ПроКредит Банка е меѓу првите банки во земјата која ќе овозможи СЕПА плаќања од октомври 2025


„Со членството во СЕПА се овозможуваат плаќања во евра во 41 земја членка на овој систем, со што се збогатува понудата на услуги на банката кои се современи, брзи и едноставни. Ова претставува потврда на нашата стратешка ориентација кон иновации и  дигитализација и е од особено значење за нашите клиенти и за македонската економија во целина“, изјави Маја Михајлова, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.

Очекувањата се дека ПроКредит Банка ќе започне со оперативно извршување на СЕПА плаќањата од октомври 2025 година.

ПроКредит Банка останува посветена на својата мисија – да обезбеди одржливи, иновативни и достапни финансиски услуги, во согласност со највисоките европски стандарди.



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *