Модата како културен документ – вториот ден на Fashion Weekend Skopje


Ако првиот ден започна со изложба што го слави заедништвото преку уметност, продолжи со студентски ревии што се похрабри од било кој тренд и заврши со регионални дизајнери што носат визија, не само облека, вториот ден беше потврда дека ова не е само модна недела – туку културен полигон каде што модата не е само да се покаже, туку за неа се зборува.

Како генерален партнер, УНИБанка ја поддржува визијата на FWSK за мода што го надминува гламурот и го рефлектира пулсот на заедницата.

Diamond Residence Carat West Office, годинешната локација на настанот, се претвори во креативна лабораторија.

Маратон на идеи: Модата како иднина

Под отвореното мото „Community”, вториот ден започна со Public Talk Marathon – четири инспиративни сесии што ја отворија сцената за најважните прашања на денешната модна индустрија.

“Just Fashion” донесе разговор за трансформацијата на модната индустрија кон циркуларни и социјално инклузивни модели, со визионерските ставови на Даниела Милошеска (Bastet Noir) и Александра Филипова (BlackBello). Модата тука не беше шоу – туку платформа за промена.

Поддржано од Green Land Group, сесијата “Wear the Change” беше отворен разговор за етичката мода и иднината на одржливите практики, каде што свои приказни споделија Гордана Родиќ-Китановска, Jackie Dejean, Олгица Треневска (Центар за интеграција и подршка SIEC) и Ангела Бикова (Upcycled by Bikova).

Дискусијата за проектот MISSION4WATER, водена од Наташа Сивевска – извршна директорка на Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер и модната дизајнерка Ирина Тошева, го обедини модниот сектор и екологијата, покажувајќи дека иднината на модата е нераскинливо поврзана со одговорноста кон животната средина.

А во сесијата “Ties that Bind: BiH & MK Dimensions of Fashion”, поддржана од UNESCO и Европската Унија преку програмата CC4WBs, се зборуваше за модата како идентитет, меморија и отпор, со учество на Сара Стојчевска, Дамјан Ристовски и Емилија Славкова.

Пред да започнат модните ревии, публиката на Fashion Weekend Skopje имаше можност да ужива во еден несекојдневен освежителен момент – фузија на креативност и став, инспирирана од живоста на новиот Schweppes Pink Grapefruit.

Во сценски перформанс осмислен како спој на храброст и убавина, уметникот Бојан Ковски ја донесе својата мајсторија во бодипејнтингот, претворајќи ја бојата, текстурата и динамиката на Schweppes Pink Grapefruit во моќен визуелен израз. Креацијата, во која главната ѕвезда беше прекрасната Викторија Лоба, ја долови шумливата енергија на брендот преку боја, движење и естетика.

Новата генерација: Студентски ревии што не се плашат. Делот со младите дизајнери беше еден од најемотивните моменти на викендот. Три дизајнерки од International Fashion Institute Izet Curi – Блендина Катона, Ерона Фејзулаху и Дријона Кадриу – ги претставија своите дебитантски колекции.

Blendina Katona со „ACTIVE WOMEN“ славеше женска сила инспирирана од 80-тите.

Erona Fejzullahu преку „ECLIPSE“ ја истражуваше тензијата помеѓу светлината и темнината. Drijona Kadriu со „Beta & Koi“ раскажа приказна за отпорноста и тивката сила.

На пистата видовме визии на млади дизајнери што не се водат по трендови – туку по храброст и став. Сцената ја збогатија и дизајнерите кои веќе создаваат со свој јазик:

CRIUS со колекцијата „SIDEWALK SAINTS“ во соработка со Faceless, прикажа урбана романса, вешто спојувајќи ја елеганцијата со динамичниот уличен ритам. Духот на младоста, слобода и стил беа испреплетени на пистата.

Anastasija Atanasovska – A2 Atelier со колекцијата „Veil & Reveal“ ја славеше комплексноста на женското битие, претставувајќи ја нежноста и силата како две неделиви страни на истата приказна.

Вечерта беше затворена со модно-музички перформанс на KALI ROSE, која преку „Silent Chains“ покажа дека модата може да биде патување кон внатрешната слобода, ослободување од невидливите окови и градење на самопочитта.

Модата не е забава. Таа е отпор.

FWSK30 powered by UNIBank не е викенд на убави парчиња. Ова е модно движење на вредности. На гласови што не се плашат да бидат свои.

Најголемиот тренд годинава? Храброста.

Македонската модна сцена можеби не е масовна – но е автентична. И гласна.

Во време кога масовната продукција ја загрозува автентичноста, Fashion Weekend Skopje останува документ на истрајност и културно значење.

Во светот на трендови што траат три минути – FWSK30 слави приказни што траат.

Со посебна благодарност до нашите партнери:

UNIBank – генерален партнер што ја поддржува визијата на FWSK за мода што го надминува гламурот и го рефлектира пулсот на заедницата.

Diamond Residence Carat West Office.

Perwoll – повеќе од 60 години грижа за ткаенините: „Исто како ново! За три пати подолг век на вашата облека – Первол Renew.”

Мартимекс – ексклузивните парфеми што ја дефинираат сезоната.

MARTINI Fiero – италијанска икона која носи освежување и забава во италијански стил на FWSK. Горд аперитиво партнер.

Официјален партнер за шминка: Pierre Cardin во соработка со СУГС „Димитар Влахов“. „Почувствувај го гламурот – бренд на луксузни производи за совршена шминка.”

Официјален партнер за фризура: Got2B во соработка со СУГС „Димитар Влахов”.

Мебел што носи мода дома – Венеција Прилеп.

Проектни партнери: Green Land Group, Бимилк, Моно Бар, Zio Cold Brew, Обуча Метро, KP Chairs, Аманти паста и вода Маја.

Со заедница што ја носи приказната – и кога светлата ќе се изгаснат.



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *