Доцент д-р Љупчо Јаневски
Европа е длабоко во економска криза која е предизвикана од војните во Украина и Блискиот Исток со котинуиран притисок кој започна со пандемијата во 2020 година прелевајки се во енергетска криза и продолжи со притисокот од конфликтот во 2022 година до денес.
Оваа состојба ја намалува можноста на македонските компании создавајки дополнителена неизвесност за губење на стратешките партнери од европскиот континент изразено во економски гранки на кои се базира растот на македонскиот Бруто домашен прозвод – БДП.
Се повеќе се создава проблем во изнаоѓање решенија на среден рок за стабилен раст на БДП доколку сакаме да го намалуваме големиот јаз помеѓу македонската и економиите на земјите од Европската Унија.
Стапката на невработеност во нашата земјата изнесува 11,5 %, многу брзу ќе биде едноцифрена, со што се приближува кон европската стапка на невработеност. Но, тоа преставува мала кумулација на човечки ресурси кои би креирале дополнителна вредност и кариерен развој со кои се намалува притисокот на изразената миграција на работоспособното наеление кон европските земји.
Оттука, се повеќе станува јасно дека растот на македонскиот БДП се повеќе треба да се бара со развој на економски гранки од нашата економија кои досега не беа во фокус, или бесправно занемарени. Една од нив е туризмот кој според одредени мои истражувања учествува во македонското Бруто домашен производ со 4%, додека на светско ниво според статистиката на светската туристика организација во светската економија учеството на туризмот изнесува скоро 10%-11% што создава голема можност. Потребен е силен фокус за негов дополнителен развој во Македонија.
Капитал: На туризмот не му оди добро!? Која е Вашата анализа?
Јаневски: Состојба која е предвидена во моите истражувања, предупредувања и насоки за македонската туристичка индустрија во 2025 и дали воопшто нешто да очекуваме во 2026 година објавена во поголем број инервјуа во медиумите.
На сите веќе ни е јасно дека најавените 4 милиони ноќевања за оваа година нема да се остварат или би се задоволиле со 3,5 милиони и било каков раст во туристичкиот промет. Всушност за нашиот туристички сектор далечна е 1987 година кога во Македонија се остварени скоро 4 милиони ноќевања што преставуваше цел за надминување на оваа бројка во 2025 година според стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот која е укината.
Министерстото за Кутура и туризам остана должно за објаснување на јавноста, стручната и научна фела околу одлуката, а уште помалку за презентација на функционална анализа за потребата од укинување.


Капитал: Што конкретно треба да се прави за раст на туризмот во Македонија?
Јовановски: Без јасна структура во македонскиот туристички сектор односно Министерство за култура и туризам, Национална Туристичка Организација – НТО во која требаше да прерасне Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, четирите „дестинациски менаџмент органиации„ – исток, запад, север и југ кои ќе управуваат со микро дестинациите на локално ниво со општините во нашата земја, ние не можеме да зборуваме за раст и развој на македонскиот туристички сектор во иднина.
Недостатокот на туристичка архитектура во Македонија како што е случај во другите регионални и европски држави, потоа немањето на државна стратегија за туризам од 2023, немањето стратегија за развој на руралниот туризам од 2017 година, непостоењето на туристичка инспекција и туристичка полиција како и нов и подобрен закон за туристичка дејност отвора голем број на прашања за функционирањето на Министерството за култура и туризам. Неговиот капацитет за креирање на туристички политики за уште повеќе во недостаток на структура во оваа индустрија за инплементирањети и спроведувањето на овие туристички политики.
Голем број на предизвици во македонскиот туристички сектор кои неможат да се надминат без помош на научната јавност во оваа индустрија и интегриран пристап со сите чинители во оваа индустрија преточени преку Коморите, асоцијациите и здруженијата во туризмот.


Капитал: Колку е вистинската сила на туризмот во македонската економија, а колку може да биде?
Јаневски: Нема да се фокусираме каде се грешките за оваа состојба во македонскиот туристички сектор бидејки веќе многупати сме ги детектирале и анализирале како и што е потребно на среден рок во македонскиот туризам преку својот холистичи, мултипликативен пристап може да помогне на македонската економија.
Европа е длабоко во економска криза која е предизвикана од војните во Украина и Блискиот Исток со котинуиран притисок кој започна со пандемијата во 2020 година прелевајки се во енергетска криза и продолжи со притисокот од конфликтот во 2022 година до денес.
Оваа состојба ја намалува можноста на македонските компании создавајки дополнителена неизвесност за губење на стратешките партнери од европскиот континент изразено во економски гранки на кои се базира растот на македонскиот Бруто домашен прозвод – БДП.
Се повеќе се создава проблем во изнаоѓање решенија на среден рок за стабилен раст на БДП доколку сакаме да го намалуваме големиот јаз помеѓу македонската и економиите на земјите од Европската Унија.
Стапката на невработеност во нашата земјата изнесува 11,5 %, многу брзу ќе биде едноцифрена, со што се приближува кон европската стапка на невработеност. Но, тоа преставува мала кумулација на човечки ресурси кои би креирале дополнителна вредност и кариерен развој со кои се намалува притисокот на изразената миграција на работоспособното наеление кон европските земји.
Оттука, се повеќе станува јасно дека растот на македонскиот БДП се повеќе треба да се бара со развој на економски гранки од нашата економија кои досега не беа во фокус, или бесправно занемарени. Една од нив е туризмот кој според одредени мои истражувања учествува во македонското Бруто домашен производ со 4%, додека на светско ниво според статистиката на светската туристика организација во светската економија учеството на туризмот изнесува скоро 10%-11% што создава голема можност. Потребен е силен фокус за негов дополнителен развој во Македонија.
Капитал: Како тогаш да го развиваме македонскиот туристички сектор кој треба во следните пет години да забележи раст од 100% во неговото учество во македонското БДП задржувајки и креирајки нови работни места, намалувајки го притисокот на миграцијата, отворање на микро и мали услужни бизниси во руралните делови, ликален економски развој?
Јовановски: Колку и да изгледа сложена формулата за резултатите кои се очекуваат за следните пет години – клучот се домашните туристи. Оваа теза можеме да ја поткрепиме со голем број на показатели отпочнувајки со општата статистика која, ако погледнеме, само за последните три години кристално јасно покажува дека 40%-45% од вкупнот број на туристи се домашни кои генерираат помеѓу 70%-75% од вкупниот број на остварени ноќевања.
Следна е просечниот престој на домашните туристи кој е поголем од три ноќевања во дестинацијата без истакната сезоналност што овозможува одржливост на дестинацијата, зголемена рентабилност и пополнетост на хотелите и сместувачките објекти и задржување на работните места и надвор од сезоната.
Доколку ги наброиме дел од позитивните ефекти кои го создаваат домашните туристи тоа би изгледало: Намалување на сезоналноста, Реинвестирање на средства во домашната економија, Задржување на работните места и креирање на нови, Потикнување на нови микро и семејни услужни бизниси, Отворање на нови сместувачки капацитети пред се во руралните делови, Зголемена просечна пополнетота на хотелите и сместувачките капацитети, Зголемување на произвоството на домашни производи во земјоделието, Зголемена побарувачка на локалните спацијалитети и традиционалните производи, Потикнување на зелената транзиција во туристичката индустрија, Зголемен мултипликативен ефект во локалната економија, Намалување на притисокот кој го создава миграцијата на младите, Развој на меѓугратскиот автобуски сообраќај ….
И голем број на други кои влијаат во повеќе од дваесетина економски гранки во македонската економија.
Анализите во туристичката индустрија покажуваат дека клучни за долгорочниот развој на секоја дестинација во туристичката индустрија преставуваат домашните туристи кои остваруваат приближно 75%-80% од вкупниот број на ноќевана во дестинациите кои немаат море. Сепак развој на домашниот туризам не преставува природен процес и се наметнува потребата од долгорочно планирање на негов развој во сооднос со оддржливоста на дестинацијата .
Капитал: Зошто паѓаме?
Јаневски: Од статистичките показатели веднаш се забележува континуиран пад на домашните туристи и остварените ноќевања во последните две години што јасно укажува на недоволно конкурентност за домашните туристи со регионот.
Оваа состојба создава дополнителна доза на несугурност кај туристичките работници и потребата од долгорочно развивање на овој значаен дел од туристичката индустрија. За да се надмине оваа состојба потребна е државна интервенција на повеќе полиња односно ист третман на грижа и за домашните туристи како туристите кои не посетуваат од другите дестинации.
- Модел на субвенционирање на домашните туристички агенции кои наменски ќе создадат кокурентни аранжмани за домашните туристи во нашите туристички места
- Инвестиции во развојот на новите форми на туристичка понуда реновирање на планонарските домови, бањскиот туризам, конгреснот туризам со сет поволности при организирање на конгреси, семинари, едукации во домашните сместувачки капацитети
- Насочување на државната администрација со поволности за посета на домашните дестинации надвор од сезона
- Усогласување на законот за туристичко развојни зони со законот за градежно земјиште овозможувајки зголемена можност за инвестирање во туризмот
- Профункционирање на законот за автокампови со кој ќе се овозможи инвестиции во македонските автокампови, нивна категоризација и развој на глампинг
- Поволни кредитни линии за развој на руралните сместувачки капацитети и подобрување на инфраструктурата на локално ниво
- Даночни олеснувања за инвестирање, реинвестирање во руралните делови на Македонија во туризмот
- Силна промоција за домашнот туризам и едукативни сесии со Коморите кои ќе овозможат зголемување и подобрување на услугата во хотелско-ресторанскиот сектор на Македонија
Со инплементирање на поголем број од наведените мерки Министерството за култура и туризам, и македонската влада, ќе постават развоен концепт кој нема да се базира на 10.000 странски туристи од трето доба кои ја претрчуваат нашата дестинација со две ноќевања на кружни балкаски тури надвор од сезона создавајки статистички раст без голем бенефит во дестинацијата. Висока и кратка туристичка сезона изложени на видлив раст единствено на една дестинација односно турискиот пазар губејки ги традиционалните туристички пазари со намалем број на чартери и редовни линии од атрактивни туристики пазари на Охридскиот аеродром.
Овој концепт на привиден раст во туристичката индустрија има негативни искуства во голем број на светски дестинации и брзо е заменет со долгорочен одржлив развој на туристички форми кои позитиво влијаат на растот и развојот на локалната заедница и градат долгорочен локален економски развој.
За да развиваме странски пазари најпрвин треба да си ја завршиме домашната задача со овозможување на сите светски практики на секое поле во македонскиот туристички сектор создавајки доволно привлечна и конкурентна дестинација која пред се ќе привлече голем број на домашни туристи за да создаде конкурентност во регионот зголемувајки ги туристите од регионот да не посетат и останат подолго во Македонија. Континуитетот на инвестиции во нови атракции, развој на различни туристички форми ја зголемува атракцијата на дестинацијата и се повеќе ќе привлекува странски туристи и туроператори кои ќе ја постават Македонија во нивните програми. Ова е долгорочен процес кој не создава инстант статистички раст, туку гради одржлива иднина во македонскиот туристички сектор доволно конкурентен со силно влијание во регионот.
Развој на среднорочна стратегија за домашните туристи може да се генерираат дополнително 500.000 ноќевања кои дирекно ќе впумпаат финансиски средства во локалниот економски развој кој е исклучително значаен за македонската економија.
Во комбинација со долгорочниот развој на македонскиот туристички сектор и пристап базиран на светските практики за одржливи дестинации туризмот во Македонија во следната декада туризмот во Бруто домашниот производ да учествува 8%-10%, повеќе од 5 милиони ноќевања и туристички промет кој би надминал 1,5 милијарди долари. Доволно моќна економска гранка која не треба да се потценува, занемари бидејки македонскиот туристички сектор во моментот се ангажирани 34.000 вработени или приближно 5% од вкупниот број на вработени во Македонија.
Клучот на долгорочниот развој на оваа економска гранка која може да биде еден од петте столбови на македонската економија преставува развојот на екотуризмот, агри туризмот, винскиот, бањскиот, културното наслество и археолошките локалитети или генерално руалниот турзам мотивирајки зголемен број на домашни туристи низ годината да посетуваат и истражуваат Македонија.
За ова да успее според моето мислење потребно е да излеземе од својата комотна зона, засукаме ракавите и да бидат поставени вистински професионалци на вистинските места во туристичката индустрија кои безусловно ќе ги инплементираат државните политики во оваа област.
Преземено од: Kapital.mk