Сташа Божиновска со изложбата „ДУМА“ во Тирана: накит инспириран од зборот, во чест на македонскиот јазик


Изложбата беше дел од свечената програма по повод 5 Мај – денот кога во 1945 година е донесено решението за македонската азбука, клучен момент во процесот на официјализација и стандардизација на македонскиот јазик.

Колекцијата „ДУМА“ ги оживува подзаборавените зборови – како „Абер“, „Бакнеж“, „Ѕуница“, „Џагор“ – преку дизајнерски јазик што ги претвора зборовите во симболични парчиња накит од сребро. Преку спој на современи форми и традиционална естетика, проектот „Азбучен споменар“ го става македонскиот збор во срцето на визуелната уметност. Настанот беше организиран од Амбасадата на Република Северна Македонија во Албанија, Културно-информативниот центар во Тирана и Лекторатот по македонски јазик при Универзитетот во Тирана



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *