Нулта толеранција на корупцијата, 5% економски раст годишно, пристап до ЕУ и ефикасна јавна администрација беше порачано од Самитот „Македонија 2025“


Реални се шансите за економскиот раст на државата за првиот квартал, врз основа на првичните индикатори, да биде меѓу 3%, 4%. 5%  и да бидеме едни од најдобрите во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од самитот „Македонија 2025“, што се одржа минатата недела во Скопје.

Според него, ако состојбата во европската економија, особено во автомобилската индустрија се подобри, тогаш има шанси за уште повисоки перформанси што ќе се движат меѓу 5% и 6%.

Мицковски типува на Македонија како голема крстосница во која, како што рече, се испреплетуваат коридорите 8, 10 и 11 што е, дополни, многу важно за јужното крило на НАТО и затоа нашите идни напори ќе бидат насочени кон интензивен развој на инфраструктурата.

Отприлика во то правец деновиве одат и најавите за потпишување на стратешкото партнерство со Велика Британија.

„Имаме потенцијал и со перформансите сме пред сите други. Првата година од мандатот беше многу тешка и полна со предизвици зашто ни требаше да го сопреме слободниот пад со кои се соочуваше државата и нереално е да почнуваме со реформи кога се уште решаваме на основни, суштествени проблеми“, вели Мицковски и додава:

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици втемелени на постигнувања или друг тип критериуми што важат за другите земји кои станале или се во процес да станат земји членки.

Извршната директорка на Македонија 2025 Никица Мојсоска Блажески во воведното обраќање на самитот рече дека визијата за домашната економија е нулта толеранција на корупцијата, 5% економски раст годишно, пристап до ЕУ и ефикасна јавна администрација.

Подвлече дека корупцијата е најголем проблем во државата, но земјава сè уште нема консензус каква економија сака.

„Бизнисмените и натаму се перцепираат како профитери, а не како креатори на работни места. Има прогрес во Македонија, но другите растат побрзо од нас. Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам, работниците бараат повисоки плати, но не зборуваат за подобрување на нивните вештини. Лесно е да се обвинуваат соседите, Владата, но сите придинесуваме за тоа колку ќе просперира државата. Оваа Влада почна болни реформи, верувам дека гледа малку подалеку од изборниот циклус“, истакна Мојсоска Блажески.

Самитот Македонија 2025 годинава  го отвори Виктор Мизо, претседавач на Бордот на директори кој најави ребрендирање на Македонија 2025.

„Има уште многу работа за Македонија да просперира, повеќе странски инвестиции, реформи во здравството и образованието, владеење на правото, борба со корупцијата“, порача Мизо, нагласувајќи ја добрата соработка со Владата.

Во фокусот на самитот се забрзување на економскиот раст, дигитализација, вештачка интелигенција, иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал со паметни инвестиции, улогата на дијаспората во националниот раст. Учесниците ќе дискутираат и за децентрализација на моќта – иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, за редефинирање стратегии, за странски директни инвестиции, како и за образование на иднината – обликување лидери, мислители и иноватори.

Стратешко созревање – каде сме и каде одиме? Лидерството и човечките ресурси како главни постулати за економски раст и развој, преку примерот на Живко Мукаетов и Алкалоид

Посебно интересен беше вториот панел од Самитот „Македонија 2025“. Во фокусот ги имаше историјата на организацијата Македонија 2025, скромните почетоци и големите чекори кои ги прави со една цел – градење на посилна нација!

„Ним не им треба претставување. Тие се врвни бизнис-лидери, патриоти со длабока посветеност и искрена страст за придонес кон напредокот на нашата татковина“, гласеше заедничкиот содржател со кој модераторот Боријан Борозанов го најави учеството на Мајк Зафировски, Џон Битов Јуниор и Живко Мукаетов на вториот панел на Самитот „Македонија 2025“ насловен „Стратешко созревање – каде сме и каде одиме?“

Зафировски ги лоцираше почетоците на идејата за организацијата во 2002 година, кога поранешниот претседател Борис Трајковски, а подоцна и Бранко Црвенковски упатуваат апел до македонската дијаспора за поддршка на државата. Џон Битов Сениор во 2006 година ја иницира идејата за формирање на организација во која ќе членуваат професионалци кои ќе работат на промовирање на економскиот развој на Македонија, изјавувајќи: „Оние што даваат ќе добијат за возврат сѐ додека даваат од сè срце“. Според Џон Битов Јуниор, една од поважните придобивки од оваа организација е Самитот кој од 2012 година се одржува во Македонија, а кој годинава во фокусот има брилијантни бизнис-приказни. „Напорната работа и интегритетот е она што треба да ги движи Македонците. Македонија е мала, но тоа треба да го сметаме за предност во поглед на мобилизацијата и шансите за успех“, изјави Битов.

Живко Мукаетов, пак, како локален член со најдолг стаж во „Македонија 2025“, потенцираше дека најважното нешто кое го задржало сите 14 години од неговиот мандат е визионерското единство на членовите, нивната љубов кон татковината и огромната желба да придонесат за нејзин раст и развој. „Џон Битов Сениор го запознав во Торонто во 2012 година за време на мојата презентација пред Бордот на организацијата. Сè уште ги помнам неговиот оптимизам, желбата, волјата и посветеноста за просперитет на нашата земја. Воодушевен сум од ентузијазмот на Мајк, Џон и останатите, а фактот дека ‘Македонија 2025’ придонесува за моделирање на идната генерација македонски лидери, го сметам за додадена вредност на организацијата. „За мене ’Македонија 2025’ е движење силно водено од визија, акција и заедничка љубов кон татковината“, истакна Мукаетов.

Лидерството и едукацијата oд страна на учесниците во салата беа посочени како двата главни постулати за економски раст и развој. Посочувајќи го „Алкалоид“ како национален шампион на бизнис и економски план, Борозанов го побара рецептот за успех на „Алкалоид“:

„Накратко, тоа се стратешката дисциплина, континуираните инвестиции во квалитет, производствени капацитети, врвна технологија и во кадар, пред сè; усогласување и придржување кон строгите меѓународни стандарди, без никаква импровизација. Направивме диверзификација на пласманите за да ја намалиме зависноста од домашниот пазар и да поттикнеме одржлив раст. Со изградба на капацитетите за полусинтетски цефалоспорини, за кои во моментов сме водечки производител во Европа, изборот на Британската регулаторна агенција како референтна и дигитална трансформација, заедно со вложувањата во таленти и истражување и развој, успеавме  да се иновираме, да се позиционираме на регулирани пазари и да растеме во динамична индустрија“, гласеше одговорот на Мукаетов.

Овогодинешниот самит „Македонија 2025“ во Скопје собра над 700 учесници од бизнис-заедницата, политиката и академската јавност. Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ е член на оваа think & do tank организација од декември 2011 година.

Вештачката интелигенција ја менува глобалната слика  – Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија на Самитот Македонија 2025

Во моќен говор под наслов “The New Era – How AI Redefines Our World” Методја Мирчев, главниот извршен директор на А1 Македонија го изложи огромното влијание што вештачката интелигенција ја има врз индустриите и економиите низ целиот свет.

Обраќајќи се на публиката во преполната сала, на последниот ден од самитот, Мирчев се потсети на тоа како драстично се развиваше вештачката интелигенција само за 12 месеци. „Пред една година, вештачката интелигенција само започнуваше да добива комерцијален импакт. Денес, тоа не само што ги трансформира бизнисите, туку го менува начинот на кој живееме и работиме,“ изјави тој.

Економската моќ на вештачката интелигенција

Цитирајќи најнови извештаи од PwC и McKinsey, Мирчев проектираше дека вештачката интелигенција ќе придонесе со 16 трилиони долари за глобалната економија до 2030 година, што претставува околу 12%–13% од глобалниот БДП. Овој придонес вклучува добивки од продуктивност, како и создавање на нова вредност преку нови услуги и решенија што ги овозможува вештачката интелигенција.

Следува трансформација на сите индустрии, а Мирчев истакна примери на реални апликации кои веќе се во тек:

Прво. Малопродажба: Компании како Walmart користат вештачка интелигенција за оптимизација на инвентарот и снабдувачките синџири, што носи милијарди долари заштеди. Sephora веќе ја користи за персонализација на искуствата во продавниците.

Второ. Здравство: Вештачката интелигенција се користи за дијагностика и препораки за третман преку мобилни апликации, помагајќи во поефикасно управување со ограничените медицински ресурси.

Трето. Телекомуникации: Во А1 Македонија, каде што Мирчев работи, се очекува дека 80% од повиците во контакт центрите ќе бидат обработени од вештачки интелигентни агенти во следните три години, што значително ќе ја намали цената, додека ќе ја подобри услугата.

Четврто. Производство: Кинеските технолошки гиганти како Xiaomi и Huawei веќе водат „темни фабрики“ — потполно автоматизирани, управувани од вештачка интелигенција фабрики кои не бараат човечки труд ниту светло.

Петто. Финансии: Банки и телекомуникациски компании користат вештачка интелигенција за откривање на измами во реално време, со што се штедат милијарди долари во превенција на загуби.

Појава на генеративна вештачка интелигенција и специјализирани агенти

Мирчев укажа на промената од традиционална вештачка интелигенција кон генеративната вештачка интелигенција, која сега може да создава содржина, да дизајнира инфраструктура и да поддржува бизнис планирање. Во меѓувреме, специјализираните агенти за вештачка интелигенција се појавуваат како полесни, пофокусирани алтернативи на големите јазични модели, кои можат да работат на мобилни телефони и IoT уреди.

„Овие агенти го скалираат човечкото искуство—на ефикасен и исплатлив начин,“ изјави Мирчев.

Понатаму предизвикот за управување со податоци …

Со брзиот раст доаѓа и потребата од регулирање. Мирчев нагласи дека е многу важно да се обезбеди усогласеност, транспарентност и доверба—особено во индустриите кои ракуваат со осетливи податоци, како телекомуникациите и финансиите.

„Вештачката интелигенција мора да се имплементира одговорно. Без управување, ризикуваме злоупотреба, деградација на податоци и губење на јавната доверба,“ предупреди тој.

Заклучувајќи го својот говор, Мирчев повика на акција и им се обрати на компаниите—особено на оние во традиционалните индустрии—да дејствуваат решително. „Светот се движи. Ако не имплементирате вештачка интелигенција, веќе заостанувате.“

Како што вештачката интелигенција станува се повеќе вградена во секојдневните операции, пораката беше јасна: приспособете се сега или ризикувате да останете зад конкуренцијата.


Мајк Зафировски ги лоцираше почетоците на идејата за организацијата во 2002 година, кога поранешниот претседател Борис Трајковски, а подоцна и Бранко Црвенковски упатуваат апел до македонската дијаспора за поддршка на државата. Џон Битов Сениор во 2006 година ја иницира идејата за формирање на организација во која ќе членуваат професионалци кои ќе работат на промовирање на економскиот развој на Македонија, изјавувајќи: „Оние што даваат ќе добијат за возврат сѐ додека даваат од сè срце“. Според Џон Битов Јуниор, една од поважните придобивки од оваа организација е Самитот кој од 2012 година се одржува во Македонија, а кој годинава во фокусот има брилијантни бизнис-приказни. „Напорната работа и интегритетот е она што треба да ги движи Македонците. Македонија е мала, но тоа треба да го сметаме за предност во поглед на мобилизацијата и шансите за успех“, изјави Битов.


Живко Мукаетов, еден од најуспешните македонски директори кој од Алкалоид веќе направи силен македонски бренд во светски рамки, пак, како локален член со најдолг стаж во „Македонија 2025“, потенцираше дека најважното нешто кое го задржало сите 14 години од неговиот мандат е визионерското единство на членовите, нивната љубов кон татковината и огромната желба да придонесат за нејзин раст и развој. „Џон Битов Сениор го запознав во Торонто во 2012 година за време на мојата презентација пред Бордот на организацијата. Сè уште ги помнам неговиот оптимизам, желбата, волјата и посветеноста за просперитет на нашата земја. Воодушевен сум од ентузијазмот на Мајк, Џон и останатите, а фактот дека ‘Македонија 2025’ придонесува за моделирање на идната генерација македонски лидери, го сметам за додадена вредност на организацијата. За мене ’Македонија 2025’ е движење силно водено од визија, акција и заедничка љубов кон татковината“, истакна Мукаетов.

Лидерството и едукацијата oд страна на учесниците во салата беа посочени како двата главни постулати за економски раст и развој. Посочувајќи го „Алкалоид“ како национален шампион на бизнис и економски план, Борозанов го побара рецептот за успех на „Алкалоид“:

„Накратко, тоа се стратешката дисциплина, континуираните инвестиции во квалитет, производствени капацитети, врвна технологија и во кадар, пред сè; усогласување и придржување кон строгите меѓународни стандарди, без никаква импровизација. Направивме диверзификација на пласманите за да ја намалиме зависноста од домашниот пазар и да поттикнеме одржлив раст. Со изградба на капацитетите за полусинтетски цефалоспорини, за кои во моментов сме водечки производител во Европа, изборот на Британската регулаторна агенција како референтна и дигитална трансформација, заедно со вложувањата во таленти и истражување и развој, успеавме  да се иновираме, да се позиционираме на регулирани пазари и да растеме во динамична индустрија“, гласеше одговорот на Мукаетов.


Во моќен говор под наслов “The New Era – How AI Redefines Our World” Методја Мирчев, главниот извршен директор на А1 Македонија го изложи огромното влијание што вештачката интелигенција ја има врз индустриите и економиите низ целиот свет.

Мирчев се потсети на тоа како драстично се развиваше вештачката интелигенција само за 12 месеци. „Пред една година, вештачката интелигенција само започнуваше да добива комерцијален импакт. Денес, тоа не само што ги трансформира бизнисите, туку го менува начинот на кој живееме и работиме,“ изјави тој.

Цитирајќи најнови извештаи од PwC и McKinsey, Мирчев проектираше дека вештачката интелигенција ќе придонесе со 16 трилиони долари за глобалната економија до 2030 година, што претставува околу 12%–13% од глобалниот БДП. Овој придонес вклучува добивки од продуктивност, како и создавање на нова вредност преку нови услуги и решенија што ги овозможува вештачката интелигенција.



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *