На каде акаме ние? – КАПИТАЛ


И кога сме на тема СФРЈ тема која многу малку ја споменуваме во овие години еве добра прилика да направиме обид малку и минималистички, за младите генерации да објасниме да ги објасниме контурите на нејзината реална идолошка матрица која на крајот се распадна и во идеолошка и во материјална смисла како производ на една демагогија која никогаш и немала иднина.

Има и една симболика. Денеска кога ја живееме годината која е 35 годишнината на македонската независност од 1991, таа се поклопува со 35 годишнината на СФРЈ од крајот на Втората светска војна 1945 до смртта на најголемиот син на југословенските народи Јосип Броз Тито во 1980 година. Ова е добра прилика некои аналитичари кои се бават со економски и социолошки анализи да изведат заклучоци колку и што СФРЈ направи во сите 35 години до смртаа на водачот, а колку Македонија направи од својата независност до денес (особено што Македонија во 1991 година имаше и подобри перфоманси отколку денес – оти „моторите тогаш беа запалени„, а денеска се угаснати и украдени).

Тој синдром на една коза напред пред стадото, што нè води како лидер, во Македонија, опстојува до ден-денес. Водачот нè води на исток, ние го следиме на исток. Водачот нè води на запад, ние го следиме на запад. Водачот нè води на југ, на север и ние само талкаме и затоа сме тука по толку години. Еден период до 2006 години можеби и имавме цврсти евроатлански определби, но потоа до 2016 тој пат беше прекинат за да продолжи потоа од 2017 до 2024. Денеска во 2025 година македонските граѓани не се повеќе сигурни ниту на каде тераат реформите ниту каде тера Македонија!? Таква е перцепцијата која може да се согледа и низ редовните анкети на јавното мислење.

Мала и скромна анализа

Да се задржам на периодот од 1970 (кога сум роден) до 1990 кога се распадна државата. 

Од 1971 до 1980 година, таа СФРЈ презеде цела низа државни реформи. Федерацијата и новите реформи – самоуправување, Закон за здружен труд, уставните амандмани, Законот за социјална работа … Но, во исто време брзо се задолжуваше. Најдолгиот период на задолженост е од 1971 до 1980 година. Цело време кредити. Потоа Тито умре.

И потоа… од 1980 година до 1990 траеше формален распад на државата на рати. СФРЈугославија банкротираше.

Кога почина Тито, од 1980 година, всушност почина главниот должник, главниот „колатерал„ заради кој сето ова се правеше. Тито беше единствената смисла за создавање на СФРЈ во 1943 во Јајце на 29 Ноември и за најзиниот опстанок. Умре тој умре и Југославија. И кризата стана очигледна. Оттука, наводните подобрувања на самоуправниот систем, подобрувањето на посебниот федерален модел и така натаму, во седумдесеттите години се покажаа како илузорни.

Всушност во тие дваесет години (од 1970 до 1990), постоеше „бракоразводна парница„. Разводот на СФРЈ траеше, со две подфази. Познати професори по економија од универзитетот во Загреб во текот на осумдесеттите предупредуваа дека длабоката структурна инфлација во СФРЈугославија (постарите знаат дека имаше три, а некои велат и пет, стабилизациони програми со исто толку премиери) и неврамнотежениот развој на земјата (богат север и сиромашен југ) неминовно во еден момент ке доведат во тешки политички проблеми. Што и се случи. Инфлацијата која беше структурна (за оваа тема ке пишуваме наскоро многу) се трансформираше во силно политичко нетрпение меѓу републиките и народите, оти таа инфлација забрзано водеше кон економска немоќ и осиромашување.

Демагогијата лежеше во тоа што во подфазата од 1980 до 1990 година, политичкиот врв на Комунистичката партија бараше колку може да се промени системот, но ако може ништо да не се промени!!!???

Се усвојуваше долгорочна програма за економска стабилизација, дебатите траеја мачно долго. Круна на реформата на Анте Марковиќ, беше да го врати феноменот на претприемништво и да постави едно клучно прашање: Што со имотот? Како ке функционира тој систем? Тој успеа до некаде но Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман размислуваа поинаку.

И прашањето не беше целосно решено. Наместо приватизација, и враќање на класичната вертикала на приватна сопственост и пазар, во тие години на распад – републиките кои стануваа независни држави си смислуваа свои програми на приватизација. Во случајот на Македонија се смисли можеби најглупавото решение – Закон за трансформација на општествениот капитал некакви модели на приватизација кои ги разбираа само тие што требаше да ги разберат. Акции кои ништо не им значеја на масата народ кој ништо не разбираше. Немаше Берза во раната фаза. Берзата и берзанското тргување се воспоставија дури во 1997 година.

Системот почна да се урива на сите фронтови, на државно ниво, на ниво на компаниите. Сомнителни лица приватизираа. Компании пропаѓаа за да се купат ефтино заради големиот имот (згради, машини и земјиште). Дефицитот стануваше сè поочигледен, парите почнуваат да се печатат!?

Од друга страна, се правеше цел систем кој требаше да се темели на фактот дека секој што штедел и се однесувал разумно ќе биде казнет, а штедилниците се во странска валута (од ТАТ и сите други). Во регионот на просторите на поранешната СФРЈ се случува крвав расплет на братскиот живот и распад на државата. Се случува граѓанска војна.

Србија, со својот национализам под водство на Слободан Милошевиќ, за разлика од другите републики, останува убедена дека е можно да се рационализира социјализмот, дека е можно да се рационализира колективизмот. И сите Срби да живејат во една држава мантра што ги „мава у глава„ до ден денес.

Но, сакаа социјализам рационален во кој наместо класата како колектив што дефинира сè, новата парадигма да биде нацијата да дефинира сè. Национал социјализам. Таквата политика му успеваше некое време на Милошевиќ, но после почна да се урива со бомбардирањето на Србија од страна на НАТО во 1999. После дојде 5 Октомври 2000 и Милошевиќ падна.

По толку години акање ваму таму, не сме одговориле на прашањето каде е нашето место во Европа? Каков модел на држава сакаме? Дали сакаме модел на држава заснован на либерални принципи и слободна конкуренција, или сакаме модел заснован на државно посредништво и државна прераспределба? Кога ќе ги погледнеме податоците, јасно ќе видиме дека секоја влада има економски резултати што ги испраќа до одредена општествена група. Секоја влада овде има свои богати луѓе и свои „затвореници„.

Затоа квалитетните пари, и паметта бегаат од Македонија. Овде нема акумулација на знаење, напредок и капитал. Кој и заработува нешто, се обидува да го однесе во странство (некретнини, инвестиции во акции во странство и кеш). Се оди надвор.

Македонија денес, по толку години, повторно и повторно се соочува со основни прашања. Дали сака правна и демократска држава или претпочита инситуционално-авторитарна држава? Дали основата на таа држава е граѓанин, поединец со сите свои сомнежи, барања и така натаму, или базата се поданиците и полтроните што викаат, одобруваат, и се восхитуваат на водачот …? Тоа е прашање што виси во воздухот. Ми се чини дека повеќе е второто.

Македонија и ние во неја

За нас проблемот беше, и е до денес, влијанијата на Србија во околните држави меѓу кои и врз нашата иако со комунизмот одамна расчистивме. Со комунизмот расчистивме, но изгледа со службите од комунизмот сеуште не сме расчистиле и денес.

Треба да се знае дека и во Македонија долг период во независноста функционира романтичарски во обид да ги замени граѓаните со нацијата (лутаме и талкаме низ ова предводени од политички елити во коруптивни корелации и олигархијата како нејзин тутор). Оттука, резултатот е цела низа квази-реформи од транзицијата до денес, од нашата сопствена трансформација, од монетарната стабилизација (која не отепа … и сега сме како комирани приклучени на специјални апарати … ама курсот на денарот важно е стабилен).

Клучните прашања секогаш се одлагаат за некој друг да ги решава. Ниедна реформа не произлегува од граѓанскиот модел.

Тој синдром на една коза напред пред стадото, што нè води како лидер, во Македонија, опстојува до ден-денес. Водачот нè води на исток, ние го следиме на исток. Водачот нè води на запад, ние го следиме на запад. Водачот нè води на југ, на север и ние само талкаме и затоа сме тука по толку години. Еден период до 2006 години можеби и имавме цврсти евроатлански определби, но потоа до 2016 тој пат беше прекинат за да продолжи потоа од 2017 до 2024. Денеска во 2025 година македонските граѓани не се повеќе сигурни ниту на каде тераат реформите ниту каде тера Македонија!? Таква е перцепцијата која може да се согледа и низ редовните анкети на јавното мислење.

Нашите политички елити сеуште кокетираат со манипулациите од Белград – територијално и геостратегиски, дали сме Исток? Дали сме Запад? Дали сме граѓанско општество, дали сме колективистичко општество!? Оттука,  денес заклучокот е дека по 35 години независност не сме решиле баш ниту едно прашање. И веројатно такви прашања не сме решиле повеке од сто години, па затоа и сме немале држава толку долго. Се е објективно отворено и денес.

Политичките елити се корупирани, притиснати под чизмата на олигархијата, и други неформални групи во општеството и центри надвор од Македонија.

Зошто нема квалитетен раст и развој на економијата?

Зошто нема инвестиции? Зошто секогаш имаме дефицит? Зошто не мрдаме квалитетно? Па, тоа е затоа што не вреди да се инвестира, отвора фирма, да се штеди штеди и работи овде. Новата парадигма е дека животот по долината на Вардар нема вредност. Треба да се исселиме!!??

Тука во суштина работат, штедат и инвестираат многу мал дел од населението (другото се болни, деца и пензионери). Немаат ниту здрава економска логика, немаат геостратешка насока ниту концептуална насока за тоа на што се темели општеството.

Кога ќе ги погледнете стапките на раст од почетокот на независноста во 1991 па потоа  во 2000, 2001, 2002, 2003, 2005, 2006, 2008 и така натаму до денес, државата порасна неверојатно. Но, денес ако споредите 35 години македонска независност (од 1991 до денес), и независноста на СФРЈ од 1945 до 1980 (исто така 35 години) ке заклучите дека темпото на развојот на Македонија е катастрофално.  

Добро, ке речеме постојат објективни, субјективни и транзициски причини и така натаму. Сепак, општеството, политичките елити и ние во сето тоа не си одговоривме сами на себе што сакаме од Македонија. Редовно се појавува некаков необјаснив силен внатрешен отпор. Мал дел од населението е многу богато. Голем дел од населението е сиромашно, но излезот не го гледаат во самоорганизирање и менување на работите туку малодушен отпор со бегање од државата. Ова е катастрофален тренд кој ја релативизира Македонија таква каква што ја знаеме и сакаме да ја гледаме. Оти без луге нема компании, нема даноци, нема институции …

Ова е последица на радикална прераспределба која се случуваше и сеуште се случува. Во економска смисла и во политичка смисла. Градиме демек граѓанско општество на индивидуи, индивидуата е изгубена. Изгубена е политичката конкуренција, изгубена е пазарната конкуренција. Понатаму изгубена индивидуалната сувереност (сите особено социјално послабите и сиромашните се врзуваат цврсто партиски за да си ги решаваат проблемите, а партиите таа слабост ја злоупотребуваат). Некако „без везе„ расте некаков „лумпен национализам„ – глупав, недоречен, нелогичен, промашен во времето. На сите страни дискурс.

По толку години акање ваму таму, не сме одговориле на прашањето каде е нашето место во Европа? Каков модел на држава сакаме? Дали сакаме модел на држава заснован на либерални принципи и слободна конкуренција, или сакаме модел заснован на државно посредништво и државна прераспределба? Кога ќе ги погледнеме податоците, јасно ќе видиме дека секоја влада има економски резултати што ги испраќа до одредена општествена група. Секоја влада овде има свои богати луѓе и свои затвореници.

Наместо континуитет, имате бесконечен дисконтинуитет, што е дефиниција за нестабилност, а не убедуваат дека сме стабилни. За развој не ни помислуваат … оти и развојот е нестабилност!?

Затоа парите бегаат од Македонија. Нема акумулација. Кој и заработува нешто, се обидува да го однесе во странство (некретнини, кеш).

Се пренесува многу контроверзна порака …

Два примери

На пример деновиве е актуелна темата со пензиите. Треба да се знае дека намалувањето на пензиските права и пензиските системи е толку деликатно прашање што ќе го оптовари системот на долг рок. Во Македонија станува проблем нерамнотежата во пензиите. Ова може да се реши преку општо намалување на пензиите, преку инфлација и разни механизми. Да се земе од една група луѓе, а да се даде пензија на други – никој досега не го направил тоа. Што ќе се случи? Па, ќе се случи она што мора да се случи, дека луѓето ќе уплаќаат сè помалку во пензии и придонеси. Лоша порака испраќаат.

Оттука, пораката е размислете за консолидација на системот, оти вака ќе имате негов понатамошен колапс. Ако пензијата не остане суштински да е штедна сметка, немате систем. Ако нема таков систем и ова не се вклопува во моделот на општеството и државата, ја немате средната класа (пензионерите веројатно треба таму да спаѓаат), а таа е основа за либерално општество. Е сега тоа е друга тема!?

Но, без средната класа, нема либерално општество и нема социјалдемократија. Средната класа не може да трпи индивидуалистичка динамика – тие се доктори, професори и така натаму, тие не се слепи субјекти. Слепите субјекти се на сосема друга страна … (за нив пишував малку погоре во текстот).  Наместо либерален модел базиран на идеализам, се одлучивме за колективна идеализација (страшно!!!), долгот ќе се создаде, долгот ќе се социјализира, а профитот ќе се приватизира!!??

Понатаму … Се вели дека не вреди да се работи и да учи. Државата Македонија во блиското минато навидум законски легализираше стотици и илјадници факултетски дипломи и сомнителни докторати. Што мислеше државата со тоа? Каква порака прати кај младите генерации кои учеа пчесно со големи амбициозни и инвестираат големи пари во своето образование. А денес нивните места во општеството се зафатени од овие сомнителните.

Значи, државата рече дека нема смисла да се учи. Дека тоа е бесмислено. Дека тој што учи, и што ја почитува постапката и законот, и така натаму, го прави тоа на своја штета.

Не можам, не разбирам, можеби на некои им е јасно, дали одиме во некаква насока. Кон запад, кон демократски систем со сите негови недостатоци? Каде ни е местото? Мислиме дека можеме да постоиме како нешто помеѓу? Мислиме дека постои трет пат? Па, постои трет пат, тој води кон третиот свет …. И толку од нас. На индексот на сиромаштија и сега сме меѓу највисоките во Европа е кога ќе се додадат невработеноста, инфлацијата и така натаму…!?



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *