„Шпаркасе Банка со наградна игра за младите: Вајбај и патувај на Егзит!“


  • 5 × 2 ВИП пакети за Егзит фестивалот со ексклузивно ВИП-искуство
  • 10 × 2 редовни влезници + 200 евра на сметка

Со оваа иницијатива, Шпаркасе Банка повторно го нагласува својот стратегиски фокус на младите, поттикнувајќи ги да ја градат својата иднина со самодоверба, слобода и визија. Преку пакетот за млади Vibe On, Банката нуди практични алатки за паметно и сигурно управување со финансии, приспособени на динамичниот стил на живот на новата генерација.

„Во Шпаркасе Банка веруваме во младите и ја слушаме нивната енергија. Преку пакетот за млади Vibe On и оваа наградна игра, не само што ги поддржуваме во нивната секојдневна финансиска независност, туку и им нудиме доживувања што инспирираат. За нас, иднината започнува токму со нив“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.

Во свет што се менува со сè побрзо темпо, младите луѓе бараат партнери што ги разбираат. Шпаркасе Банка ја препознава таа потреба и се позиционира како верен сојузник на младите во нивниот личен и професионален раст.

Вајбај со стил, плаќај со Visa и патувај на Егзит!

Повеќе информации за наградната игра и правилата за учество: www.sparkasse.mk



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *