Костадинов кој спаси 20 млади во пожарот во Кочани со аплауз пречекан од соучениците во Виница (ВИДЕО)


Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, средношколецот кој во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани спаси дваесетина млади луѓе денеска се врати на училишните обврски откако и тој беше задржан на лекарска опсервација на Клиниката за токсикологија во Скопје. Соученици, професори и граѓани во дворот на гимназијата Ванчо Прќе во Виница со аплауз и прегратки го пречекаа и му се заблагодарија за неговиот хуман гест и херојство.

Костадинов, ноќта кога се случи трагедијата без двоумење влегол во дискотеката Пулс и успеал да спаси дваесетина млади луѓе, откако претходно ја натопил маицата со вода и ја ставил на лицето за да се заштити од огнот пред да тргне да спасува животи.

Во пожарот кој се случи на 16 март 2025 година рано наутро во дискотеката Пулс во Кочани, загинаа 59 млади животи, а околу 200 се повредени.



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *