Програмата започнува на 1 октомври 2025 година и трае шест месеци со полно работно време ,40 часа неделно. Учесниците ќе бидат целосно интегрирани во работниот процес на A1, ќе работат на реални и иновативни проекти и ќе имаат континуирана поддршка од искусни ментори и експерти од својата област. Како дел од тимот, ќе уживаат бенефиции еднакви на оние на сите вработени во компанијата.
Преку структурирани обуки и пристап до напредни ресурси, A1 WayUp овозможува стекнување на практични знаења, развој на професионални вештини и подготвеност за идни предизвици во бизнис и технолошката сфера.
Повикот за аплицирање е отворен од 23 јуни до 27 јули 2025 година, за 12 отворени позиции. Заинтересираните студенти треба да достават кратка биографија преку кариерната страница на A1 Македонија, избирајќи една од достапните позиции во рамките на програмата.
Процесот на селекција опфаќа проценка на потребните компетенции, анализа на личните карактеристики и завршно интервју, со цел идентификување на кандидатите кои најдобро се вклопуваат во организациската култура и динамиката на A1.
Избрани ќе бидат 12 студенти, кои ќе добијат можност да започнат со својата професионална трансформација во реномирана компанија која ги негува иновацијата, развојот и талентот.
Апликациите за A1 WayUp – Generation ’25 можат да се поднесат на следниот линк.
Контакт за медиуми А1 Македонија:
Емилија Зографска
Корпоративни комуникации
тел. ++389 75 400505
e-mail: emilija.zografska@A1.mk
Преземено од: Kapital.mk