Саше Николовски: Иновација, визија и општествена одговорност – Новото лице на тутунската индустрија


Капитал: БAT e глобален лидер во индустрија што доживува трансформација. Каде ја гледате улогата на македонската подружница во таа глобална стратегија?

Николовски: Како човек кој веќе 15 години е во индустријата, можам да посведочам дека индустријата се трансформира навистина брзо и по мое мислење на подобро за потрошувачите. Во моментот кога станав генерален менаџер на BAT за Македонија, Албанија и Косово, нашата понуда на производи се фокусираше само на традиционални тутунски производи.

Денес станува збор за портфолио кое ги рефлектира нашите инвестиции во иновациите и нашите напори одговорно да се прилагодиме на пазарните очекувања за помалку штетни* производи за полнолетните потрошувачи.

Кластерот кој го водам: Македонија, Албанија и Косово се релативно мал пазар во рамки на глобалното присуство на БАТ, но имаат исклучително значајна улога во спроведувањето на нашата визија за „A Better Tomorrow™“ и создавање на свет без чад.

Во изминатите две-три години, а особено во 2024, Македонија и Албанија, успеавме да ги ставиме на глобалната карта на БАТ како едни од ретките пазари во кои се достапни сите категории на производи со намален ризик* – електронскиот уред glo**, електронските цигари Vuse** за еднократна употреба, како и никотинските ќесички Velo**. Ова е силен показател дека нашиот регионален тим е целосно усогласен со глобалната трансформација на индустријата и дека Македонија, но и нашиот кластер имаат потенцијал да бидат модел за иновативен пристап и брза адаптација. Благодарение на нашата флексибилност и континуираната поддршка од глобалните тимови, нашите подружници се повеќе од оперативна единица – тие се вистински пример за тоа како се спроведува стратегија на терен.

Капитал: Како се менува побарувачката на пазарот? Забележувате ли засилен интерес за алтернативни производи и што значи тоа за иднината на традиционалните цигари?

Николовски: Регулаторниот и потрошувачкиот пејзаж се развива, со зголемен фокус на науката, стандардите за производите и преференциите на возрасните потрошувачи. Шведска е добар пример каде овој пристап веќе дава резултати – земјата има најниска стапка на пушачи во Европа и значително помал број заболувања поврзани со пушењето, благодарение на високата употреба на помалку штетни* алтернативи.

Побарувачката се пренасочува, а иновациите без чад сè повеќе стануваат избор број еден за луѓето кои не се подготвени целосно да се откажат од никотинот, но сакаат помалку штетна алтернатива.

Капитал: Регулаторниот пејзаж е сè посложен. Кои се најголемите предизвици со кои се соочувате во усогласувањето со европските и локалните регулативи?

Николовски: Се согласувам, регулаторниот пејзаж е сè посложен, особено во тутунската индустрија, каде што е од суштинско значење тесната и континуирана соработка со јавните здравствени власти за да се обезбеди целосна законска усогласеност , како и усогласеност со очекувањата на потрошувачите кои постојано еволуираат. Како компанија што работи на глобално ниво, ние целосно се придржуваме до националните и меѓународните регулативи, а нашите интерни корпоративни стандарди често се дури и построги од локалната законска рамка.

Еден од најголемите предизвици е потребата за усогласување со различни пристапи на различните држави – дури и внатре во ЕУ, каде што постојат заеднички регулативи, но нивната примена често варира. Токму ова ја истакнува важноста да постои отворен, транспарентен дијалог помеѓу индустријата, регулаторите, науката и здравствените институции, со цел создавање на рамка која е научно заснована и способна да го следи брзиот развој на индустријата.

Како одговорна компанија, особено сме посветени на спречување на малолетничка употреба на тутун и никотински производи. Во таа насока, спроведуваме строги внатрешни правила за одговорна продажба. Пример за тоа е нашиот иновативен проект YOTI – дигитална апликација за верификација на возраст, која веќе е имплементирана на продажните места И-новине во Хрватска, а наскоро ќе започне и во Босна и Херцеговина.

БАТ глобално ја води иницијативата „A Better Tomorrow“. Што значи оваа визија во практична смисла за македонскиот пазар и за потрошувачите тука?

     Николовски: „A Better Tomorrow™“ е глобална визија на British American Tobacco која ја води  трансформацијата на нашата компанија со цел да создаде свет без чад, односно одржлива иднина – за нашите потрошувачи, за вработените и за заедниците во кои делуваме. Во практична смисла, оваа визија значи активна работа за да им понудиме на полнолетните потрошувачи иновативни производи со потенцијално намален ризик*, како алтернатива на традиционалните цигари. Во нашиот регион, оваа стратегија се спроведува преку достапноста на современи бездимни помалку штетни* производи кои ги задоволуваат различните потреби на потрошувачите, а истовремено го поддржуваме информираното и одговорно донесување одлуки. 

    Капитал: Лично, што ве мотивира да водите компанија која се смета дека припаѓа во многу комплексна индустрија?

    Николовски: Трансформацијата е она што силно ме мотивира, бидејќи води кон подобар свет, а одговорноста што произлегува од тоа е дел од мојата мотивација. Работејќи во индустрија што е силно регулирана, и е под лупа на јавноста, значи дека секоја одлука треба да биде внимателно донесена, а секое дејствување треба да биде објективно и транспарентно во согласност со етичките и законските стандарди.

    Во компанијата, се придржуваме до вредноста „Do the right thing“ – секогаш да постапуваме исправно, дури и кога тоа е потешкиот пат. Тоа значи дека не само што ги следиме сите регулативи, туку често одиме и чекор понатаму од нив.

    На пример, нашите иницијативи како имплементацијата на дигиталниот систем за верификација на возраст YOTI, или лансирањето на платформата OMNI™, која се базира на научно базирани докази за помалку штетните* алтернативни производи, се јасен показател дека сме подготвени да преземеме конкретни и иновативни чекори за да ја заштитиме младата популација и да придонесеме кон одговорна индустрија.

    Капитал: Во оваа фаза на вашата кариера, кои вредности ги сметате за најважни при водењето тим и компанија?

    Николовски: Искрено, сè повеќе разбирам дека вистинското лидерство не се мери само преку резултати, туку преку вредностите што ги вградуваме во секојдневната работа и во  корпоративната култура. Од вредности би го издвоил интегритетот – без разлика на околностите, секогаш треба да постапуваме исправно. Тоа значи да се придржуваме до законите, етичките норми, но и до сопствените вредности.

    Среќен сум вредносите кои ги имам изградено во текот на животот и кариерата, а кои се базираат на интегритет, инклузија, развој, почит и соработка,  и кои се дел од мојот карактер, се дел од вредностите и културата на самата компанија и што можам секојдневно да ги применувам и споделувам – било да е во меѓусебните односи во рамки на компанијата или во односи со регулаторите, партнерите или потрошувачите.

    Адаптивноста и отвореноста кон промени се исто така важни за секој лидер кој секогаш треба да биде подготвен да се прилагоди особено во време кога индустриите – особено нашата, се менуваат со голема брзина.

    Капитал: БАТ неодамна ја претстави платформата OMNI. Каква е улогата на оваа платформа во трансформацијата на тутунската индустрија?

    Николовски: „Omni™ е платформа – продукт на БАТ кој е лансиран неодамна и е клучна компонента во нашата глобална трансформација од компанија која традиционално произведува цигари, кон компанија фокусирана на производи без чад – иновативни алтернативи кои имаат потенцијал да ја намалат штетата* од пушењето.

    Оваа платформа се темели на најновите научни сознанија и реални податоци, и служи како основа за информиран јавен дијалог, независни научни истражувања, регулаторни пристапи и едукација на возрасните пушачи. Omni™ ја поддржува нашата стратегија за одржлив развој и иновација. Преку Omni™, се надеваме дека ќе придонесеме и кон создавање на подобро информирано и поздраво општество.

    Капитал: Кои се вашите најголеми достигнувања како менаџер, а кои се целите што допрва сакате да ги реализирате?

    Николовски: Како менаџер, најголемото достигнување го гледам во успешно спроведената трансформација на нашиот локален бизнис – од традиционален модел кон иновативна организација која активно ги следи глобалните трендови и ја прифаќа визијата ‘A Better Tomorrow™’. Успеавме да го прошириме портфолиото со иновативни производи и да изградиме силен, мотивиран тим кој верува во нашата долгорочна стратегија.

    Во следниот период, мојата цел е да ја подигнеме информираноста за алтернативните производи користејќи научно базирани податоци од платформата OMNI™, да го унапредиме дијалогот со сите засегнати страни – особено регулаторите и јавноста – и да продолжиме со креирање на економска вредност и позитивно влијание врз заедницата. Верувам дека BAT има потенцијал да биде лидер во одржливиот развој, и тоа е патот по кој ќе продолжиме.

    Капитал: И конечно – што би им порачале на младите менаџери кои денес влегуваат во корпоративниот свет со амбиција да водат компании во променливи времиња, во индустрии кои континуирано се менуваат ?

    Николовски: Би им порачал пред сè да останат доследни на своите вредности – тоа е патот до секое автентично лидерство. Живееме во време на постојани промени и очекувања, најлесен е фокусот кон резултатите. Но, вистинскиот и долгорочниот успех доаѓа кога тие резултати се постигнати со интегритет, одговорност и почит кон луѓето.

    Променливите времиња не се пречка туку можност за раст.

    И најважно, секогаш да вложуваат во луѓето околу себе, затоа што силен тим и вистинска визија се клучот за успешно и одржливо лидерство.

    * Врз основа на тежината на доказите и претпоставувајќи целосно префрлување од пушење цигари. Овие производи не се безопасни и предизвикуваат зависност.

    **Овие производи не се без ризик, содржат никотин кој може да доведе до зависност.



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *