ГОРАН ГЕРАСИМОВСКИ: ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЦЕНТАР
Првиот фотоволтаичен систем го поставивме на покривот на градинката „Корчагин“. Само една споредба, и ќе ви стане јасно за што зборувам. Во таа градинка претходно имавме сметки од околу 50.000 денари на месечно ниво, сега тој трошок е намален за дури 50 проценти.
Планот е да поставиме фотонапонски централи во сите осум основни училишта во Центар. Врз кровната конструкција во ООУ „Киро Глигоров“ веќе поставивме 720 панели со максимална инсталирана моќност од 396,00 KWP за производство на електрична енергија. Според планираната динамика, следни се ООУ „11 Октомври” и ООУ „Кочо Рацин“.
Умерен и ненаметлив, а сепак го има насекаде низ општината Центар. И кога не можете да го видите, гледате по нешто ново што се случува. Дали уреден парк, поставена инсталација, „смарт сити„ кое функционира (замислете) и модерни статуи и уметнички инсталации, уредено училиште или градинка … Модерен дух на централното подрачје на градот … Културни и забавни манифестации како заштитен белег на Општина Центар. Градскиот парк живее речиси секој викенд, забави и концерти, и други културни настани. Како што и треба да го личи централниот дел на Скопје. Се на се една успешна четиригодишна приказна одработена чесно и без многу наметнување … И кога не го гледате тој сепак е тука некаде околу …
Горан Герасимовски, градоначалникот на Центар е вистински пример за градоначалник на модерното време. Ги обединува граѓаните, културните и естрадните уметници, без разлика на нивната политичка и верска припадност. Човек креативец, со дух и визија за Центар и за Скопје … Така го доживуваат Скопјани … Во неговите повеке од три години од мандатот тој во оваа најразвиена македонска општина промовира западно европски менталитет на живеење … Улиците заличуваат … Се лути на загаденоста, на вандализмот кај младите луѓе, промовира здрав живот и помалку користење на автомобил, пример за тоа како треба да функционира еден модерен град. Често и надвор од своите ингеренции помага за чистење на пошироките делови од градот давајки широка подршка на секоја племените иницијатива …
Доволно да поразговараме во Капитал за неговите постигнувања и идни планови …
„Би сакал мандатот да го заокружам со реконструкција на спортската сала „Работнички“ во градскиот парк. И салата и клубот се белег на градот и македонија. Мал но многу важен и емотивен дел во она што значи колективно сеќавање на секој македонски граѓанин. Уверен сум дека ќе успеам во тоа. Од големите проекти кои се во почетна фаза ќе ја издвојам секако новата општинска зграда, за која распишавме конкурс за идејно решение, но и хортикултурното и партерно уредување во населба Капиштец, проект за кој од претходната влада добивме буџетска поддршка од 25 милиони денари.
Во моментов целосно сум фокусиран на реализација на планираните проекти.
За плановите за кадидирање на идните локални избори за уште мандат? Хм … интересно …
Прво да го завршиме она што го ветивме, да ја заокружиме успешно нашата приказна, а граѓаните нека оценат и одлучат. Сакам да слушнам што мислат тие, преку лични контакти на терен, на буџетските форуми, и секако преку истражувањата и анкетите што ги спроведуваме. Ако граѓаните се задоволни од ветеното и сработеното, сигурно ќе барам поддршка за втор мандат. Но, јас сакам да се заблагодарам на сите граѓани за довербата која ми ја дадоа. И наредната 2025 година продолжуваме да работиме за уште поголеми успеси и подобра и пофунционална општина.
Тоа барем се гледа. Нашата работа е чесна, племенита и видлива …
Во финална фаза е изградбата на новата градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца. Ова е прва градинка која се гради во Општина Центар по цели 50 години, целосно е финансирана од општинскиот буџет и е една од најголемите во државата.
Проектот „Смарт сити“ одлично напредува, во тек е последната фаза од поставување на паметното улично осветлување, со кое ќе добиеме заштеда од дури 70 проценти на потрошувачката на електрична енергија за јавно осветлување.
Наскоро почнува четвртата година во вашиот мандат, со кои проекти за Центар можете да се пофалите? Што би издвоиле како најуспешно?
За овие три години покажавме дека ако се работи домаќински, посветено и транспарентно, може да се постигне многу. Реализиравме капитални проекти од програмата кои со децении беа тргани настрана.
Во делот на образовната инфраструктура, по цели 66 години за првпат ги проширивме капацитетите на ООУ „Коле Неделковски“, со доградба на 4 училници, два кабинети, библиотека, лифт, тоалет и пристапна рампа за ученици со попреченост. Реконструиравме и реновираме фискултурни сали, трпезарии, санитарни јазли во речиси сите училишта во општината.
Во финална фаза е изградбата на новата градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца. Ова е прва градинка која се гради во Општина Центар по цели 50 години, целосно е финансирана од општинскиот буџет и е една од најголемите во државата.
Проектот „Смарт сити“ одлично напредува, во тек е последната фаза од поставување на паметното улично осветлување, со кое ќе добиеме заштеда од дури 70 проценти на потрошувачката на електрична енергија за јавно осветлување.
Постојано вложуваме и во заштита на животната средина, се развивме во највело општина во Скопје, но инвестираме и во низа социјални проекти за повозрасните лица, но и за најмладите и за ранливите категории. И се разбира, развивме настани од културата по кои Центар е препознатлив и на државно ниво.
Познато е дека први формиравте претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Каква е состојбата со „Енергија Центар“?
Пионери сме во тој процес. Првиот фотоволтаичен систем го поставивме на покривот на градинката „Корчагин“. Само една споредба, и ќе ви стане јасно за што зборувам. Во таа градинка претходно имавме сметки од околу 50.000 денари на месечно ниво, сега тој трошок е намален за дури 50 проценти.
Планот е да поставиме фотонапонски централи во сите осум основни училишта во Центар. Врз кровната конструкција во ООУ „Киро Глигоров“ веќе поставивме 720 панели со максимална инсталирана моќност од 396,00 KWP за производство на електрична енергија. Според планираната динамика, следни се ООУ „11 Октомври” и ООУ „Кочо Рацин“.
Има тука уште многу работа и многу борба, но вреди, не само поради нас туку и поради идните генерации.
Кој значаен проект граѓаните можат да го очекуваат до крајот на вашиот мандат?
Би сакал мандатот да го заокружам со реконструкција на спортската сала „Работнички“. Уверен сум дека ќе успеам во тоа. Од големите проекти кои се во почетна фаза ќе ја издвојам секако новата општинска зграда, за која распишавме конкурс за идејно решение, но и хортикултурното и партерно уредување во населба Капиштец, проект за кој од претходната влада добивме буџетска поддршка од 25 милиони денари.

Во изминатиов период имаме безброј примери на уништување детски игралишта, урбана опрема и дивеење на младите хулигани на јавниот имот. За жал, граѓаните често се беспомошни и се заложници на ваквото малолетничко однесување
Убеден сум дека за справување со овој проблем е потребен системски пристап. Во процес сме на подготовка на предлог законски измени кои ќе овозможат воведување на општествено корисна работа како мерка не само за децата кои учествуваат во ваквите инциденти, туку и за нивните родители. Нашата идеја веќе наиде на одличен прием меѓу граѓаните, и сметам дека треба да се движиме во тој правец.
Службите на ПОЦ континуирано спроведуваат акции за чистење на депониите во централните делови на градот, но често се има впечаток дека можеби може да се направи повеќе. Како се справувате со проблемот на надлежностите?
Депонијата кај Ист Гејт Мол навистина не беше во наша надлежност, но поради здравјето на граѓаните и спречувањето на ширењето на зарази и опасни ситуации, моравме да интервенираме. Понекогаш треба да делуваме и надвор од нашите ингеренции, бидејќи сигурноста и здравјето на граѓаните не познаваат граници на надлежности.
Исто така, деновиве повторно чистевме околу Кале, локација каде што постојано се собира отпад и смет. Во строгите централни делови, имаме и запуштени куќи кои се претвораат во сметишта, а најнови примери се локациите во Буњаковец и Маџир Маало каде што се собираат и бездомници. Сето тоа претставува ризик за околината. Затоа, нашите служби се постојано во акција и отворени сме за пријави од граѓаните. И повторно ќе апелирам и преку вашиот медиум: бидете совесни кон својата околина! Да се грижиме за чистата и здравата животна средина, да покажеме дека имаме домашно воспитување и одговорност.
Како планирате да се справите со зачестените случаи на вандализам и инциденти во Капиштец, во кои се вклучени малолетни лица? Што конкретно презема општината за превенција и подобрување на безбедноста на јавниoт простор?

Право на користење еднократната финансиска поддршка, во износ од 2.500,00 денари имаат граѓаните кои се корисници на старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари.
Сериозно сум загрижен поради зачестените случаи на вандализам. Овие инциденти воопшто не се безопасни и во нив најчесто учествуваат млади луѓе. Покрај материјалната штета, најчесто постои и ризик некој да биде повреден, што би било вистинска трагедија.
Во изминатиов период имаме безброј примери на уништување детски игралишта, урбана опрема и дивеење на младите хулигани на јавниот имот. За жал, граѓаните често се беспомошни и се заложници на ваквото малолетничко однесување
Убеден сум дека за справување со овој проблем е потребен системски пристап. Во процес сме на подготовка на предлог законски измени кои ќе овозможат воведување на општествено корисна работа како мерка не само за децата кои учествуваат во ваквите инциденти, туку и за нивните родители. Нашата идеја веќе наиде на одличен прием меѓу граѓаните, и сметам дека треба да се движиме во тој правец.
Да потсетам дека во соработка со Министерството за внатрешни работи, во текот на летото беше зголемено присуството на полицијата на терен, но тоа темпо мора да продолжи за да имаме видливи резултати. Најважно е сите засегнати страни да бидат координирани за да ги сузбиеме ваквите појави.
Дополнително, граѓаните од нас бараат поставување видео надзор на критичните точки во општината, а за тоа веќе имаме зелено светло од Советот. Актуелна е иницијативата и за воведување комунална полиција по примерот на градовите од регионот, која јас лично во целост ја подржувам.
Она што во моментов е наш фокус е да работиме на подигнување на свеста за последиците од вандализмот. Тоа го правиме преку едукативни програми, соработка со училиштата и редовна комуникација со граѓаните. Сепак, морам да нагласам дека без активна поддршка и вклученост на родителите, ова е невозможна мисија.
Само со заеднички ангажман на општината, институциите и родителите можеме да го надминеме овој проблем кој морам да кажам, не е индикативен само за нашата општина, туку и пошироко.
Први ја украсивте вашата Општина за Новата година, кои се плановите за прославата за новогодишна ноќ?
Оваа година празничната магија ја започнавме порано за да внесеме радост и топлина во секојдневието на нашите сограѓани. Први блеснавме во празничен дух, но вистинските изненадувања допрва доаѓаат.
За новогодишната ноќ подготвуваме прослава на отворено, со богата музичка програма и настапи на познати македонски уметници. Ќе има активности за сите возрасти, божиќни базари, делење подароци и се надевам дека ќе ги погодиме вкусовите на сите генерации.
Кога сме веќе кај новогодишната атмосфера, актуелен во моментов е и Јавниот повик за финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик токму сега пред претстојните празници. За каков повик се работи и колку е значаен за поддршката на пензионерите во Општина Центар?
Трета година по ред обезбедуваме ваква поддршка за повозрасните граѓани во нашата општина. Искрено верувам дека оваа помош е добредојдена, особено во пресрет на празниците. Се надевам дека овие средства ќе помогнат да се израдуваат внучињата, да се збогати трпезата и да се олеснат семејните трошоци.
Право на користење еднократната финансиска поддршка, во износ од 2.500,00 денари имаат граѓаните кои се корисници на старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија не повисока од 23.758,00 денари. Се разбира дека услов е и да се жители на Општина Центар-Скопје.
На пензионерите што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, ќе им се изготват решенија, а исплатата на средствата ќе се изврши директно на нивните трансакциски сметки, до крајот на тековната година.
Како човек кој го познава животот во Општина Центар-Скопје, што сметате дека е најзначајното што сте го направиле за подобрување на квалитетот на живот на пензионерите, и кои проекти или иницијативи планирате во иднина за оваа категорија граѓани?
Наша примарна цел е да помогнеме на нашите највозрасни жители и да им го олесниме животот во секој поглед. Особено сме горди на проектот „Нега на стари лица во домашни услови“. Наменет е за нашите сограѓани кои секојдневно, поради возраст, неподвижност или болест, се соочуваат со бројни предизвици во секојдневните активности.
Преку овој проект обезбедуваме нега, вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, негуватели и социјални работници три пати по два часа во неделата во нивните домови. Тие добиваат асистенција во домот или за купување продукти, посета на матични лекари и набавување лекови, социјализација и сè друго што треба за да се помогне. Проектот „Нега за стари лица во домашни услови“ опфаќа 90 корисници и сите кои имаат потреба од проектот можат да аплицираат до 15-ти, секој месец.
Дополнително, на пензионерите им обезбедивме бесплатни стоматолошки услуги, но и нови простории за пензионерскиот клуб „Невена Георгиева Дуња“ близу Заводот за рехабилитација во Капиштец. Отворени се и нови пензионерски клубови во трговскиот центар „Беверли Хилс“, во населба Крњево, и уште еден клуб за пензионери близу Универзална сала.
Какви се вашите планови, ќе се кандидирате ли за нов мандат?
Во моментов целосно сум фокусиран на реализација на планираните проекти.
Прво да го завршиме она што го ветивме, да ја заокружиме успешно нашата приказна, а граѓаните нека оценат и одлучат. Сакам да слушнам што мислат тие, преку лични контакти на терен, на буџетските форуми, и секако преку истражувањата и анкетите што ги спроведуваме. Ако граѓаните се задоволни од ветеното и сработеното, сигурно ќе барам поддршка за втор мандат.
На крајот, сакам да се заблагодарам на сите граѓани за довербата која ми ја дадоа. И наредната година продолжуваме да работиме за уште поголеми успеси и подобра и пофунционална општина.
Преземено од: Kapital.mk