Промотивната понуда е наменета за сите тековни и нови приматели на плата во ПроКредит Банка. Процесот за аплицирање е брз и едноставен, без разлика дали клиентите ќе аплицираат онлајн на веб страницата или ќе ја посетат најблиската услужна единица на ПроКредит Банка. Понудата е со ограничено времетраење.„Сите врати се отворени“, е слоганот на овој пакет. Тој е дел од кампањата што симболизира нови можности, поедноставен процес на одобрување кој заштедува време и овозможува значителна заштеда во административни трошоци.
- Потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,9% – фиксна месечна рата која ќе ви помогне во сигурно планирањето на вашиот домашен буџет.
- Без осигурителна полиса – намалени вкупни трошоци за исплата на кредит.
- Без гаранти – поедноставен процес на одобрување.
- Без нотарски заверки за одредени пакети – дополнителна заштеда и пократок административен процес.
„За нас “Сите врати се отворени” значи дека сме банка која е достапна секогаш и секаде и која нуди комплетни, едноставни и лесно достапни финансиски решенија за граѓаните. Преку нашите модерни дигитални услуги, 24/7 зоните и проширената мрежа на експозитури на клучни локации, овозможуваме брзо, флексибилно и едноставно банкарско искуство. Широкото портфолио на производи, како и траспарентните и фер цени на услугите, гарантираат вистинска вредност за нашите клиенти.“ вели Љубин Наумовски, Директор на сектор за физички лица од ПроКредит Банка.
Промотивната понуда е наменета за сите тековни и нови приматели на плата во ПроКредит Банка. Процесот за аплицирање е брз и едноставен, без разлика дали клиентите ќе аплицираат онлајн на веб страницата или ќе ја посетат најблиската услужна единица на ПроКредит Банка. Понудата е со ограничено времетраење.
Прочитајте повеќе тука.
Преземено од: Kapital.mk