НИКОЛА ЈАКИМОВСКИ
Oсновач и Извршен директор на NJM11 football agency
Капитал: Како би ја опишале вашата фудбалска кариера и кои се најзначајните моменти од неа?
Јакимовски: Почетоците на мојата фудбалска кариера ги гледам како исклучително богато искуство, поставување на цврсти темели на мојот карактер – длабоко човечки и карактерот на професионален план. Понувајки од младинските категории на фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров кај што при приклучување во првиот тим на само 15 години станав шампион на Македонија. Го освоивме националниот куп.
Потоа следуваше трансфер во најголемиот унгарски клуб Ференцварош, па во српскиот клуб Јавор од каде и почна мојата кариера во вистинска нагорна линија.
Следуваше трансфер во Нагоја Грамус (Јапонија) и тоа беше најголемиот трансфер во тоа време од еден мал клуб од Србија. Искуството во Нагоја беше вистински предизвик за мене кое траеше три години со голем и значаен успех. Како фудбалски така и животно.
Од јапонија следуваше исполнување на мојот сон. Италијанското “Калчо”. Поминав осум прекрасни години во таа средина, и тоа е најубавиот дел од мојот живот досега. По тие убави години следуваше Грција кај што повеќето од фудбалерите ја бираат за залез на кариерата.
Секоја од овие средини ми даде различна перспектива – за фудбалот, тактиката, културата и професионализмот. Ме градеше и како човек.
Капитал: Кои значајни моменти можете да ги издвоите?
Јакимовски: Меѓу најзначајните моменти ги издвојувам натпреварите против врвни тимови и играчи, освоените титули – и индивидуални и екипни. Но и повредите, се разбира. Разочарувањата и падовите, кои ме направија поцврст.
Имав чест да соработувам со врвни тренери како Драган Стојковиќ Пикси, Роберто Де Зерби и Марко Барони. Сето тоа ми овозможи да ја почувствувам играта на највисоко ниво. Адреналинот и искуството кое денес го пренесувам на младите играчи.
Дополнително, фудбалот ми помогна да развијам дисциплина, лидерство и способност да се адаптирам на најразлични ситуации. Кога се движите меѓу различни култури и стилови на игра, разбирате дека успехот не зависи само од талентот, туку и од интелигенцијата, стратегијата и менталната цврстина.
Секое патување, секој тренинг и секој натпревар ми оставија спомени кои ме научија како да се носам со победите, но и со поразите. Тоа животно искуство е непроценливо и ми помага сега, кога работам со млади играчи на нивниот професионален развој.


Целта ми е нашата агенција NJM11 football agency да стане еден од водечките фактори за развој и промоција на фудбалери во регионот. Сакам македонските играчи да добијат поголема видливост во Европа и светот. На меѓународно ниво, целта е соработка со врвни клубови и агенции – и креирање мост меѓу Балканот и големите фудбалски пазари. Со јасна стратегија, тоа е остварливо. Покрај спортскиот аспект, сакам да придонесеме и за развој на локалната заедница преку едукативни програми и поддршка на млади таленти.
Капитал: Што ве мотивираше да преминете од професионален фудбалер во фудбалски менаџер? Станува збор за две сосема ралични професии … Попрво би се очекувало тренерска кариера?
Јакимовски: Природен чекор беше. Целиот живот сум во фудбалот и свесен сум колку е важна вистинската поддршка и насока за еден играч. Особено млад играч кој допрва сериозно треба да зачекори на магичниот зелен фудбалски тепих … Во кариерата видов многу таленти кои се изгубија поради недостаток на стратегија или менторство. Сакав да бидам таа алка која ќе го овозможи нивниот развој.
Наједноставен пример како треба еден спортист да се однесува кон професијата со масимална посветеност, доследност, пристап, консистентност, правилна насока и јасна цел е Кристиано Роналдо. Додека од друга страна ке го наведам Нејмар кој, по мене и многумина од нас во фудбалот, е најталентираниот играч што некогаш се појавил во фудбалот, но нема искористено ниту пола од својот потенцијал поради тоа што му фалеше фактор насока и конзистентност.
Мојата мотивација е да изградиме модел каде што играчите ќе бидат третирани не само како спортисти, туку и како личности со визија и амбиции, и со живот надвор од теренот.
Како некој кој поминал низ сите предизвици на професионалниот спорт, знам колку е важно некој да верува во вас и да ви помогне да ги донесете вистинските одлуки. Многу кариери завршуваат предвреме не поради недостаток на талент, туку поради недоволна поддршка и насочување.
Затоа одлучив да го пренесам своето искуство и контакти во светот на менаџментот. Сакам секој играч со кој работам да има јасна стратегија, професионален пристап и перспектива која ќе му овозможи да ја оствари својата максимална вредност на теренот и надвор од него.


Визијата е да се создаде генерација играчи кои не само што ќе играат во најдобрите клубови, туку ќе бидат и пример за професионализам и спортска култура. Кога ја основав агенцијата, знаев дека не сакам квантитет – туку квалитет. Селектираме играчи со вистински потенцијал и инвестираме во нивниот развој и промоција. Паралелно, создадовме мрежа со клубови и директори низ Европа, што ни овозможи да отвориме вистински врати за нашите играчи.
Капитал: Кои беа најголемите предизвици на почетокот од менаџерската кариера?
Јакимовски: Најголемиот предизвик беше градењето доверба – и кај играчите и кај клубовите во тоа што јас го размислувам, објаснувам, предлагам и работам. Со реализирање на неколку трансфери се стекнува авторитет на тоа поле. Во светот на фудбалот постои инфлација на квалитетен кадар.
Претходно како фудбалер, а сега како менаџер морав да докажам дека можам да управувам со целата комплексност на процесот.
Дополнително, административните предизвици и регулативите за лиценцирање беа нови и бараа целосна посветеност. Но, со јасна визија, знаење, тимска работа и соработка со искусни партнери, успеавме да ја поставиме агенцијата на стабилни основи.
Фудбалскиот менаџмент не се сведува само на трансфери. Тоа е комбинација на правна регулатива, преговори, психолошка поддршка и стратешко планирање. На почетокот требаше да научиме како да ги усогласиме сите тие аспекти во еден ефикасен систем.
Со текот на времето, успеав да изградам тим кој денес функционира како вистинска професионална структура. Тоа ни овозможува да одговориме на сите барања на модерниот фудбалски пазар.
Капитал: Како ја оценувате моменталната состојба на фудбалското менаџерство во Македонија?
Јакимовски: Менаџерството во Македонија е сè уште во развој, но има потенцијал. Позитивно е што се појавуваат нови агенти, и поранешни фудбалери, кои носат свежи идеи и современ пристап. Далеку сме од водечките земји во Европа и светот со оглед на тоа дека “пазарот” не е толку голем. Со примери како Хрватска, Србија кои имаат исклучително добри и подготвени агенти, и структури, можеме и ние да се развиеме на високо ниво.
Се надевам дека ќе изградиме систем кој ќе овозможи подобра промоција на нашите играчи и долгорочен кариерен развој. Она што недостига е институционална поддршка, и подобра организација на домашниот пазар. Со тоа би се создале услови за поголема професионализација и зајакнување на врските со меѓународните клубови каде ги праќаме нашите фудбалери.
Мислам дека со инвестиции во образование, лиценцирање и развој на млади агенти, Македонија може да стане центар за фудбалски таленти кои ќе бидат конкурентни на европско ниво.


Користам современи методи – аналитика, професионални медиумски материјали и таргетирана комуникација со клубови. Резултатот? За само една година, располагаме на пазарот со играчи чија вредност надминува 11 милиони евра. Тоа не е само бројка – туку потврда дека со визија, знаење и посветеност се постигнува успех.
Капитал: Кои се клучните разлики меѓу менаџерството на Балканот и во развиените фудбалски земји?
Јакимовски: Во развиените земји, агенциите за менаџирање на кариерите на фудбалерите располагаат со тимови од правници, психолози, маркетинг и аналитички експерти. Играчите таму добиваат сеопфатна поддршка.
На Балканот, често сè се сведува на еден агент или мал тим. Затоа мојата визија е да го пренесеме тој интегриран пристап во регионот – за нашите играчи да добијат иста услуга како нивните врсници од врвните лиги.
Друг голем фактор е пристапот до технологија и аналитика. Во развиените земји, секој трансфер е поддржан со податоци и детална скаутинг анализа, додека кај нас сè уште често се потпираме на лични контакти и препораки.
Нашата цел е да ја модернизираме целата структура и да го зголемиме нивото на професионализам за да можеме рамноправно да се натпреваруваме со најдобрите.
Капитал: Какво е влијанието на новите FIFA регулативи за лиценцирање?
Јакимовски: Регулативите донесоа поголема професионалност. Лиценцирањето бара знаење, едукација и исполнување на строги стандарди. Тоа ја зголемува довербата во агенциите и обезбедува подобра заштита за играчите, особено за младите.
Иако бара повеќе административна работа, ова е позитивен чекор за фудбалската индустрија.
Со овие регулативи се намалуваат можностите за нерегуларности и се зголемува транспарентноста во целиот процес. Тоа е особено важно кога станува збор за трансфери со висока вредност и интернационални договори.
Покрај тоа, лиценцирањето ги охрабрува агентите да вложуваат во своето образование и да ја следат најновата пракса во индустријата, што на крајот значи подобра услуга за играчите.


Овој успех е исто така резултат на довербата која ја изградивме со играчите и нивните семејства. Секој трансфер е внимателно планиран за да му донесе долгорочен бенефит на играчот, а не само моментален профит. Верувам дека ова е само почеток и дека со истиот пристап ќе можеме да создадеме уште повеќе успешни кариери во иднина.
Капитал: Каков е вашиот пристап кон развојот на кариерата на вашите играчи?
Јакимовски: Работиме индивидуално – секој играч има различни потреби, цели и карактер. Создаваме персонализирана стратегија која не се базира само на трансфери, туку и на менторство, психолошка поддршка и долгорочна визија.
Сакам играчите да знаат дека не се сами – тука сум и како советник и како партнер.
Исто така, внимаваме на балансирање на спортската кариера со личниот развој. Играчите треба да знаат како да управуваат со финансиите, медиумската изложеност и јавниот имиџ. Тоа се вештини кои им служат и после завршувањето на кариерата.
На секој играч му нудиме пристап до ментори и експерти од различни области за да има целосна поддршка на својот пат кон успехот.
Капитал: На кои успеси сте најгорд како менаџер и што ве издвојува од другите?
Јакимовски: Најмногу се гордеам што за кратко време изградивме силна мрежа на соработници и реализиравме трансфери на високо ниво. Секој договор што им носи напредок на играчите го сметам за успех.
Она што ме издвојува е што доаѓам од фудбалска средина и имам реално разбирање на предизвиците на теренот – нешто што многумина без играчко искуство не го носат со себе.
Дополнително, се стремиме кон транспарентност и коректност во сите односи – со играчите, клубовите и партнерите. Верувам дека професионалната етика е клучна за долгорочен успех.
Покрај тоа, нашата агенција е отворена за иновации. Користиме аналитички алатки, современ маркетинг и нови технологии за подобра презентација на играчите и нивниот потенцијал.


Се надевам дека ќе изградиме систем кој ќе овозможи подобра промоција на нашите играчи и долгорочен кариерен развој. Она што недостига е институционална поддршка, и подобра организација на домашниот пазар. Со тоа би се создале услови за поголема професионализација и зајакнување на врските со меѓународните клубови каде ги праќаме нашите фудбалери.
Мислам дека со инвестиции во образование, лиценцирање и развој на млади агенти, Македонија може да стане центар за фудбалски таленти кои ќе бидат конкурентни на европско ниво.
Капитал: Кои се вашите долгорочни цели и амбиции?
Јакимовски: Целта ми е агенцијата да стане еден од водечките фактори за развој и промоција на фудбалери во регионот. Сакам македонските играчи да добијат поголема видливост во Европа и светот.
На меѓународно ниво, целта е соработка со врвни клубови и агенции – и креирање мост меѓу Балканот и големите фудбалски пазари. Со јасна стратегија, тоа е остварливо.
Покрај спортскиот аспект, сакам да придонесеме и за развој на локалната заедница преку едукативни програми и поддршка на млади таленти.
Визијата е да се создаде генерација играчи кои не само што ќе играат во најдобрите клубови, туку ќе бидат и пример за професионализам и спортска култура.
Капитал: Колкав е обртот на клубовите на глобално и европско ниво, и колку од тоа завршува кај менаџерите?
Јакимовски: Во сезоната 2024/25, глобалниот пазар на трансфери достигна вредност од околу 8.59 милијарди долари, втора највисока сума во историјата. Европските клубови – особено од „големата петорка“ – Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Сити, ПСГ, Интер и Милан … учествуваат со преку 70 % од оваа вредност.
Агенциските провизии во истата сезона изнесуваа рекордни 888.1 милиони долари, од кои 86 % беа реализирани во Европа. Тоа значи дека речиси секој десетти долар од трансферите оди како провизија – доказ за растечката улога на менаџерите.
Ова покажува колку агенциите станаа стратешки важен дел од фудбалскиот бизнис. Без професионално менаџирање, трансферите би биле далеку поризични и помалку ефикасни.
Очекувам оваа бројка да продолжи да расте, особено со проширувањето на глобалниот пазар и зголемувањето на медиумските права во спортот.


Имав чест да соработувам со врвни тренери како Драган Стојковиќ Пикси, Роберто Де Зерби и Марко Барони. Сето тоа ми овозможи да ја почувствувам играта на највисоко ниво. Адреналинот и искуството кое денес го пренесувам на младите играчи.
Капитал: Како успеавте за само една година да дојдете до играчи со пазарна вредност од над 11 милиони евра?
Јакимовски: Кога ја основав агенцијата, знаев дека не сакам квантитет – туку квалитет. Селектираме играчи со вистински потенцијал и инвестираме во нивниот развој и промоција. Паралелно, создадовме мрежа со клубови и директори низ Европа, што ни овозможи да отвориме вистински врати за нашите играчи.
Користам современи методи – аналитика, професионални медиумски материјали и таргетирана комуникација со клубови. Резултатот? За само една година, располагаме на пазарот со играчи чија вредност надминува 11 милиони евра. Тоа не е само бројка – туку потврда дека со визија, знаење и посветеност се постигнува успех.
Овој успех е исто така резултат на довербата која ја изградивме со играчите и нивните семејства. Секој трансфер е внимателно планиран за да му донесе долгорочен бенефит на играчот, а не само моментален профит.
Верувам дека ова е само почеток и дека со истиот пристап ќе можеме да создадеме уште повеќе успешни кариери во иднина.


Дополнително, фудбалот ми помогна да развијам дисциплина, лидерство и способност да се адаптирам на најразлични ситуации. Кога се движите меѓу различни култури и стилови на игра, разбирате дека успехот не зависи само од талентот, туку и од интелигенцијата, стратегијата и менталната цврстина.




















Преземено од: Kapital.mk