КАКО ДА РАСТЕМЕ СО 5% ГОДИШНО? – Kapital.mk


Бизнис заедницата во Македонија, од сите стопански комори, се обедини како ретко кога и гласно побара промена на досегашниот економски модел на функционирање во економијата. Побара израмнување на третманот на домашните и странските инвестиции и уште многу конкретни мерки. Падот на производството, мал извоз и перманентно зголемување на трговскиот дефицит, ниско ниво на инвестиции, раст на задолженоста … Ова се само некои од поразителните показатели кои укажуваат дека Македонија се соочува со тешки структурни економски проблеми и дека се потребни длабоки промени во досегашните економски политики, кои очигледно не даваат резултати. И дека косметиката ништо не решава …

Сe е исто во македонската економија и сe ќе биде исто и во наредните години ако не се промени структурата на креирање на Буџетот и на БДП (бруто-домашниот производ). Буџетот за 2025 година е тежок 6,5 милијарди евра, и е неколку краткно дуплиран во последните две децении. Се јасно зошто е дуплиран … Но не е јасно како и на основа на кој потенцијал на приходната страна!? Што е тоа тоа што драматично се менува во приходите освен пто се продлабочува буџетскиот дефицит кој во овој Буџет за 2024 е 4%. Второ, како расте напиот БДП (Бруто домашен производ)? На која логика …? И зошто сепак расте многу споро, со осцилации нагоре, надолу, но упросечено за цел период на независноста во просек растел меѓу 1% и 2% или нешто над 2%, со исклучок на неколку подобри години … над 3% па и 4%.

Главното прашање кое треба да биде и цел на оваа анализа е како да расте повеке. Минимум 5% до 6% за да се почуствува посилен економски исчекор ….

Агилната и динамична македонска министерка за финансии Димитриеска-Кочоска за следната и следните години најавува повисоки стапки на раст од проектираните, понизок јавен долг и висока реализација на капитални инвестиции.

Најави и висока реализација на капиталните инвестиции, поткрепувајќи го со активностите што се реализираат на терен сега, како и активности кај проекти коишто претходно имале слаба реализација. Анализите и бројките од терен покажуваат дека тоа е така …

Логично е да се очекува дека 2024 година ќе заврши со повисока стапка на раст од проектираната, нешто над 3% (иако и таа емала), јавниот долг да биде понизок, реализацијата на капиталните инвестиции во следната година да биде висока, а да се реализираат и планираните приходи во буџетот, вели таа на МРТВ на тема „Буџет 2025“ заедно со премиерот Христијан Мицкоски и бизнис заедницата.

„Ќе бидеме со многу повисока стапка на економски раст и ќе имаме и понизок јавен долг, кој на крајот на оваа година ќе биде под 62,7%, а на крајот на следната година 62,1%. Имајќи ги предвид корекциите во нагорна линија на БДП за 2024 и 2025 година тоа значи дека јавниот долг ќе биде понизок и од 62,1%. Со тоа покажавме дека работиме и дека кога сме посветени се консолидираме многу побрзо“, рече министерката.

Уверува дека нема да има промена на даночни стапки и тоа не е предвидено ниту во Буџетот за 2025, ниту во Фискалната стратегија.

„Фокусот ќе ни биде на сивата економија и оттаму нема страв од аспект на наплата на приходите. Просторот во сивата економија е огромен којшто според некои неофицијални податоци е околу 40%, а имаме можности во законите да ги наплатиме. Пред неколку дена е објавен тендерот за е-фактура од што се очекува посериозна наплата на ДДВ и поголема координација и комуникација помеѓу институциите – УЈП, Царинска управа, Финансиска полиција токму во насока да ги детектираме слабостите на системот и да ги елиминираме сите оние дејствувања на компаниите во сивата зона“, рече министерката.

Да видиме што ќе се случи!

Ќе бидеме со многу повисока стапка на економски раст и ќе имаме и понизок јавен долг, кој на крајот на оваа година ќе биде под 62,7%, а на крајот на следната година 62,1%. Имајќи ги предвид корекциите во нагорна линија на БДП за 2024 и 2025 година тоа значи дека јавниот долг ќе биде понизок и од 62,1%. Со тоа покажавме дека работиме и дека кога сме посветени се консолидираме многу побрзо“
Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии

Еве овде останува запишано што кажа министерката за финансии, како што на страниците на Капитал во последните 25 години откако постои овој бизнис магазин многу основачи, директори, професори, министри и премиери зборуваа отприлика исто. Со таа напомена што директорите и инвеститорите секогаш изразуваа скепса дека нешто суштински ке се промени, и рециси редовно беа во право.

На пример, на ова место ке издвојам факти низ години кои покажуваат дека речиси ништо не се променило. Еве …

Речиси секоја година Капитал правел анкети со бизнисот за очекувањата за следната година. Така и оваа само што сега не сакаа да им се споменува името изразувајки резерва поради промената на власта и најавите за подетални истраги за тоа како се работело … Веројатно влегле во психолошки мод на страв …

Што велат анализите кои и не се променети со децении наназад!?

Доминацијата на металургијата и текстилната индустрија во извозот, со примеси на земјоделски производи, и нафта, е добра, но недоволна за економски раст. Целата економија живее на производството во пет компании од металуршкиот сектор, на вработувањето што го остваруваат неколку десетици текстилни фабрики и на социјалниот мир што се купува преку стотиците милиони евра одвоени како субвенции за земјоделците. Добро, за волја на вистината во последните години факт е и зголемениот раст на странски инвестиции, мрдна малку повеке во некои сектори на производство на храна, ИКТ индустријата, како и малку мрдна туризмот!?

Во другите сектори повеке децении нема прогрес ни промена. Државата останува најголем работодавач, потрошувач и увозник. Граѓаните не се откажаа од потрошувачките навики, поради кредитните картички. Сето тоа придонесува за ваквиот БДП да се одржува во живот, претежно заради зголемената домашна потрошувачка. Токму затоа БДП е мал и никако да мрдне повеке години по ред на повисоки стапки. Далеку е од потребни 5% и повеке во поголем број години по ред.

Извештаите на Европската унија за напредокот на Македонија во евроинтеграциите редовно посочуваат дека финансиското посредување и администрацијата имаат носечка улога во домашната економија, а дека производствените гранки замираат. Финансискиот сектор бележи раст годишно од 20%. Банките се полни се пари, а на теренот не се гледа евидентен раст. Македонските компании течко доаѓаат до евтини пари (кредити). Надеж се овие последни кредити што од Унгарија дојдоа, но да видиме како тоа ќе се реализира на терен.

БДП

Според податоците од Заводот за статистика, по сектори во сите последни години со најголем удел во БДП се преработувачката индустрија, енергетиката и рударството со вкупна вредност од близу 100 милијарди. Следуваат финансискиот и јавниот сектор.

Според експертите, оваа константа е резултат на ниското ниво на инвестиции во нови производни капацитети, енергетика и инфраструктура.

Професор на Економскиот факултет во Скопје кој побара да остане анониме вели дека секторите кои ја носеа економијата годинава ќе бидат главни и следните години. “Немаше ниту една поголема домашна инвестиција во производство, која би можела да ја промени структурата. Металургијата, текстилната индустрија, земјоделството и, во еден мал дел, нафтениот сектор и понатаму ќе останат столб на македонската економија”, објаснува тој.

“Ако сега почне некоја поголема инвестиција, додека инвеститорот го направи проектот, ги добие сите дозволи, изгради фабрика и ги стави во погон машините ќе поминат неколку години. За нејзиното производство да има ефект врз економијата и сериозно да влијае врз структурата на производството, потребни се повеќе од пет години. Ова е децениски проблем поврзан и со многу корупција, смета тој, објаснувајки ги важните причини за застојот во домашните инвестиции и се прашува „како тогаш да зборуваме за капацитет на македонските компании да ги процесираат кредитите од Унгарија. Тие ке останат заглавени во банките ако се има во предвид дека се бараат новите кредити да бидат врзани со нови конкретни проекти.

За раст на економијата потребни се поголеми инвестиции на државата во инфраструктурата и во енергетиката, сметаат експертите.

“Ако нема доволно електрична енергија, не може да работат производствените капацитети и инвеститорите нема да вложуваат. Ако е скапа увезената струја, исто така ќе влијае врз нивните трошоци и нема да им биде исплатлива инвестицијата”.

Не сум оптимист дека во наредните 15 години ќе се промени сликата на главните столбови на македонската економија. По кризната 2009 година, кога БДП беше во минус, и растот од околу 1% денес, и со ваков менталитет на владеење БДП следната година ќе зависи од тоа дали ќе има повеќе инвестиции и извоз, но и од надворешните фактори, односно колку ќе расте глобалната економија од која зависи извозот. Многу држави се во криза, а кај тешко оди на многу полиња.

Како расте БДП и што да се прави?

Растот на БДП во последниот квартал најмногу се должи на потрошувачката на граѓаните и на државата, која во последниот квартал достигна повеке милијарди денари. Брутоинвестициите учествуваа на високо ниво. Увозот е сеуште поголем од извозот, што значи дека ефектот од извозот врз БДП е нула. Ова значи дека македонскиот БДП се потпира на потрошувачката, а не на индустријата и извозот. Гледано по сектори, во третиот квартал најголем раст е забележан кај градежништвото. Раст има и кај финансискиот сектор.

Металурзите, кои се носачи на македонската екомомија, сметаат дека не може да се очекува поголем раст додека не се смени основата на економската политика. За економски да и тргне на државата потребни се фундаментални промени на економската политика, која веќе 20 години не дава резултати. Челниците на најголемите металуршки компании сметаат дека се водат погрешни економски политики и дека се потребни поголеми инвестиции во инфраструктурата.

Државата не менува ништо во интерес на б и з н и со т и нема инвестиции во инфраструктурата, ниту во образованието, што е од особена важност за конкурентноста на компаниите и на економијата.

И тие мерки што се носат немаат никакво директно влијание врз металската дејност, како голем извозник, а сите досегашни предлози до Владата, упатени преку сите стопански комори, не се прифатени. Тие се однесуваа на намалувањето на цената на гасот, која е многу долари повисока од онаа што се плаќа во соседството, на ценатана струјата, на транспортните трошоци, на ДДВ како и на поголема финансиска поддршка од банките” велат бизнисмените.

Други, пак, сметаат дека во отсуство на потребните реформи во државната администрација и бизнис-климата, немањето инвестиции во реалниот сектор, ненаменското трошење на парите од Буџетот не водат кон раст и развој на земјата.

“Веќе 30 и повеќе години од осамостојувањето на економски план потфрламе и стоиме во место. Основните претпоставки за развој на Македонија во идниот период треба да се движат во насока на создавање услови за привлекување повеќе инвестиции и зголемување на конкурентноста на нашата економија, со цел да оствариме повисоки стапки на раст. Свесни сме дека сето тоа не се постигнува преку ноќ. Намалување на трошоците и подобрување на конкурентноста важна улога игра и енергетската инфраструктура, односно интерконекциите за електрична енергија со земјите од регионот и гасификацијата како алтернативен извор на енергија, објаснува еден од најголемите домашни инвеститори.

Потребни се инвестициите и подобрувањето на деловната клима. Економските активности, создавање работни места, поголема конкуренција, поевтини и поквалитетни домашни производи и услуги за извоз. Инвестициите во Македонија последните години се зголемени на повеке 30% од БДП, споредено со децениските 20%. Но, за да постигнеме повисоки стапки на раст, инвестициите треба да надминат многу повеке од БДП.

Понатаму, извозот претставува еден прозорец кој може да го влече економскиот раст, да генерира нови инвестиции и работни места. Извозот е значаен дел од нашата економија. Македонија извезува околу половина од својот БДП, а 90% се реализира во земјите од ЕУ и Западен Балкан. Потребни се потамошни строго фокусирани мерки за поддршка на извозот, според која ќе се дизајнира работата на Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот.

7-И

Евроинтеграциските процеси е единствена одржлива опција македонската економија и општество воопшто. На Македонија, ќе и требаат 80 години за да ја достигнат развиеноста на земјите од ЕУ доколку регионот расте со темпо од 4%-5%, а Европа со 2,5%. Наша долгорочна цел треба да биде постигнување повисоки стапки на раст. За тоа треба да создадеме солидна основа, која може да ја моделираме како “7-И развој” – интеграции, институции, инфраструктура, инвестиции, извоз, иновации и инклузивност.

1. Интеграциите во ЕУ (Во НАТО влеговме што е одлично) се клучни за стабилноста и економската перспектива на земјата. Во услови на глобализација, за мала и отворена економија (како Македонија, каде надворешната трговија е над 100% од БДП) интеграцијата е императив за проширување на пазарите и зголемување на инвестициите кои ќе придонесат за нови работни места и подобар животен стандард.

Второ. Институциите е важно да имаат кредибилитет за да стекнат доверба кај инвеститорите. Важно е, пред се, функционирањето на правниот систем и ефикасното судство. Важно е создавање предвидлива и транспарентна законска рамка без чести измени на законите. Професионална и ефикасна администрација останува предизвикот што треба се реши во интерес на граѓаните и на бизнис-заедницата.

Трето. Инфраструктурата игра важна улога за подобрување на деловната клима и конкурентноста на економијата. За Македонија од стратешка важност е развојот на коридорите 8 и 10, во транспортната и енергетската инфраструктура. Изградбата на автопатиштата низ овие коридори ќе создаде поповолни услови за забрзување на трговската и економската соработка со други земји. Добро е што се забрза работата на автопатиштата и што Бехте и Енка даваат силна динамика на тој процес.

Слични ефекти се очекуваат и од развојот и модернизацијата на железничкиот сообраќај. Инвестициите во иновации и истражувања и воведувањето нови технологии значат подобрување на конкурентноста. Воведувањето стандарди и сертификати за квалитет, со цел препознавање на нашите производи во развиените пазарни економии, и инвестициите во нови лаборатории за истражувања и верификација на квалитетот, придонесуваат за подобрување на конкурентноста. Поддршката на претприемништвото и инвестициите во образованието и науката ќе помогнат за подобрување на конкурентноста.

Седум. Инклузивноста е значајна за да успееме сите да го почувствуваме економскиот  раст и социјалните разлики да бидат помали. Значи, ни останува многу работа. Ова е маратон што треба брзо да се истрча.


Во следната 2025 година останува предизвикот да се дебатира за новите мерки и политики со цел да се донесат најдобрите мерки кои ќе можат најбрзо да ги зголемат извозот и инвестициите, да отворат нови работни места и да го забрзаат економскиот раст. Системско поттикнување на инвестициите и стимулации за сите инвеститори на цела територија на Македонија поддршка на домашната побарувачка и извоз (преку субвенционирани потрошувачки кредити за купување од домашни фирми и финансиска поддршка на изградба на продажни капацитети во странство).

Окрупнување на земјоделските поседи и зголемување на конкурентноста преку субвенционирање на здружено и поголемо производство инвестирање во изградба на нова и реновирање на постојната патна и железничка инфраструктурата преку задолжување во странство или давање под концесии.

Реформа на Буџетот и зголемување на делот од Буџетот за јавни и капитални инвестиции (нивна целосна реализација а не потоа кратење преку ребаланси), како и целосно реализирање на планираните инвестиции укинување на царината за увоз на опрема и суровини и репроматеријали кои не се произведуваат во Македонија компензирање на обврските за плаќање на ДДВ со царинските давачки, намалување на придонесите за задолжително социјално осигурување, правна регулатива, со цел да се зголеми финансиската дисциплина можност за порамнување на побарувањата со долговите во сите односи меѓу компаниите и државата по сите основи, со цел да се реши проблемот на неликвидноста воведување на државни гаранции за проекти и инвестиции кои се клучни за зголемување на извозот.





Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *