Импресивниот раст на Семос едукација со кој компанијата се позицинира на светско ниво! – Kapital.mk


Валентина Тасева, Директор на Семос

Наградата најдобар едукативен ИТ центар на глобално светско ниво беше воспоставена глобално пред две години, и двете години, 2023  и 2024 година. Семос Едукација е добитник на истата.

За мене лично, како некој кој што ја раководи компанијата во изминатите 30 години, е признание и гордост дека од Македонија, од Балканот, една малечка компанија, може да стане голема компанија, може да стане глобален играч, доколку сите години останува да биде квалитетен партнер на своите клиенти, ги почитува глобалните правилата во бизнисот, ги почитува сите чинители на еден пазар и во една индустрија, почнувајќи од клиентите, добавувачите, па сѐ до конкуренцијата. Искрено се надевам дека ваквата награда, може да биде поттик и за други македонски и балкански компании, да стремат кон светските достигнувања.

Меѓу другото, една од придобивките на оваа награда е дека на почетокот на февруари, јас сум поканета во седиштето на Microsoft, во Сиетл, на средба со сите главни директори на Microsoft Learning, како член на тим од 6 претставници, каде што ќе се зборува за иднината на ИТ едукацијата и влијанието на ВИ вештините врз општеството.

Наградата донесе бенефит и на компаниско ниво – ги валидираше нашите напори, стана признание до тимот на Семос Едукација за нивниот труд и посветеност. Но, ни донесе и нови глобални клиенти, дел од нив обезбедени од страна на Микрософт и ЛЛПА. Пример, деновиве ги интензивираме разговорите со компании од Ирска, а токму пред почетокот на 2025 година, склучивме годишен договор со партнер од Данска.

Капитал: Како ја дефинирате улогата на Семос Едукација во контекст на брзите промени во технологијата и кои се главните стратегиски цели на компанијата за следните 5 години?

Тасева: Улогата на Семос Едукација во годините кои доаѓаат ја гледам во неколку насоки.

Во основата на сè што работиме е нашиот слушател кој посетува ИТ обука самостојно или преку неговата компанија и исполнување на неговата потреба и желба да ги  совлада и користи придобивките од најновите ИТ технологии на кое се потпира модерното дигитално работење.

За да можеме да го постигнеме ова, ние како компанија сме постојано во чекор со најновите технолошки трендови и обезбедуваме супериорна едукација кои, од една страна за компаниите значат бизнис трансформациј, а од друга страна се личен професионален развој на поединецот. Тука пред сѐ, спаѓаат вештачката интелигенција (ВИ) и вештините кои се неопходни за да се користи или создава ВИ и нашата улога во полето на ВИ едукација.

Визијата за нашата компанија во годините што следат не се ограничува ниту само на македонскиот пазар, ниту пак на регионалниот балкански пазар. Ние имаме визија која полека, но сигурно се остварува, да бидеме силен интернационален бренд.

Во контекст на претходното, компанијата има неколку стратешки цели за 2025 и за годините кои доаѓаат:

Се очекува набргу да се преселиме во центарот на Скопје, во сосема нов простор, кој веќе го нарекуваме Семос Дом на знаењето и на иновациите.

Годинава ќе го прославиме и нашиот 30-ти роденден, многу сериозен јубилеј, со освежен бренд, нова комуникациска стратегија кон домашниот, регионалниот, но и интернационалниот пазар, проект кој се изработува заедно со агенцијата Меккен Скопје,

Се очекува зголемено, понатамошно ширење надвор од границите на нашата земја, во Западна Европа, но и глобално, на други континенти.

Имајќи во предвид дека имаме две канцеларии, една во Скопје и една во Белград, интензивно работиме да ги поврземе сите активности од маркетинг и продажба, со цел да пристапиме до многу клиенти и компании во регионот на Западен Балкан.

Обуките, консалтингот и примената на Вештачката интелигенција, се на врвот на приоритетите во 2025 година, но се подразбира дека нашиот фокус ќе биде и на останатите технолошки трендови, почнувајќи од ИТ безбедност, работење во клауд, па сѐ до креативните индустрии, БИМ технологии, дата анализа и напредното користење на Excel.   

И на крај, една од стратешките цели на компанијата е сопствен понатамошен развој и дигитална трансформација на компаниите во рамки на Семос Едукација, со фокус на ВИ.  

Капитал: Како Семос Едукација се позиционира на домашниот пазар во однос на конкуренцијата, и што ве мотивира да бидете лидер во секторот за едукација и технологија?

Тасева: Следејќи ја визијата да бидеме секогаш во тренд со најновите технологии, истовремено следејќи ги потребите на нашите индивидуални клиенти, и на компаниите дома, во регионот и во странство, Семос Едукација настојува да се позиционира како партнер кој ќе обезбеди многу производи, многу обуки за сите технологии, за сите целни групи, почнувајќи од најмладите, средношколците, студентите и невработените, па сѐ до најнапредните ИТ професионалци во компаниите.

Од конкуренцијатата нѐ двојат многу нешта. Ние немаме фокус само и единствено на Академии. Нашата понудата е сеопфатна, над 400 обуки наменети за сите индустрии. Само мал пример се дата анализа и напреден Excel за секторот финансии, БИМ технологиите наменет за градежништво и архитектура, па сѐ до обуки за ВИ наменети за секој бизнис корисник.

Длабокото познавање на технологиите и нивната имплементација во бизнис процесите, кои ни ја нудат и можноста да предаваме и во странство. Сето искуство и знаење што го добиваме глобално, го пренесуваме регионално во сите земји од Западен Балкан, а особено во Македонија затоа што македонските слушатели и компании за нас отсекогаш биле и ќе останат на врвот на приоритетите.

Нашата конкурентска предност е и комбинацијата од следливост на најновите технолошки трендови, врвни наставни програми, настава водена од сертифицирани инструктори, како и блиска соработка со водечките технолошки брендови како што се Microsoft, AWS, Cisco, EC-Council и други.

Посебно се издвојуваме со тоа што обуките се изведуваат во реално време, каде што предавањата ги изведува предавач, што пак овозможува интерактивно учење, можност за слушателот да праша, да ја направи вежбата, да го совлада материјалот во тек на часот.

Капитал: Што постигна Семос Едукација во изминатата 2024 година?
Тасева: Семос Едукација е компанија која во изминатите 30 години следи и става фокус на неколку клучни точки како што се: потребите на клиентите и најновите ИТ трендови и технологии. Тоа е можно доколку е реализирано од врвен тим на посветени професионалци вработени во компанијата.

Целите се преточени и низ бројки, следени од страна на Одделот за финансии и Одделот за дата анализа, со цел не само да ја потврдиме пoзицијата на тренинг центар број 1 во југоисточна Европа, туку и да си потврдиме самите себе си, дека сме на добар пат.

Затоа знаеме дека во 2024 година, низ нашите обуки поминале скоро 12.000 слушатели, од различни целни групи. Дел од нив ги избрале Семос Академиите, со цел најчесто преквалификација во една од модерните 18 професии. Тука се и 900 деца и средношколци, чија цел е завршување на средното образование поседувајќи сериозна дигитална писменост, со која се стекнуваат во Семос Детскиот Едукативен Центар.

Обуките во минатата 2024 година ги посетиле и вработени во 315 компании од  Македонија, и 27 компании од над 20 земји, а најголем дел од нив од Холандија, Норвешка и Германија, барајќи нѐ најчесто за обуки за ВИ, Микрософт Копилот, ИТ безбедност или пак дата анализа.

Денес ние броиме скоро 50 вработени во двете канцеларии, каде што обуката се спроведува од 250 искусни предавачи.

Интернационално, како еден од членките основачи на Асоцијацијата на ИТ тренинг центри, Leading Learning Partners Association (LLPA), дел сме од глобална мрежа која ја поддржува ИТ едукацијата и иновацијата во технологијата. Неодамна добивме престижна награда од LLPA, „Most Valuable Member 2024”, во конкуренција на тренинг центри од 55 земји од светот, која ја потврдува нашата посветеност кон обезбедување висококвалитетни обуки, што пак се должи на длабоко познавање на сите елементи на ИТ образованието.

Меѓу другото, оваа награда доаѓа како резултат на фактот што Семос Едукација беше еден од првите тренинг центар во светот кој што одржа обуки за користење на ВИ и Microsoft Copilot, споделувајќи го своето искуство и трасирајќи го патот за останатите тренинг центри.

Капитал: Што значи за Семос Едукација и за вас лично признанието за најдобар тренинг центар и каква порака испраќа оваа награда до вашите партнери, клиенти и вработени?

Оваа награда беше воспоставена глобално пред две години, и двете години, 2023  и 2024 година,  Семос Едукација е добитник на истата.

За мене лично, како некој кој што ја раководи компанијата во изминатите 30 години, е признание и гордост дека од Македонија, од Балканот, една малечка компанија, може да стане голема компанија, може да стане глобален играч, доколку сите години останува да биде квалитетен партнер на своите клиенти, ги почитува глобалните правилата во бизнисот, ги почитува сите чинители на еден пазар и во една индустрија, почнувајќи од клиентите, добавувачите, па сѐ до конкуренцијата. Искрено се надевам дека ваквата награда, може да биде поттик и за други македонски и балкански компании, да стремат кон светските достигнувања.

Меѓу другото, една од придобивките на оваа награда е дека на почетокот на февруари, јас сум поканета во седиштето на Microsoft, во Сиетл, на средба со сите главни директори на Microsoft Learning, како член на тим од 6 претставници, каде што ќе се зборува за иднината на ИТ едукацијата и влијанието на ВИ вештините врз општеството.

Наградата донесе бенефит и на компаниско ниво – ги валидираше нашите напори, стана признание до тимот на Семос Едукација за нивниот труд и посветеност. Но, ни донесе и нови глобални клиенти, дел од нив обезбедени од страна на Микрософт и ЛЛПА. Пример, деновиве ги интензивираме разговорите со компании од Ирска, а токму пред почетокот на 2025 година, склучивме годишен договор со партнер од Данска.

Капитал: Како Семос Едукација се прилагодува на глобалните трендови и локалните предизвици во образовниот сектор и кои технологии сметате дека најмногу ќе влијаат на начинот на учење и работење во наредната деценија?

Тасева: Се појавуваат неколку трендови кои значително ќе го сменат начинот на кои живееме и работиме. Такви се вештачката интелигенција, блокчеин технологиите, ИТ безбедноста ќе игра сѐ поголема улога, податоците со кои се среќаваме секојдневно ќе бидат третирани на сосема различни начини.

Јас би се задржала само на вештачката интелигенција, затоа што многу брзо нема да говориме само за дигитална писменост, туку ќе говориме за ВИ писменост. ВИ не е технологија, туку е бизнис трансформација за компаниите, но и промена на начинот на живот и работење за секој човек глобално. Компаниите, во 2025 година, веќе се наоѓаат во една од четирите фази:

Компании, заедно со своите вработени, кои воопшто немаат допир со ВИ, чиј што број се намалува од ден на ден.

Компании кои не користат ВИ, но пак нивните вработени користат ChatGPT во своето секојдневно работење.

Компании кои веќе настојуваат да воведат промени преку користење на АИ.

Компании, кои имаат јасна стратегија за примената на ВИ, но и веќе користат ВИ во разни сектори и процеси.

При тоа, не зборуваме само за ИТ компаниите, туку зборуваме за сите компании, од сите индустрии. Од овие причини, вештините од ВИ ќе стануваат сѐ поважни и понеопходни, до моментот додека ВИ не го замени и самиот процес на образование.

Ние настојуваме нашите обуки за ВИ да одговорат на различни целни групи. Од една страна ги имаме крајните корисници кои буквално можат да бидат од сите сектори како: образование, финансии, маркетинг, производство, продажба …. и кои сакаат да научат како да ја применат вештачката интелигенција во нивното секојдневно работење, како што се: создавање на креативни содржини, оценување на тестовите на учениците, анализа на податоци, креирање на маркетинг кампањи, оптимизација на процеси или автоматизација.

Од друга страна имаме технички лица кои сакаат да ги развијат своите вештини за создавање и интеграција на ВИ решенија, со акцент на машинско учење, обработка на природен јазик и развој на паметни апликации.

При имплементацијата на ВИ, нагласуваме дека сајбер-безбедноста е клучен фактор. И затоа, дизајниравме Академија за АИ, но и за сајбер безбедност, со кои создаваме нови кадри, но пак и ги дообучуваме професионалците како да ги заштитат системите од потенцијални закани, како и како да ги минимизираат ризиците кои доаѓаат со автоматизирани процеси и управување со чувствителни податоци.

Дополнително, особено внимание посветуваме на етичките аспекти на ВИ. Вештачката интелигенција треба да биде развиена и применувана со почит кон приватноста, транспарентноста и праведноста, за да се осигура дека технолошките иновации се користат за доброто на општеството.

Нашата улога е не само да ги подготвиме нашите клиенти за овие промени, туку и да им помогнеме да станат лидери во своите индустрии, кои одговорно и иновативно ги користат најновите технологии.

Капитал: Кои се уникатните предности на вашите програми кои ги издвојуваат од останатите на пазарот и каква е важноста на партнерствата со глобални компании како Microsoft, AWS, Cisco и EC-Council за успехот на Семос Едукација?

Тасева: Нашите програми, во огромна мера, се создадени од страна на глобалните технолошки гиганти, што гарантира релевантност и практичност. Дополнително, наставата ја водат сертифицирани експерти со долгогодишно искуство, а учесниците добиваат пристап до најновите лабораториски вежби, алатки и технологии.

Овие партнерства се клучни за нашиот успех бидејќи ни овозможуваат пристап до најновите технологии, методологии, а на слушателите им овозможуваат и добивање на глобално признаен сертификат или беџ што пак понатаму може да се користи за унапредување во кариерата.

Капитал: Можете ли да ни кажете повеќе за соработката со јавните институции и како влијае на развојот на ИТ секторот во земјата?

Тасева: Соработката со јавните институции е значајна за развој на локалниот ИТ екосистем. Но, мора да се признае дека таа не е голема.

Само мал дел од институциите ја зголемуваат продуктивноста во своето работење, преку зголемување на дигиталните вештини на вработените во институцијата.

За истакнување е Агенцијата за вработување на РСМ, која со години создава ИТ професионалци, при тоа често создавајќи и целосно нови индустрии кои имаат сериозен импакт врз економијата, но и врз извозот на дигитални услуги.

Капитал: Како го гледате развојот на концептот за доживотно учење (Lifelong Learning) и кои се вашите предвидувања за тоа како ќе изгледа образованието за 10 години?

Тасева: Доживотното учење станува сé поважно, особено во ера на брзи технолошки промени. Во Македонија гледаме сé поголема свест за потребата од постојано надградување на вештините, а ние сме тука да ја поддржиме оваа промена преку достапни и релевантни програми. Образованието за 10 години ќе треба биде значително дигитализирано, интерактивно и персонализирано. Ќе видиме поголема интеграција на вештачка интелигенција и виртуелна реалност, што ќе овозможи поефикасно и забавно учење.


Лични прашања

Капитал: Кој е вашиот личен „рецепт“ за успех?

Тасева: Посветеност, постојано учење и тимска работа. Верувам дека успехот доаѓа кога сте отворени за нови идеи, чија реализација мора да се базира на знаење и учење, секогаш се трудите да бидете подобри од минатото, но тоа мора да биде постигнато во соработка со тимот и базирано на почит кон сите чинители.

Капитал: Кој момент или одлука во вашата кариера сметате дека најмногу придонесе за вашето професионално патување?

Тасева: Одлуката да се занимавам со, и да практикувам ИТ едукација, базирана на технологии, кои постојано се менуваат, а при тоа ги менуваат општествата, беше клучна, и секогаш возбудлива. Втората значајна одлука за мене беше кога одлучив да учам бизнис практики и менаџмент. Технологиите без бизнис знаење не се доволни, но и обратно. Познавањето на овие две области, дава огромен простор за неограничен раст, што е исклучително мотивирачки и инспиративно.

Капитал: Како ги негувате креативноста и иновациите во вашето секојдневие?

Тасева: Со постојано учење, слушање на идеи од мојот тим и отвореност кон нови пристапи. Креативноста доаѓа кога постои доверба и слобода за експериментирање.

Капитал: Што е она што најмногу ве прави горди кога ќе погледнете наназад на вашата кариера?

Тасева: Можноста да инспирирам и да помогнам на стотици илјади луѓе да ја најдат својата професионална патека, да го подобрат својот живот, а на десетици илјади компании да опстојат, да пораснат, да допринесат кон подобро утре за сите нас.

Капитал: Како останувате мотивирани и инспирирани за време на предизвици и турбулентни периоди?

Тасева: Секој аспект од животот содржи успони и падови, среќни моменти, моменти на успех, па соодветно на тоа и моменти на предизвик и на турбуленции. Јас ова го сфатив многу рано, се радувам на успесите и растот, а ги решавам предизвиците и ги прифаќам како дел од животот.  

Капитал: Кои се најголемите предизвици со кои сте се соочиле како директор на Семос Едукација, и како ги надминавте?

Тасева: Еден од најголемите предизвици беше екстремно брзиот раст кој ни се случи за време на короната. Компанијата порасна од 20 вработени на 50 вработени. Соработувавме со 4048 слушатели во 2019 година, и 9600 слушатели во 2020 година.

Растот, сам по себе, иако е големо задоволство, значи и огромен предизвик. Нам ни требаше скоро 3 години за да го стабилизираме и контролираме растот, преку сериозна дигитална трансформација на компанијата, воведување на ЦРМ систем, многу сериозен Оддел за дата анализа кој изготвува околу 50 извештаи на кои се темелат одлуките во Семос Едукација.

Капитал: Што би им советувале на младите кои сакаат да градат кариера во IT или да основаат свој стартап?

Тасева: Да бидат упорни, да учат постојано и да не се плашат од неуспех. Технологијата е поле кое нуди бескрајни можности.





Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *