчмарк индексот составен од 70% од Stoxx Europe 50% и 30% Dow Jones Industrial Average.

     WVP Premium Equity Benchmark ***
1M 3.19% 3.37%
3M 0.90% 0.19%
6M 3.39% 2.84%
YTD 14.31% 11.20%
1 Year 17.76% 14.51%
3 Years 28.88% 26.87%
5 Years 47.33% 41.99%
Total Return since
inception 84.50%

*** Benchmark Calculation : 30% DOWJ/70% Stoxx Europe 50; Source of data: Refinitiv, Eikon. Returns as of 30.11.2024

Како ја гледате улогата на технологијата во идниот развој на ВФП Фонд Менаџмент?

Технологијата ќе игра клучна улога во автоматизација на процесите и подобрување на искуството за инвеститорите. Веќе инвестираме во најсовремени алатки за анализа и управување со портфолијата на инвеститорите.

Нашата определба е во 2025 година целосно да го дигитализираме искуството на нашите инвеститори преку алатки кои ги развиваме.

Кои се следните чекори за ВФП Фонд Менаџмент во наредните 10 години?

Нашата стратегија е да продолжиме со развојот на кадрите, проширување на ЕУ пазарот, зајакнување на нашите позиции дома, и во регионот, и воведување на нови производи. Целта е да останеме лидер во Македонија, но и успешен играч на меѓународните пазари.

Икрено веруваме во иднината на земјата и во нејзините граѓани. Сметаме дека Македонија има добри бизниси, и добри претриемачи, и веруваме дека политиките кои ќе се водат ќе доведат до тоа овие луѓе да може да генерираат капитал од кој ќе имаме бенефит сите ние заедно како население и како еконимија.


Би сакал да ви се заблагодарам за ова интервју, и да го искористам овој простор да кажам дека токму во Капитал магазин пред 22 години (знам дека сте формирани пред 25 години во 1999) прв пат читав статија за фондовската индустрија. Овој наш македонски неделник има улога во успехот на ВФП Групацијата на македонскиот пазар, и се надевам дека ќе остане инспирација и за идни генерации прептриемачи.





Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *