Петрески: 5% раст е можен ако работиме на фундаментите на растот на долг рок, и се обединиме во тој процес со импулс, цел и насока!


Разговарал: Љупчо Зиков

Реалниот ефективен курс зависи не само од ценовната динамика туку и од продуктивноста, структурната промена на трговските партнери, фактори како платниот биланс, приливите на девизи и конкурентноста на економијата. Инфлацијата е само еден дел од равенката — и тоа на краток рок.

Затоа, оваа теза бара поцврста и подлабока анализа, не само една споредба на два процента. Во академската и централнобанкарската практика, за да се заклучи дека курсот е преценет, покрај основната пресметка на реалниот ефективен курс, најчесто се користат посложени модели како фундаменталниот и бихевиоралниот рамнотежен девизен курс, кои вклучуваат многу фундаментални променливи. Сè друго е само индикација, не и дефинитивен заклучок.

Емпиријата генерирана со овие модели говори дека нашата економија нема значајна непорамнетост кај реалниот курс. Оттука, нема ни каква било основа за загриженост.

Дури и такво нешто да постои,  одговорот треба да се бара во структурни реформи за зголемување на продуктивноста, поттикнување извоз и подобрување на деловното окружување.

Особено структурните реформи кои ќе ја поттурнат продуктивноста, и ќе го инхибираат маѓепсаниот круг на барања за повисоки плати без паралелно создавање поголема вредност во економијата треба да бидат наш фокус.

Всушност, на оваа точка треба да изградиме нов општествен договор – повисоки плати може да произлезат само со повеќе работа и создавање вредност, а политичките партии да играат улога на катализатор во тој процес на општествено договарање.

Капитал: Околу темите од монетарнаста сфера и политика … Инфлацијата забавува, но сепак останува висока! Кога ќе може да видиме нејзино позначајно смирување?

Петрески: Во една моја мала анализа од пред неколку месеци, објаснив дека тогашните притисоци врз цените, посебно во делот на храната, се водени од два извора: првиот извор на кој му дадов тежина од 2/3 беа одредени непазарни потези на клучни играчи, особено во трговијата на мало.

Потоа, навистина видовме дека и Комисијата за заштита на конкуренцијата спроведе акција во која документираше вакви таканаречени практики на картелско здружување, односно практики кои ја рушат конкуренцијата на пазарите.

Вториот извор со тежина од 1/3 беше високиот раст на доходот. Знам дека перцепцијата на граѓаните е поинаква, меѓутоа податоците го кажуваат тоа дека доходот растел повеќе од растот на цените во последните години. Реалната плата се намалуваше само во тек на неколку месеци од 2022, а во цел останат период, нејзиниот реален раст беше и се’ уште е значајно позитивен.

Растеа и други компоненти на доходот … да не ги спомнуваме тука за да не сме досадни – пензиите. Тие во рок од 6 месеца се зголемија од 5.000 денари поединечно месечно, од кои околу 60% се над растот на цените, значи тоа е еден голем реален раст. Овој раст ја зајакна куповната моќ, па побарувачката не се намали, туку се зголеми или остана перзистентна, па следствено на тоа остана и притисокот кај цените.

Активноста на КЗК, напорите на владата особено во делот на намерата за зајакната транспарентност и споредливост на цените во малопродажбата, потоа овозможувањето административно олеснет пристап за нови играчи на пазарот, на среден рок треба да го зголеми притисокот на трговците за попрудентно и попазарно однесување во однос на поставување на цените.

За мерките за ограничување на цените и маржите, објавивме анализа во која покажавме позитивни ефекти, меѓутоа на исклучително краток рок, односно само во првиот месец од примената.

Оттука, користењето такви мерки мора да се напушти, бидејќи може неповолно да се одрази врз инфлациските очекувања! Ако не сакаме да гледаме ефект цените да се враќаат по старо откако мерката завршува. Значи, сега пондерот на побарувачката во објаснувањето на упорноста на инфлацијата, посебно во сегментите кои не се храна и енергија, е веројатно зголемен, и тоа објаснува зошто и централната банка забави во олабавувањето на монетарната политика.

Клучно е да ги спомнеме и геополитичките случувања, кои претставуваат ризик од повторен глобален притисок врз цените, веројатно на најкраток рок канализирани преку цената на нафтата. Меѓутоа доколку блискоисточниот конфликт се интензивира, тогаш ќе има притисок врз цените на поширока палета од енергетски и прехранбени производи.

Сега, веројатноста да посведочиме реприза на епизодата со глобалните цени од 2022 е зголемена, и покрај тоа што моментално на домашната сцена сме во процес на дезинфлација.

Моето очекување беше дека ќе настане посилна фискална консолидација, не на буџетскиот дефицит, туку во форма на рационализација на структурата на трошењата.

На пример, емпириски покажавме дека некои програми од Законот за финансиска поддршка на инвестициите (значи тоа е еден тип државна помош на фирми), не даваат резултати, и тоа бара одреден ремонт.

Слично е и кај други програми за државна помош, да не го спомнувам тука земјоделието кое има најголем удел во државната помош. Потоа, ако не се лажам, постоеше и изборно ветување дека значајно ќе се скрати ставката стоки и услуги! Велам, еве нека не се крати, но општеството заслужува подетално да се обелодени, и да се дискутира за таа ставка, која крие многу сиви зони, од типот на таканаречени вработувања во јавниот сектор на таканаречен договор на дело. Потоа, трет пример се капиталните инвестиции. Потегот на владата да се фокусира на инвестициите како мотор на растот е секако добредојден, и тоа е она што и треба на оваа економија. Меѓутоа, кај капиталните инвестиции повторно го имаме истиот проблем, односно се проектираат високо, а капацитетот за нивна изведба останува ограничен и завршуваме со значајна подреализација. Фокусот мора да го вртиме кон рационализација на расходната страна, и тука мислам дека Владата треба повеќе да се отвори и за различни мислења и за експертска помош.

Капитал: Дали тоа значи дека монетарната политика нема да се олабавува во догледно време?

Петрески: Монетарната политика започна процес на нормализација, откако каматната стапка достигна своевиден максимум во последната деценија и повеќе, од 6,3%.

Дезинфлацијата, стабилниот девизен пазар и, генерално, закрепнувањето на економската активност, овозможија простор за намалување на основната каматна стапка. Меѓутоа, споредено со случувањата во еврозоната, инфлацијата дома останува упорна, како што објаснив и погоре. А и инфлациските очекувања не се доволно смирени … Ова налага и патеката на делување на домашната монетарна политика сега да се разликува од таа на ЕЦБ. Моето лично очекување е дека централната банка ќе остане на патеката на нормализација, меѓутоа темпото ќе биде во голема мера одредено од упорноста на инфлацијата во следните неколку месеци, како и варијацијата на глобалниот ризик до крајот на годината.

Капитал: Уште едно важно прашање пред да преминеме на фискалните теми, е реалниот девизен курс, за што неодамна и се отвори дебата.

Петрески: Ова е сензитивно прашање. Фиксниот курс на денарот е номинално сидро на оваа економија, котва на макроекономската стабилност. И тоа така и ќе остане. Во тој поглед граѓаните и компаниите треба да бидат спокојни.

Вашето прашање е повеќе во контекстот на реалниот ефективен девизен курс, односно вредноста на валутата кога ќе се земат предвид движењата на цените дома наспроти тие на трговските партнери. Не може да се утврди преценетост или потценетост на валутата само врз основа на повисока инфлација дома во однос на еврозоната, или да речеме тоа би било поедноставување на една многу посложена економска појава.

Реалниот ефективен курс зависи не само од ценовната динамика туку и од продуктивноста, структурната промена на трговските партнери, фактори како платниот биланс, приливите на девизи и конкурентноста на економијата. Инфлацијата е само еден дел од равенката — и тоа на краток рок.

Затоа, оваа теза бара поцврста и подлабока анализа, не само една споредба на два процента. Во академската и централнобанкарската практика, за да се заклучи дека курсот е преценет, покрај основната пресметка на реалниот ефективен курс, најчесто се користат посложени модели како фундаменталниот и бихевиоралниот рамнотежен девизен курс, кои вклучуваат многу фундаментални променливи. Сè друго е само индикација, не и дефинитивен заклучок.

Емпиријата генерирана со овие модели говори дека нашата економија нема значајна непорамнетост кај реалниот курс. Оттука, нема ни каква било основа за загриженост.

Дури и такво нешто да постои,  одговорот треба да се бара во структурни реформи за зголемување на продуктивноста, поттикнување извоз и подобрување на деловното окружување.

Особено структурните реформи кои ќе ја поттурнат продуктивноста, и ќе го инхибираат маѓепсаниот круг на барања за повисоки плати без паралелно создавање поголема вредност во економијата треба да бидат наш фокус.

Всушност, на оваа точка треба да изградиме нов општествен договор – повисоки плати може да произлезат само со повеќе работа и создавање вредност, а политичките партии да играат улога на катализатор во тој процес на општествено договарање.

Капитал: Координирана ли е монетарната со фискалната политика?

Петрески: Фискалната консолидација на сила, како и онаа предвидена во Фискалната стратегија за среднорочен период е коректна, особено ако ја гледаме низ призма на буџетскиот дефицит. Попроблематична е структурата на трошењата и она што Владата го прави во делот на доходите, претпоставувате тука мислам на платите на јавната администрација, и на пензиите.

Јасно е дека секое зголемување на доходите кое не е доволно порамнето со тоа што економијата го испорачува како вредност не и помага на монетарната политика, а истовремено фрла во вода какви било напори за фискална консолидација кои вие ги правите на други точки во буџетот.

Капитал: Како гледате на Буџетот и фискалната политика, воопшто? Смени ли нешто сегашната влада во тој поглед?

Петрески: Моето очекување беше дека ќе настане посилна фискална консолидација, не на буџетскиот дефицит, туку во форма на рационализација на структурата на трошењата.

На пример, емпириски покажавме дека некои програми од Законот за финансиска поддршка на инвестициите (значи тоа е еден тип државна помош на фирми), не даваат резултати, и тоа бара одреден ремонт.

Слично е и кај други програми за државна помош, да не го спомнувам тука земјоделието кое има најголем удел во државната помош. Потоа, ако не се лажам, постоеше и изборно ветување дека значајно ќе се скрати ставката стоки и услуги! Велам, еве нека не се крати, но општеството заслужува подетално да се обелодени, и да се дискутира за таа ставка, која крие многу сиви зони, од типот на таканаречени вработувања во јавниот сектор на таканаречен договор на дело.

Потоа, трет пример се капиталните инвестиции. Потегот на владата да се фокусира на инвестициите како мотор на растот е секако добредојден, и тоа е она што и треба на оваа економија. Меѓутоа, кај капиталните инвестиции повторно го имаме истиот проблем, односно се проектираат високо, а капацитетот за нивна изведба останува ограничен и завршуваме со значајна подреализација. Фокусот мора да го вртиме кон рационализација на расходната страна, и тука мислам дека Владата треба повеќе да се отвори и за различни мислења и за експертска помош.

На приходната страна, пристапот да се задржи даночната политика во сегашната форма е прудентен, апропо фазата од развој на економијата, дистрибуцијата на доходот во економијата, кревкоста кај бизнис секторот во контекст на кризите ….

Меѓутоа, клучно е даночната база да се шири со формализација на сивата економија. Иако можеби на ова поле се прават некои чекори, како што е е-фактурата, очекував дека ќе се повлечат потези за поударна борба со сивата економија. Во таа смисла, буџетската структура и поставеност не претрпе значајни промени и затоа не очекувам дека на краток рок ќе испорача особено поинакви резултати во поглед на макроекономските променливи.

Долгорочна стапка од 5% е можна само ако ние работиме на подобрување на фундаментите на растот. Точно е дека во последниве две децении значајно се подобри капиталната база во економијата, се подобри инфраструктурата во секоја смисла на зборот, но земјава изгуби 10%-15% од работната сила, главно преку емиграцијата. Ефектот од тоа е и засилен преку евентуалното губење подобро екипирана – со вештини – работна сила споредена со таа што остана во економијата. Затоа и капацитетот на економијата, во просек, не е значајно променет во последниве години.

На сето тоа да го додадеме и институционалниот поредок, кој треба да овозможи поддршка на начинот на кој факторите на производство се комбинираат за да создадат вредност. Во овој дел лежат повеќе кочници за растот, од кои најважната е слабоста на институциите, или да го кажеме слабост на владеење на правото, или неефикасност на јавната администрација, и можеме да смислиме уште неколку синоними или лица на таа кочница.

Капитал: Владата проектира раст на економијата за годинава од 3,7%, а Народната банка ја намали проекцијата на 3%. Кога да очекуваме раст поголем од 5%?

Петрески: Не на краток до среден рок! А што ќе оствариме на долг рок ќе зависи од видот, обемот и интензитетот на структурните реформи што ги спроведуваме сега. Потенцијалот на економијата е проценет на околу 4% и во догледно време остварените просечни стапки ќе се движат околу таа вредност, а со опстојувањето на глобалните неизвесности, би рекол и под неа.

Владината проекција од 3,7% за 2025 изгледа оптимистична, веројатно заснована на очекувани инвестиции, и странските и домашните поттикнати од унгарскиот кредит, и на спроведување на државни капитални проекти.

Прогнозите на Народната банка се пореалистични, го земаат предвид капацитетот на економијата – значи тука мислам и на Владата, но и на приватниот сектор, а веројатно во одредена мера вградуваат и претпазливост поради глобалната неизвесност.

Долгорочна стапка од 5% е можна само ако ние работиме на подобрување на фундаментите на растот. Точно е дека во последниве две децении значајно се подобри капиталната база во економијата, се подобри инфраструктурата во секоја смисла на зборот, но земјава изгуби 10%-15% од работната сила, главно преку емиграцијата. Ефектот од тоа е и засилен преку евентуалното губење подобро екипирана – со вештини – работна сила споредена со таа што остана во економијата. Затоа и капацитетот на економијата, во просек, не е значајно променет во последниве години.

На сето тоа да го додадеме и институционалниот поредок, кој треба да овозможи поддршка на начинот на кој факторите на производство се комбинираат за да создадат вредност. Во овој дел лежат повеќе кочници за растот, од кои најважната е слабоста на институциите, или да го кажеме слабост на владеење на правото, или неефикасност на јавната администрација, и можеме да смислиме уште неколку синоними или лица на таа кочница.

Замислете една банална работа, на пример вадење некаква релативно небитна дозвола – ние се’ уште тоа не можеме да го добиеме по нормален пат, или чекаме многу време (што е рамно на неефикасност) или се соочуваме со одредени очекувања дека тоа ќе биде на еден, или друг начин наградено на компромитирачки начин. Кога тоа ќе го проектираме на ниво на целата економија, ете ви една голема кочница.

Институциите не функционираат, дел поради драматичната ерозија на човечкиот капитал во нив, дел поради партизацијата, дел поради вгнезденоста на едно очекување дека тие луѓе се таму за да кочат и одолговлекуваат во замена за некаква награда, а не за да го поттурнат растот и развојот.

Ова, според мене, е втората клучна точка за која ни треба нов општествен договор, за да ги помрднеме работите од мртва точка.

Капитал: Што со глобалните неизвесности?

Петрески: Глобалниот контекст сега влезе во нова, поопасна фаза на геополитичка нестабилност. По директниот воен судир меѓу Израел и Иран, во кој се инволвираа и САД, светската економија повторно се соочи со потенцијално силен енергетски шок и нарушување на глобалните пазари. Иако сега таму има примирје, мора да имаме предвид дека блискоисточниот конфликт не е само регионален и не е од вчера – неговите ефекти веќе се рефлектираат преку цените на нафтата, нарушените транспортни рути и растечките ризици на финансиските пазари.

Паралелно, неизвесноста околу Украина останува, а трговските тензии меѓу САД и Кина сврзани со новите технолошки ограничувања и рестрикции врз инвестициите не се значајно намалени. Во таков контекст, глобалните синџири на снабдување повторно се реструктуираат, но не по логика на ефикасност, туку по логика на геополитичка лојалност и безбедност. Ова значи зголемени трошоци, подолги испораки и послаба интеграција на глобалната економија.

Во однос на трговијата, царинските политики и натаму остануваат алатка за политички притисок, а не економска рационалност. Неизвесноста околу политиките на големите економии, само ја зголемува променливоста на глобалната сцена. Не треба да се залажуваме – глобализацијата во форма која ја познававме е во повлекување, а тоа значи и понизок потенцијален раст на светската економија во догледен период.

Токму затоа, клучот за справување не е во реактивност, туку во градење внатрешни капацитети – продуктивност, диверзификација на извозот, енергетска адаптација и институционална предвидливост. Не можеме да ја контролираме геополитиката, но можеме да градиме економија што подобро ја апсорбира нејзината нестабилност.

Капитал: Што би била таа поголема визија која може да ја извлече економијата — и општеството — од сегашната стагнација, безидејност и поделби?

Петрески: Внатрешно, мислам дека дојдовме до точка кога не ни недостасуваат толку финансиски ресурси, туку импулс, цел и насока.

Економскиот раст е неопходен, но не и доволен — затоа што ако растот не дојде со придвижување на човечкиот потенцијал, со градење доверба и нова смисла, тој ќе биде кревок, и нееднакво распределен.

Моја визија е Македонија да стане економија на можности, не економија на инерција, и на чекање друг да ни ја заврши работата.

Тоа значи: млад човек од Прилеп да има причина да остане — не затоа што нема каде да оди, туку затоа што гледа перспектива дома. Тоа значи систем во кој образованието, трудот и знаењето се исплатуваат, а не партиската или фамилијарна врска. Тоа значи економија што не живее од донации и прераспределба, туку од создавање вредност, иновација и работа со интегритет.

Мораме да инвестираме во луѓето, институциите и довербата. А за тоа да се случи, треба да излеземе од микро-темите и дневната политика. Нам ни треба јасна национална цел: да создадеме општество во кое вреди да останеш, вреди да вложиш, вреди да веруваш. Сѐ друго ќе произлезе оттаму. Одговорноста за создавање такво општество не е само на Владата, всушност многу повеќе на секој поединец.



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *