Kако е да се биде претприемач? Отвора ли некој тема во македонското општество околу ова. Дали гледате студии за претприемништво во Македонија? Постои ли претприемачка писменост, мотивациски процес и финансиска писменост?
Претприемачите велат дека им е тешко! Работниците, особено оние во приватниот сектор, велат дека приватниот сектор во Македонија заостанува зад јавниот сектор (со условите за работа, како и со платите и придонесите). Особено по зголемувањето на платите пред секои избори од кое зголемување најмногу ефект чивствуваат работниците во јавниот сектор и пензионерите.
Ова е наједноставниот опис на состојбата со претприемништвото во Македонија 2025. Речиси ниедна институција во државата не се занимава со оваа тема. Нема следливост на домашните македонски претприемачки инвестиции. Се е свртено кон странските инвестиции. Не се разбира тежината на секторот за претприемништво и домашни инвестиции. Сите сакаат да работат во државните институции. Буџетот за плати во јавниот сектор расте. Продуктивноста таму е мала, а приватниот сектор (морето на претприемачи) кубури со работници. Се чекаат работници од Непал, Филипини …


Структурата на економијата ви кажува и дека туризмот овде придонесува малку иако премиерот се пофали дека драматично пораснал туризмот. Имало раст. И да е така, да пораснал, ако постои стандардна дефиниција во сите земји според тоа колку другите прават од туризмот, како Грција, Албанија, Хрвтаска, па ако сакате и Бугарија, тогаш во контекст на оваа анализа, ајде да видиме кои се главните професии во туризмот? Тие се чистачи и келнери. Значи, практично не ви треба ниту повеќе од средно училиште. Ах… да готвачи? Може но дајте што да правиме – како да произведеме готвачи?
Ги слуша ли некој прептриемачите и зошто не?
Обично, во последно време, се вели дека претприемачите не треба да ги зголемуваат цените оти така ја зголемувале инфлацијата. Но, оваа теза е дефектна оти во исто време, како град, како држава можете да ги зголемите цените на некои од вашите услуги четири, пет пати повеќе колку што сакате (оти сте вработиле многу луге во државата, а услугата е ужасно лоша –како на пример ѓубрето во центарот на Скопје кое не е исчистено со недели) и нема ограничувања.
И никој не прашува колку тоа придонесува за инфлацијата?
Прептриемачите ова го комуницираат со властите повеќе или помалку истото со години. Дека има високи даноци, високи придонеси кон државата, други скандалозно високи давачки по многу основи.
Оттука, пораката е намалете ја државата, прескапа е, преголема е за земја како Македонија. Оставете простор за претприемништво. Апсолутно ништо позитивно не се случува.
Романците и Бугарите обично се сметаа за најкорумпирани и најзаостанати во Европа. Меѓутоа, тие долго гледаа дека едноставно, кога сте во долгорочна криза мора да го намалите државниот апарат. Тие денес сериозно работат на тоа. Можеби ке ја намалат бирократијата преку дигитализацијата. Тие сериозно се посветени на тој процес … Истото се случува во речиси сите земји членки на ЕУ. Тоа носи членство во Унијата. Реформи.
Во Македонија јавниот и државниот сектор постојано се зголемува, затоа што тоа е практично партиска армија на вработени. Ако нахраните голем број луѓе, сите ќе одат на избори и вие ќе победите на тој начин. Примитивно.
Значи, тоа е основниот проблем. Само да се држиме. Но, за жал за една нација, една држава, тоа не е баш најдоброто решение. Што правиме што мора да имате силна економија за да може БДП да расте, но да расте на нормален начин. И да се полни буџетот! Од каде? Фондовите се празнат, како што се празнат акомулациите и македонските езера …
Оттука, вистинското прашање е – каква е структурата на македонската економија?
Од десет најбарани професии во Македонија од страна на компаниите, само една професија бара високо образование. Дали мислите дека некој размислува за тоа? Поставува ли некој прашање за тоа со каква структура на образованието располага ова општество и економија. Секако дека сите професии се важни и вредни, но постои, некако не морам на широко да ви го објаснувам ова, додадената вредност на вработувањето. Која е таа, анализира ли некој, мери ли некој, реформира ли некој овде на оваа тема?
Во Македонија нема јавна дебата за овие прашања. Гледате … како универзитетска диплома повеќе не е потребна. Тоа ви кажува нешто?
Веројатно значи дека многу универзитети образуваат студенти во Македонија кои се едноставно непотребни. И ако има многу такви студенти (обични), а многу малку инженери, тогаш каква иднина можете да очекувате. А и да произведете инженери низ образовниот процес, ако нема претприемачки инвестиции и цели компании, каде ќе се вработат во кои фабрики!? И затоа тие ке бараат партија и држава по една линија, а по втора линија после завршувањето на студиите се исселуваат! Македонија неповратно ги губи своите највредни потенцијали затоа што не отвора простор за многу нови можности и развој на приватната иницијатива и претприемаштвото. Се негува сеуште менталитетот дека приватните инвеститори и претприемачи се половина криминалци.


Вистинското прашање е – каква е структурата на македонската економија? Од десет најбарани професии во Македонија од страна на компаниите, само една професија бара високо образование. Дали мислите дека некој размислува за тоа? Поставува ли некој прашање за тоа со каква структура на образованието располага ова општество и економија. Секако дека сите професии се важни и вредни, но постои, некако не морам на широко да ви го објаснувам ова, додадената вредност на вработувањето. Која е таа, анализира ли некој, мери ли некој, реформира ли некој овде на оваа тема?
Во Македонија нема јавна дебата за овие прашања. Гледате … како универзитетска диплома повеќе не е потребна. Тоа ви кажува нешто? Многу универзитети образуваат студенти во Македонија кои се едноставно непотребни. И ако има многу такви студенти (обични), а многу малку инженери, тогаш каква иднина можете да очекувате?
И да произведете инженери низ образовниот процес, ако нема претприемачки инвестиции и нови компании, каде ќе се вработат? Во кои фабрики!? И затоа тие ке бараат партија и држава по една линија, а по втора линија после завршувањето на студиите се исселуваат! Македонија неповратно ги губи своите највредни потенцијали затоа што не отвора простор за нови можности, и развој на приватната иницијатива и претприемаштвото. Се негува сеуште менталитетот дека приватните инвеститори и претприемачи се половина криминалци.
Корупцијата, исселувањето и потребата по работници овде!?
Како сега оваа состојба може да биде причина за раст на корупцијата? Кога ќе дипломирате на универзитет со диплома со која не можете да се вработите во реалниот (приватниот) сектор, тогаш што друго ви останува освен, на пример, да се обидете да се вработите во јавниот и државниот сектор, каде што, да речеме, многу често не е потребна голема компетентност. Тука се раѓа корупцијата!
Или, да речеме, ќе емигрирате.
Македонските граѓани кои се исселуваат во најголем број велат дека корупцијата е една од најважните причини зошто емигрираат. Факт е дека неколку стотици илјади луѓе, а тоа се најмладите, највиталните, емигрирале од Македонија. Забележливо е на македонските улици отсуство на овој дел од популацијата. Овде всушност е рај за пензионерите и вработените во јавниот сектор.
Значи, младите луѓе си одат. И ако вашите работници си одат јасно е дека барате работна сила. Значи, не е дека нашите работодавци бараат Непалци, Филипинци, затоа што се поевтини. Нормално, секој што е претприемач сака да плати што е можно помалку. Но, Непалци и Филипинци, кога доаѓаат, вие ги плаќате сите трошоци, а тие потоа го чекаат првиот момент да се преселат во Германија или Австрија.
А го имате и моделот, на пример, на Обединетите Арапски Емирати, каде што бројот на работници што доаѓаат од странство е далеку поголем од бројот на жители. Кој модел е пооптимален за Македонија?
Значи се отвора прашањето што ќе избере во блиската иднина на тема решавање на проблемот со недостиг на работна сила …! Веројатно ке се потпираме претежно на странска работна сила! А размислуваме ли за сите аспекти на тој модел!? Тој модел ке не задеси утре … Ке не удри во глава! Еве едно навидум банално прашање во овој момент – Што е со интеграцијата?
Тој модел на интеграција, всушност, не зависи само од нас. Тоа ке се наметне како голема тема оти моделот на интеграција можеби и не е најдобар модел, бидејќи може, на пример, да доведе до многу десничарски движења, да не речеме дека може да доведе и до фашизам.
Кога ќе ја погледнете, да речеме, Данска, социјалдемократите што го воведуваа овој модел, би помислиле дека се „слонови на интернационализмот„. Сепак, тие, како реакција, веќе сега добија премиер кој е исклучително антиимигрантски, што е малку чудно за нордиските социјалдемократи, и тие покажуваат приказна за нетолеранција кон имигрантите.
Пак за приватниот сектор и прептриемништвото!
Се наметнува мислењето дека приватниот сектор дефинитивно заостанува со платите во однос на јавниот сектор. И сега се поставува клучното прашање, а тоа е дали платите во приватниот сектор се навистина мали, или платите во јавниот сектор се нереално високи во смисла на тоа дека работниците таму имаат многу мала продуктивност.
Што е со пазарната економија? Функционира ли таа на пазарот на работна сила. Сите оние кои мислат дека во приватниот сектор платите се мали се судираат со одговорот на храбрите претприемачи кои велат – самиот ти создади компанија па види што со платите. Основај компанија во која ќе вработуваш луѓе кои имаат 2-3 илјади евра па да видиме колку има смисла таа теорија.
Апсолутно сум сигурен дека, на пример, ако создадете компанија со такви плати таа би пропаднала многу брзо. Нормално, постои можност да се создаде компанија и да се плати добро, под услов, да речеме, да сте корумпирани и едноставно, преку јавни набавки, на пример, да можете да договорите работа. Но, тоа е работа практично каде што нема конкуренција, каде што нема пазар.
Кога огромно ги зголемувате платите, на пример, во јавниот и државниот сектор практично тие работни места стануваат исклучително привлечни. Поголема сигурност, а платите се повисоки …!?! МАлку е нелогично нели? Сосема спротивно на економската логика!?
Во економската логика, кога гледате на пример обврзници или акции, каде што ризикот е поголем, профитот мора да биде поголем. Бидејќи едноставно кажано, кој би влегол во нешто ризично?
Дали гледате знаци дека таквата политика се менува? Не … Ни оддалеку.
Во развиените земји, каде нештата се поставени на свое место, во јавниот и приватниот сектор платите се пониски. Приватниот сектор заработува повеќе. Поризично е за некого кој работи на повисоко ниво во приватна компанија. Таму каде што има помалку корупција, како што се нордиските земји на пример таму се бара континуирана посветеност, многу работа и визија и креација! Тоа е поврзано со вештини и големо количество на знаење, како и постоење на вистинска структура на економија во која работат илјадници компании на кои им требаат разни професии.
Во скандинавските земји дури и левичарите и социјалдемократите, кога се на власт, се свесни дека таму каде што ризикот е поголем, платите мора да бидат повисоки. На пример, токму тоа е случај во Шведска.
А овде во Македонија?
Значи според властите која како се редат на „Илинденска бб„ – БДП (Бруто домашниот производ) расте. Пораките се дека луѓето живеат многу добро. Но, на улиците тоа не е така. Во исто време има голема нееднаквост во Македонија. Повеќе од половината од луѓето заработуваат помалку од медијаната. Природно е да постои медијана и токму тоа е просекот. Медијаната е проектираната плата што ја имаат 50% од Македонците кои се вработени. А таа е многу мала. Да, политиката не се справува со оваа нееднаквост што се случува во општеството.
На пример, Словенија има граѓани кои се помалку изложени на ризик од сиромаштија отколку Македонија и тоа е повторно прашање на политиката. Ова е поврзано и со самата корупција, бидејќи корупцијата е, на некој начин, само уште еден збор за ефикасноста на општеството. Колку и дали е ефикасно македонското општество да се бори со корупцијата? Кога имате доволно ефикасен систем, тогаш тој сигурно мора да биде успешен систем. Ако системот е корумпиран, тогаш е неефикасен и потоа добивате нееднаквост, и миграција, и сè што е, во принцип, негативно. Македонскиот систем дефинитивно е длабоко корумпиран, а реформите се премногу бавни.
Преземено од: Kapital.mk