Континуитет во раководството на ПроКредит Банка – Јованка Јолеска Поповска со нов мандат во Надзорниот одбор


Јованка Јолеска Поповска е дел од ПроКредит уште од самото основање во 2003 година, каде што изгради богата кариера исполнета со лидерски улоги и стратешки достигнувања. Од 2009 до 2021 година беше член на Управниот одбор на банката, а во 2021 година беше унапредена во член на Надзорниот одбор – позиција на која продолжува да дава значаен придонес и денес.

Тековниот состав на Надзорниот одбор на ПроКредит банка ги вклучува Јованка Јолеска Поповска, заедно со искусните професионалци Кристијан Едгардо Дагроса  во улога на претседател, членовите Дрис Нор, Ериола Биболи и независните членови Каспар Линус Бауман и Елена Наумовска.

ПроКредит банка останува посветена на стратегијата за понатамошно зацврстување на својата позиција на македонскиот пазар, особено во сегментите на бизнис клиенти и физички лица, преку силен и стабилен раководен тим кој ја предводи банката кон одржлив раст и иновации.



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *