Студијата нагласува дека техничките вештини не се главната причина за (не)успех, туку лошите комуникациски вештини. Ова се неколку совети што на новите вработени и менаџери може да им помогнат да ги пребродат тие критични 18 месеци.
- Да ги научите имињата на соработниците и што е тоа што ги мотивира е најдобар начин како да се создаде силен прв впечаток. Новиот менаџер мора да биде воочлив и да комуницира со сите.
- На состаноците, како и на работа, како менаџер мора да дојдете пред останатите. Така ќе се покажете како посветена и амбициозна личност.
- Да го запознаете сопствениот тим е многу важно. Ручеци или кафиња се одличен начин да дознаете што се случува во средината и може да одиграат клучна улога во развивањето доверба помеѓу шефот и вработените.
- Секоја канцеларија си има своја политика и култура, а важно е да се разберат правилата на игра што е можно побрзо.
- Прво слушајте и посматрајте, а потоа делувајте. Мислењето формирајте го дури откако сте имале време да ја проучите културата и политиката на фирмата. И начинот на облекување прилагодете го кон останатите во канцеларијата.
- Прашајте ги соработниците, претпоставените и деловните партнери како тие би сакале да комуницирате со нив – лично, телефонски, по мејл – и колку често.
- Никој не сака изненадувања, а особено не оние што се над вас. Ако проектот не оди како што сте планирале и ветувале, од клучна важност е на претпоставените што порано да им го јавите тоа. Мора да сте спремни дека работите нема да одат како што сте замислувале, но она што мора да го имате, е план “Б“.
- Луѓето можат да го загубат кредибилитетот многу брзо ако не ги исполнат очекувањата. Затоа бидете внимателни и кога ви се чини дека работите се одвиваат совршено.
Преземено од: Kapital.mk