Изградивме репутација и имиџ на современа европска банка! – Kapital.mk


Милка Тодорова, Извршен директор и Претседател на Управен одбор на УНИБанка.

Банките се “крвотокот” на една економија! Кога се тие стабилни и ликвидни економијата може да се развива, а корисниците да добијат поддршка за да ги реализираат своите потреби. Таков успешен пример веќе 31 година е УНИБанка АД Скопје. Банка која се носи со сите тешкотии и предизвици, во континуитет воведува иновации и која го следи пулсот на бизнис заедницата. Дава значаен придонес кон развојот на локалната економија, поддржувајќи ги бизнисите и
поттикнувајќи нови работни места.

Капитал

2024 е уште една успешна година, во низата од неколку успешни години наназад за УНИБанка. Со одлична деловна стратегија и професионален тим, “кормилото” на оваа банка е во рацете на Милка Тодорова, Извршен директор и Претседател на Управен одбор на УНИБанка, искусен банкарски професионалец со повеќедецениско работно искуство во финансискиот сектор. Со неа разговараме за годината која помина и за предизвиците и очекувањата во 2025 година.

Како ја оценувате 2024 година? Што посебно ја одбележа годината?

Имавме успешна година, во која до израз дојде добрата стратегија на Банката, одличната структурна поставеност, квалитетот и мотивираноста на нашите вработени.

Забележавме успешни деловни резултати во сите сегменти на делување, раст во кредитирањето, штедењето, бевме стабилен и сигурен финансиски партнер на многу деловни субјекти во земјава, а акциите на Банката и оваа година беа особено интересни за инвеститорите.

Годината ја одбележа и високо ниво на лојалност од нашите клиенти, но и многу нови клиенти, што посебно не радува, бидејќи тие во нашата Банка гледаат агилна, динамична и модерна институција која може да одговори на нивните современи барања и потреби.

Довербата се стекнува и со брзината и ефикасноста на реализација на банкарските операции. Со брзината и едноставноста во одобрување на кредитите. Ние цениме дека добрите бизнис планови заслужуваат брза поддршка и супер бизнис кредити какви што се кредитите на УНИБанка АД Скопје. За нив не секогаш треба да заложите хипотека, процедурата е брза, што ги прави особено погодни за сите бизниси  кои имаат добри идеи и сакаат за кратко време да пристапат кон нивна реализација. Со транспарентност и почит кон клиентите, истовремено обезбедувајќи сигурност и заштита на нивните податоци. Сите овие бенефити кои ги обезбедуваме влијаат на соработката и на довербата.

Веќе две години по ред остваруваме рекордни резултати, воведовме иновативни банкарски продукти, имаме конкурентни каматни стапки, што е причина клиентите да нè доживуваат како партнери, консултанти, како некој кој се грижи за нив.

Годината ја одбележаа и бројни активности за нашите вработени, нивните семејства, бидејќи тие се срцето и главниот двигател на нашата компанија. Во нивната едукација и благосостојба ќе вложуваме и во иднина.

Грижата за локалната заедница, за животната средина и оваа година беше високо на листата на нашите приоритети. Ставивме во функција две фотоволтаични централи на нашата управна зграда, како и на зградата на архивата на Банката, со која инвестиција очекуваме намалување на емисијата на штетни гасови CO2 за околу 48.000 кг на годишно ниво и заштеди на електрична енергија во следните 20 години.

УНИБанка АД Скопје по втор пат беше поддржувач и еден од главните спонзори на „Охридско лето“ најголемата културна манифестација во земјава. Поддржавме бројни други позитивни иницијативи придонесувајќи кон создавање дух на солидарност, поддршка и заедништво, поттикнувајќи вистински вредности во заедницата.

Особено внимание посветуваме и на спортот, под мотото #СпортувамеЗаедно поддржуваме низа спортови како тенис, скијање, кошарка, шах, пливање, валосипедизам. Веруваме дека со спортот  не само што градиме здрави навики, туку и придонесуваме за позитивна општествена промена обезбедувајќи еднакви можности за сите.

Довербата е клучот за избор на банка. УНИБанка е избор на сè поголем број граѓани во нашата земја, која е причината за тоа?

Партнерскиот однос гради доверба и почит. Клиентите во УНИБанка се почитувани, и секогаш ги добиваат најдобрите совети. Нашите вработени секогаш одвојуваат доволно време за нашите клиенти. Несомнено е дека мотивирани вработени придонесуваат за задоволни клиенти, и на тој начин ние креираме соработка на долг рок.

Градиме однос на отворена и транспарента комуникација, а лојалноста знаеме дополнително да ја наградиме. Знаеме да обезбедиме бројни поволности за нашите корисници, а еден пример за тоа е Mastercard® World Debit картичката издадена од УНИБанка. Нова премиум картичка која обезбедува бројни поволности и е вистинска награда за оние кои ја поседуваат.

Довербата се стекнува и со брзината и ефикасноста на реализација на банкарските операции. Со брзината и едноставноста во одобрување на кредитите. Ние цениме дека добрите бизнис планови заслужуваат брза поддршка и супер бизнис кредити какви што се кредитите на УНИБанка АД Скопје. За нив не секогаш треба да заложите хипотека, процедурата е брза, што ги прави особено погодни за сите бизниси  кои имаат добри идеи и сакаат за кратко време да пристапат кон нивна реализација. Со транспарентност и почит кон клиентите, истовремено обезбедувајќи сигурност и заштита на нивните податоци. Сите овие бенефити кои ги обезбедуваме влијаат на соработката и на довербата.

Банката го следи пулсот на бизнис заедницата, и е истовремено лидер во дигитализацијата. Што Ве мотивира?

Лојалноста на клиентите, високото ниво на задоволство, заштедите и бенефитите кои ги обезбедуваме за клиентите се силен мотив и поттик за нас. Времето на традиционалното банкарство е зад нас. Клиентите од УНИБанка АД Скопје денес очекуваат не само да ги понудите своите банкарски продукти и услуги, туку и да бидете консултант, советник, да ги респектирате и разбирате нивните потреби. Токму затоа ние сме постојано со нашите клиенти, разговараме отворено, дискутираме, бараме решение за одредени потешкотии.

Лојалноста на клиентите, високото ниво на задоволство, заштедите и бенефитите кои ги обезбедуваме за клиентите се силен мотив и поттик за нас. Времето на традиционалното банкарство е зад нас. Клиентите од УНИБанка АД Скопје денес очекуваат не само да ги понудите своите банкарски продукти и услуги, туку и да бидете консултант, советник, да ги респектирате и разбирате нивните потреби. Токму затоа ние сме постојано со нашите клиенти, разговараме отворено, дискутираме, бараме решение за одредени потешкотии.

Како Банка сме целосно дигитализирани, и посветуваме посебно внимание на мобилното и електронското банкарство, свесни дека тие полека го заземаат приоритетното место кога се во прашање трансакциите и плаќањата, но и планирањето на трошоците и заштедите.

Затоа на полето на иновации во овој сегмент, многу вложуваме, со цел да го подобриме корисничкото искуство на нашите клиенти.

Би ја истакнала мобилната апликација на УНИБанка “Мој Буџет” која овозможува бројни функционалности и е само еден пример за имплементирање на решение кое ги следи новите технологии и потребите на новите времиња.

Она што посебно ја издвојува Вашата банка од останатите е што сте единствени кои правите увоз и тргување со благородни метали во земјава. На ова поле имате и новитет?

УНИБанка е единствена банка на македонскиот пазар која изминативе години прави увоз и тргување со инвестицискo злато, што вклучува тргување со златни плочки и монети со највисока чистота, и која како резултат на тоа го има епитетот
“The bank of gold”. 

Ги следиме светските трендови и растечката побарувачка за нови инвестициски продукти, и затоа започнавме и со продажба на инвестициско сребро. Со ова Банката го прошири својот асортиман на продукти со благородни метали, па покрај златото започна со продажба и на сребрени монети, ковани од глобално признати рафинерии кои ги исполнуваат меѓународните стандарди за чистота, квалитет и автентичност. Инвеститорите со ова добиваат нова поволна инвестициска опција, која ги овозможува сите инвестициски бенефити, како што се зачувување на богатството и заштита од инфлација, и можност за создавање диверзификациско портфолио.

Што да очекуваме во 2025 година? Кои се предвидувањата за годината која следува?

Зад себе оставаме успешна година, но и превземаме предизвик и одговорност за уште подобри резултати и поуспешно работење во годината која следува.

Во 2025 во земјава очекувам економско закрепнување, економски раст, стабилна инфлација, и генерално стабилна и просперитетна година во сите полиња, што е спротивно на глобалните тенденции, кои предвидуваат дополнително забавување на растот на светската економија.

Позитивна прогноза имаме и од Светска банка за економскиот раст во земjава, кој ќе се зголеми од 1,8% во 2024 на 2,5% во 2025 година. УНИБанка ќе ја започне годината во одлична финансиска состојба, со амбициозен план за развој и динамична стратегија за унапредување на нашите банкарски операции.

Што се однесува на некои од останатите аспекти, на пример очекувам цените на недвижнините да се стабилизираат, иако на наjдобрите и перспективни локации да продолжат благо да одат во нагорна линија. Од друга страна се поголем ќе биде интересот за вложување во енергетско одржливи објекти и проекти, што ни покажува дека свесноста за зелената енергија и одржливите ресурси е во пораст, што е дефинитивно чекор во вистинската насока за нашето општество.

Грижата за природата и животната средина, како и имплементирањето на ЕСГ принципите во нашето работење и понатаму ќе бидат наш приоритет. Посебна поддршка ќе дадеме на зелените кредити наменети за одржливи проекти со кои се намалува негативното влијание врз животната средина, а ќе поддржуваме и други зелени еко инцијативи, потврдувајќи го епитетот на современа и еко одржлива банка и во пракса.

А што се однесува до осовременувањето и дигиталната трансформација, во текот на 2025 очекувам да воведеме решенија кои уште повеќе го персонализираат корисничкото искуство, преку адаптирање на начинот на користење на банкарски услуги на модерното време. Ова е и европски банкарски тренд. Фокус ќе биде ставен на апликациите, кои ги обединуваат сите банкарски услуги на едно место и се достапни било кога, било каде.

Ќе се потрудиме да останеме лидер во воведувањето дигитални решенија и мобилно банкарство, со што во голем дел придонесуваме во зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците во работењето на нашите клиенти.

Ќе ја оправдаме нашата репутација и имиџ на современа европска банка.





Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *