Како можеше поинаку да се потрошат 40 милиони евра за младите за бизнис?


пишува: Љупчо Зиков

Оскар Вајлд: Кога бев млад, мислев дека парите се најважното нешто во животот. Сега кога сум стар, знам дека е така.

Ова е само вовед, се разбира, во денешната тема – Младите и малку повозарасните за тоа дали за бизнис им требаат парите од Владата, или им треба нешто друго!? На пример – ЗНАЕЊЕ!.

Деновиве, како што сме информирани, објавен е јавниот повик од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кој се однесува на две нови мерки наменети за невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис. За граѓаните над 29 години се доделува грант од 430.500 денари (околу 7.000 евра), додека за лицата до 29 години поддршката е уште поголема – до 615.000 денари (10.000 евра) за започнување сопствена дејност. Така стои во соопштението …

Како што соопшти министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната прес-конференција во Владата, рокот за аплицирање е до 20 јуни, а право на учество имаат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, рурални жени, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, жени жртви на семејно насилство, повратници од странство и граѓани кои сакаат да ја формализираат својата дејност.

Она што е добро овде е што двете мерки вклучуваат и целосна поддршка преку обука за претприемништво, изработка на бизнис план и шестмесечно менторство, со цел граѓаните не само да добијат финансиска поддршка, туку и знаење и насоки за успешно водење на сопствен бизнис.

Ова е доволно за една наша подлабока анализа за тоа колку влијание за развојот на младите имаат парите, а колку знаењето. И што значи за овој процес континуираното знаење и стекнување вештини.

фото: freepik.com

На младите луге единствено нешто СВОЕ што им треба денес им е знаење и вештини, а не малку пари што не знаат што да им прават!?

Значи на младите под 29 години, па и на оние над 29 години (таква е границата на овој владин проект) им требаат места и проекти каде ке стекнат знаења за бизнисот, инвестициите, финансиите и начините како самите да ги завршат тие процеси. Многу пати досега во последните 30 години бевме сведоци на вакви проекти по кои единствениот заклучок на крајот бил дека после секој таков проект најголемиот процент од тие трансфери од државата кон приватни млади луге завршиле само просто во нивните џебови (без извештаи), а потрошени на солиден одмор на море … Оттука, ваквите проекти и денес, за кои владата деновиве најави пласман од 40 милиони евра (што е многу пари), не се до крај јасни, па се поставува прашањето каде завршуваат овие пари?

И какви тоа бизниси од 7000 до 10000 евра може воопшто да се подигнат на денешно време!?

На пример да тргнеме од најочигледното што треба да се прими на знаење. Ајде да отвориме големи теми во македонското општество … На пример, како преминуваме на картички, апликации и дигитален денар!?

Треба да се знае дека со книжните пари (парите во физичка форма) ке се оди уште малку, и тие наскоро одат во историјата како што во историјата отидоа флопи дисковите, VHS касетите и она „дојди да ти вратам кусурот со бомбони„.

Оттука, младите, на пример, денес ги тиштат многу проблеми (од каде кредитни картици кога тие немаат ни дебитна картица!!!!????) … А општеството и јавноста со право поставува конкретни дилеми за секаков ваков сличен проект.

На приемр еве една изјава на доктор: „Мојата клиентела во последните десет години е сè помлада и помлада. Ми вели имам 23 години, а ако прашате некого од моите, тој почнал да се коцка на 13-14 години. Првиот билет е платен на 13-14 години. Едноставно, седам дома во фотелја или на кревет, ја крадам личната карта на мајка ми, ја крадам картичката, отворам сметка и се коцкам со нив на интернет„!?

Од друга страна …. Живееме во време кога се повеќе плаќаме за сè со картички. Користиме банкноти сè помалку и помалку. Инвестираме во криптовалути. Праќаме пари и плаќаме преку апликација на телефонот.

Штедиме дигитално, инвестираме виртуелно и плаќаме бесконтактно.

Оттука, имаат ли младите луге во Македонија под 29 години и тиа малку над 29 години знаење и одговор на прашањето околу поврзаноста со фактот дека економијата се дигитализира, а од друга страна инфлацијата е сеприсутна (еве почна повторно да се крева, а сите се правиме „на Тошо„ како се дигнала инфлација, патем одговорот си го знаеме – еве одговорот се содржи и во овој текст, ако сакате …).

Па тогаш како може печатењето пари всушност да опстојува!? И која е улогата на НБРМ на чело со новиот гувернер Трајко Славевски, а каква ќе биде неговата улога во блиска иднина особено по изјавата дека НБРМ треба да ја следи политиката на Владата!? Што, пак сега, ова значи во светлото на овие доделени 7000 до 10000 евра за бизнис кај младите луѓе!?! И на уште многу други трансфери кои следуваат – 25- евра за секој студент, па други и други … Пари како што глдаме има за сите … И минималната плата ке се зголеми воопшто да не се секирате, и сите плати ќе се зголемат …!?

Сега …дали ќе ги броиме банкнотите во блиската иднина …? И каква вредност ќе имаат парите!? За се ова треба знаење … овие дилеми брзо ке не окупираат. Побрзо од што мислиме. Можеби и буквално утре.  Тоа е новата голема тема во светот која ке се развие во светлото на сите нестабилности, брутални војни на кои сме сведоци, во светлото на новите војни кои се подготвуваат ….

Оттука се поставуваат прашањата – за какви бизниси ние воопшто зборуваме? И што е тоа што можеш денес да подигнеш, и развиеш со 10.000 евра!? Нели е ова малку демагогија.

фото: freepik.com

Кои се другите потребни знаења за финансиите денес?

Современите финансиски системи се сè посложени и некако се чини дека обичниот човек има сè помалку увид во тоа како функционираат. Значи, прашањето е дали парите станаа инструмент што алгоритмите го разбираат подобро од луѓето и што значи тоа за секојдневната финансиска писменост? Во моментов  е дигитализација, збор што го слушаме толку многу пати, скоро секој ден, особено кога зборуваме за овие парични трансакции, и од друга страна тие виртуелни пари што често не ги гледаме, но сме подготвени да ги потрошиме.

……Денес е потребна таа финансиска писменост, дигиталната финансиска писменост, е нешто што мора да биде составен дел од нашата општа писменост. Би рекол и дека децата во градинка и основно училиште веќе треба да почнат да учат за тоа, бидејќи тоа е сегашност.

А што ќе се случи во следните 20 години? На пример, во Кина од 1 септември годинава ќе биде задолжително да се учи како да се програмира вештачка интелигенција. Значи, Кина ќе биде првата земја во светот што ќе воведе во училишниот систем не само како да се користи вештачка интелигенција, туку всушност и како да се програмира, што повторно покажува во која насока ќе оди овој свет, и како една од најнаселените земји во светот да го прифаќа тоа. Значи сè е јасно. И тогаш каква е корелацијата помеѓу тоа која е брзината на парите?

Во зависност од генерациите, децата што се раѓаат, можеби всушност нема да знаат за физички пари. Тие не знаат повеќе отколку што го гледаат тој виртуелен свет на YouTube и сè друго. Начинот на информирање на комуникацијата е различен, па затоа е помалку чуден начинот на прифаќање на тој виртуелен свет. Тоа е нешто сосема нормално.

И сега ок ќе им дадете 10000 евра, демек да почнат бизнис, па што…Тоа е многу слично на бинарен систем од нула или еден. Нема ништо помеѓу. И тоа е почетокот!

Што друго клучно за отпочнување бизнис!?

Инвестициите порано беа долгорочни и стратешки, но денес тие често се брзи, ризични, дури и импулсивни. И дали тоа го менува самото значење на инвестирањето?

Се менува, сериозно се менува. Пред десетина петнаесет години претпочитавме да читаме некои весници, извештаи (Financial Times, на пример), сè додека немаше добар интернет па подоцна со него дојде до развој на веб платформите, апликации, социјални мрежи, денес веке ВИ (Вештачка Интелегенција), алгоритми за конкретни проекции на идното движење на цените и индексите на акции!

Значи, денес, благодарение на вештачката интелигенција, блокчејн технологијата, апликациите што постојат, тоа е многу побрзо, поефикасно. Сето ова што го гледаме сега, носи одредена доза на ризик дека сме сигурни во одлуките што ги донесуваме, но од гледна точка на, просечниот инвеститор, денес се помалку разговараме со институционални инвеститори (фондови на пример), оти мислиме дека се знаеме. Но она што е фрампантно што во состојба на на никакв а финансиска писменост, катастрофални се и податоците за тоа како лугето во Македонија ги користат своите пари. Тие или се на сметка во банка или се под перница. Гражаните не се ни свесни за можностите за инвестирање во обврзница (домашна нема а странски има колку сакате), акција домашна или странска, инвестиции други во бизниси … Фрапантен е податокот дека во акции во Македонија инвестираат под 1% од граѓаните. На едно место во едно регионално балканско списание сретнав дека во Македонија во акции инвестираат нешто над 4000 лица … И ние зборуваме за берзанско тргување … Македонските граѓани од незнаење се претворија во „неми посматрачи на она што го играат тешките блок инвеститори„. И аплаудираат од трибините. 

Кога зборуваме за инвестиции, секогаш мислиме на доверба, пари, доверба, инвестиции, доверба, и не го гледаме тоа најдобро.

Зошто не државна работа? Структурните слабости на домашната економија. И ова знаење е важно за младите луѓе за да не се предомислат кога ке почна свој бизнис, мислејки дека секогаш преку партијата ке си влезат на државно!?

Се прашуваме од каде да тргнеме да менуваме, и кои се моментално најголемите предизвици за економската одржливост на мала отворена економија како македонската? Во услови кога ни се потребни толку многу нови приватни фирми и развивање на сегментираните пазари во Македонија, а интерес се помалку има за приватно, оти младите сакаат да работат во јавните претпријатија и државната администрација … Страшно.

Денес сеуште по независноста од 1991 јавните претпријатија кое е во сопственост на државата е непрофитабилно (секоја чест на некои и неколку исклучоци, но тоа се високо регулирани јавни компании со посебни закони, регулативи и правила). Денес тие и јавната администрација служат за политичко (партиско) вработување.

Тие ентитети со се администрацијата се лицето на овој економски, и ако сакате политички систем. Тие се како вишок тежина од 30 до 50 килограми што мора да ја носите, а не ви треба.

Затоа наскоро со реформите за членство на ЕУ први на удар ке дојдат тие … Многу млади луге за жал ке останат без работа … Но што потоа? Затоа што … Кое сакате јавно претпријатие погледнете го има приближно пет до седум пати повеќе вработени од слична компанија на Запад. Тоа е рак рана. Не може да се зборува за раст поголем од 3%-4%, за 6% и да не разговараме, ако тој проблем не се реши. Продуктивноста во јавните претпријатија е катастрофална.

Зарем треба да се чека, не знам, приватниот сектор да стане 90% во споредба со државниот сектор!? Со ова темпо тоа ке се случи за 60-70 години. Значи уште долго време ќе бидеме на ова ниво. Во клубот на најсиромашните земји во Европа.

фото: freepik.com

Се враќаме на почетокот, за знаењето и воспоставувањена адекватен систем на образование!

Следниот голем проблем на ова општество е што нашиот број на образовани луѓе е еден од најниските во Европа. Ние секогаш се караме за проценти, а треба гласно да викнеме дека нашиотнајголем предизвик е како да ги зголемиме капиталните инвестиции во образованието.

Колкав е процентот на образовано население во Македонија?

Некоја анализа пред четири години со деведесет отсто точност покажала дека РЕАЛНО образувано население е 5,5%. Отфрламе лажни дипломи, лажни докторати, лажни сите тие глупости, и добиваме околу 5,5%.

Оттука, не постои слепа среќа со тоа ниво на образование. Целиот образовен систем во Македонија, од основно до средно училиште е за ремонт. Погрешен избор на предмети. Промашено. Децата се преоптоварени, и поради тоа, преоптоварените често се откажуваат од образованието затоа што искрено учат глупости во предметите овде.

Еве еден пример што ми го кажува пријател. Мојот син има седум предмети во англиското училиште каде учи. Некои од неговите пријатели во македонско училиште имаат од 14 до 17 предмети. Англискиот јазик на тестовите PISA е буквално светлина во годината што е пред нас.

Ние во Македонија едноставно не можеме ниту обичен модел да го копираме. Затоа, за економијата и за сè друго што следи, па и за квалитетно искористување на овие 40 милиони евра вбризгани кај младите луѓе за бизнис од 7000 до 10000 евра (!?) потребно е прво имаме образован кадар, процес на дефинирање на реформина образование, воведување на финансиско образование од најрана возраст, па потоа сè друго.

Ние велиме дека немаме млади луѓе. Ни бегале секојдневно во странство. Па ние немаме ни доволно образовани луѓе!? Тогаш кој да почне бизнис во Македонија?

Како заклучок. Денес е многу важно за економијата да имате образовани луге  кои почнуваат бизнис, како и образуван кадар кој бара работа. Значи парите се најмалиот проблем, еве гледате … македонската Влада има 40 милиони евра за грантови за оние кои сакаат да почнат свој бизнис, да имаат свое нешто (како што велат во Владата). Дали овие пари се доволни за почеток на создавање на „свое нешто„ времето ќе покаже. Но она што времето сигурно ќе го покаже дека без знаење и веѓтини Владата и по сто илјади евра да ви даде … тие ке завршат во промашена инвестиција, лош стартап без иднина, или не дај боже ке бидат ефектно инвестирани во развојот на казино индустријата низ Македонија која и сега е за „поздравување колку е јака„! Од казината ноќеска излегуваат претежно млади пијандури …

Доволно причини за менување … така? Па ајде да ги засукаме ракавите, особено оние што работат со млади луѓе! Од друга страна, еве, слушате и гледате како се однесуваме кон парите. Така се однесуваме и кон сопственото време и кон сопствените вредности. Еве една задача за сите нас.



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *