ЕУ да внимава и да не влегува во трговска војна со Трамп!


Анализа: ЕУ-САД

Европа веќе почна со некои контрамерки. Има и друга анализа. Дали размената на стоки може да се гледа одделно од размената на услуги? Кога го гледаме трговскиот биланс, дали треба да се гледа заедно? И дури потоа да се каже колку е дефицит или суфицит? Трамп секогаш зборува, се разбира, за стоки каде што сега имаат дефицит кон Европа! Но, американскиот претседател не сака да зборува дека САД имаат и голем суфицит во услугите кон ЕУ. Теоретски, овие две ставки стоки и улуги можат да се гледаат одделно, но всушност вистината има две лица.

Сите големи технолошки компании се во Америка, односно Азија. Европа има околу дваесет од најиновативните технолошки компании во светот. Само Сименс е добар на врвот. ЕУ има само една компанија во првата лига на светот. Во однос на новите технологии ЕУ не се прослави. Сименс е всушност играч во некои индустриски технологии. Само погледнете ги последните 20 години. Просечниот раст на продуктивноста во еврозоната е едвај 1%. Во САД, продуктивноста растела просечно меѓу 2% и 3%. Со воведување царини на увоз на американските технологии во ЕУ, таа всушност дополнително би зацементирала уште пониско ниво на раст на продуктивноста. И тогаш знаеме што значи тоа за вработувањата и општиот раст на вработеноста во европските економии. Како и стандардот на живеење, и перспективите на идните инвестиции.

Администрацијата на Доналд Трамп прогласи царини за речиси сите увози на автомобили на територијата на САД. Многумина во светот се загрижени за можната царинска војна меѓу големите економии од која најдебелиот крај од стапот ке го добијат малит економии. Не се грижете нашат економија не спаѓа ниту во малите економии и оваа анализа не се однесува на нас … Ние во ваква состојба се веќе 33 години … Нас ништо не не фаќа! Што е посебна тема за анализа се разбира.

Но, да тргнеме со анализата … Прва реакција на царините на Трамп за увозот на автомобилите дојде од корејскиот производител Hyundai. И тоа е директен доказ дека тактиката на американскиот претседател може да донесе резултати за САД?

Од друга страна Доналд Трамп уште во предизборната кампања најави, а по заклетвата уште неколку пати повтори, дека сите инвестиции кои се повеќе од милијарда долари по инвеститор ќе имаат гламурозен третман на „црвениот тепих„. За ваквите инвестиции тоа значи забрзување на процедурата на одредено олеснување во смисла на американската регулатива. Добро уште не се решени некои прашања околу можните долгорочни даночни затајување?

Дали тоа значи дека заканите на Трамп за царините дадоа резултат?

Можеме да кажеме дека примерот со автомобилскиот производител корејскиот Хјундаи е веројатно добра причина да се мисли дека заканите на Трамп дале резултат! Но секако не единствената и ексклузивна причина за преселбата на корејската фабрика во САД.

Сите кои подолго пратат што се случува во меѓународниот бизнис и особено инвестициите знаат дека азиските производители на автомобили порано инвестираа многу во Европа. Особено во последните неколку децении. Но, денес Европа стана неконкурентна за инвестиции! Ако ништо друго, тогаш поради цената на енергијата. И цената на работната сила повеќе не е конкурентна како пред десет години.

Дури, гледаме и некои европски компании, не само во производството на автомобили, туку и во други области, кои во последните неколку години се селат со своите инвестиции во САД. Бидејќи енергијата таму е поевтина и подостапна.

Значи, мора да имате производство на пазар чии производи ќе бидат доволно конкурентни. Па, во ред, и европските производители се присутни. Производителите на автомобили се присутни во САД. Имаат свои фабрики. Значи, не е дека не беа присутни на ист начин. Очигледно, Трамп бара повеќе!?

Може ли да ги натера на повеќе? И без разлика колку е голема инвестицијата! Тоа не може да се направи преку ноќ. Потенцијални нови работни места ќе се отворат на хоризонтот за неколку месеци или години во меѓувреме.

Што носи царинската војна?

Царинската војна меѓу САД и ЕУ? Ако тргне се разбира. Во секој случај, треба да се види, а тоа блиската иднина ке покаже, дали е можно двете страни на Атлантикот да застанат на топката. Затоа што никому не носат долгорочна корист. Во проекциите на Федералните резерви веќе гледаме дека очекувањата за раст на БДП за оваа, и за следната година се намалени. Инфлацијата е корегирана во прогнозите и е дефинирана на повисоко ниво.

Значи, во овој дел заклучокот е дека можеби американската економија ке се соочи со стагфлација (феномен од седумдесеттите години кој е комбинација на висока инфлација со истовремено отсуство на инвестиции и стагнирање на економските процеси). Од друга страна, во Европа, колку и да изгуби европската економија во конкуренција во последните години, една од можностите што се појавува е заживување на индустријата. Се најавуваат големи инвестиции во воената индустрија, како и огромни инвестициите во инфраструктурата.

Затоа во последно време дури има и пораст на прогнозите за Европа! Потоа, на краток рок, разликата на економскиот раст меѓу САД и ЕУ е дури и намалена.

Добро … прашањето е какви се очекувањата? Што ќе прават европските производители? Дали ќе тргнат по Хјундаи и ќе ги зголемат инвестициите во САД. Да ги задоволат желбите или соништата на Трамп, или ќе треба да тргнат во некоја друга насока?

Анализите покажуваат дека еден дел од европските производители на автомобили веќе направи делумна прераспределба на инвестициите и ги однесе во САД. Така, Фолксваген, како најголем производител на автомобили, го направи тоа во САД, а во исто време размислуваше да затвори голем број локации во Европа. Но, крајот впечатокот е дека немаше ништо конкретно.

Се повеке економски аналитичари кои се занимаваат со оваа проблематика сметаат дека европските производители, во секој случај, треба да ги диверзифицираат нивните производствени локации.

Целата приказна треба да се гледа и во поширок контекст. Бидејки Трамп ја најави и можноста, доколку европските земји, односно членките на ЕУ, направат исчекор во инвестициите и стандардите на НАТО (до 5% од БДП), можно е и дел од американската воена индустрија да се пресели во Европа, односно да работи на капацитетите во европската индустрија.

Ако ја гледаме само Германија, таму индустриското производство е за 20% помало во однос на  2017 година. Посебен проблем е што овие падови се случуваат во период кога поголем број европски компании, или ја напуштаат Европа како производствена локација, или размислуваат тоа да го направат во блиска иднина.

Па, кои се конкретните потези во овој случај?

Ако Владимир Путин ја поткопа руската воена индустрија, покажувајќи колку е инфериорно руското оружје (светски воени анлитичари го кажуваат тоа), а продажбата во трговијата веднаш падна, истото на одредено ниво се случува и со американската воена индустрија во новонастанатите околности, бидејќи купувачите размислуваат дали е паметно да се купува американско оружје, без разлика колку било добро тоа (ставови на европејците). ЕУ планира да инвестира 800 милијарди евра во оружје!? Сака сопствено оружје, а не да и помага на воената индустрија, на земја која во оваа ситуација дејствува економски агресивно кон Европа. Кон САД!? За некои посложени компоненти во тој нов воен систем, особено ако зборуваме за развој на некои напредни кибернетски системи ЕИ е немоќна. Или за пост-воздушна одбрана. Европа е сè уште принудена да купува американска технологија. Сигурно нема да купува од Русија или од Кина.

Ако Трамп остане доследен на сегашната одлука за воведување високи цари за увоз на европските автомобили, колку и да знае дека тоа и штети на САД (се зголемуваат цените на американскиот пазар, а тоа го плаќаат американските граѓани), ЕУ сепак не може да одговори со иста мера и да воведе нејзини реципрочни царини!? Или, пак, ЕУ може тоа да го направи? Прашање за милион долари.

Европа веќе почна со некои контрамерки. Дали беше паметно, економистите не се до крај сигурни. Перцепцијата е дека Европа, во овој момент, кога економијата е значително слаба, всушност треба да вложи повеќе напори во дипломатијата за да ги смири овие страсти, а потоа ако станува збор за воведување на царини кои веќе делумно се засноваат на алуминиум и челик. Но, сите понатамошни чекори всушност треба да се во ограничен опсег.

И добро знаеме дека членките на Европската Унија, пред се Германија, и сите оние кои се потпираат на тој германски производствен синџир, всушност се многу зависни од таа светска трговија. Значи, извозот од Германија во последните неколку децении, беше еден од двигателите на растот во ЕУ.

Е сега има и друга анализа. Дали размената на стоки може да се гледа одделно од размената на услуги? Кога го гледаме трговскиот биланс, дали треба да се гледа заедно? И дури потоа да се каже колку е дефицит или суфицит? Трамп секогаш зборува, се разбира, за стоки каде што сега имаат дефицит кон Европа! Но, американскиот претседател не сака да зборува дека САД имаат и голем суфицит во услугите кон ЕУ. Теоретски, овие две ставки стоки и улуги можат да се гледаат одделно, но всушност вистината има две лица.

Понатаму анализата покажува дек сите големи технолошки компании се во Америка, односно Азија. Европа има околу дваесет од најиновативните технолошки компании во светот. Ако добро забелувамесамо Сименс е добар на врвот. ЕУ има само една компанија во првата лига на светот. Во однос на новите технологии ЕУ не се прослави. Сименс е всушност играч во некои индустриски технологии.

Американските компании се прилично ориентирани на информатичката технологија, на автоматизацијата на многу активности преку употреба на вештачката интелигенција. Би бил исклучително лош потег доколку Европа реши да воведе царини за американските технологии. Сите знаеме колку новите технологии придонесуваат за растот на продуктивноста, колку всушност придонесуваат за иновациите на многу индустрии.

Само погледнете ги последните 20 години. Просечниот раст на продуктивноста во еврозоната е едвај 1%. Во САД, продуктивноста растела просечно меѓу 2% и 3%. Со воведување царини на увоз на американските тењхнологии во ЕУ, таа всушност дополнително би зацементирала уште пониско ниво на раст на продуктивноста. И тогаш знаеме што значи тоа за вработувањата и општиот раст на вработеноста во европските економии. Како и стандардот на живеење, и перспективите на идните инвестиции.

Ако компанијата не е продуктивна, ако нема платформа за инвестирање, не може да иновира, не може да вработува добро платени работни места. На крајот ЕУ самата ке се закопа во отсуство на перспективи за раст. Тоа би било длабока економска криза со несогледиви последици. Трамп тоа добро го знае.

Нема сомнеж дека тоа би било штетно за сите. Но, ако се повлече оружјето и се постигне мир, тогаш во одреден момент ќе им служите на потенцијалите што ви стојат на располагање. Има еден многу важен факт, а тоа е дека, всушност, кога зборуваме за глобализација во смисла на меѓународна размена на стоки, таа го доживеа својот максимум пред 5 до 6 години. Глобализацијата во смисла на трговија со услуги се уште е во почетен тренд. Всушност е доста дислоцирана. Се знае дека има многу поголемо ниво на флексибилност каде што може да се постави центарот на давање некои услуги (може практично секаде да направите таков центар), многу лесно може да се постави во некоја област во светот, која нема да биде предмет на владеење на правото. Потоа се надеваме дека нема да биде можно Европа да наметне владеење на правото на целиот свет за информатичките услуги.

Гледаме дека геополитиката има огромно влијание врз економските односи. Некако е темел на се што се случува. Некој во одреден момент носи политичка одлука за нештата. Да не зборуваме за војните што се случуваат каде во основа станува збор за деструктивни одлуки кои за крајна цел имаат промена на геополитиката. Економијата прва страда и затоа го имаме она што го имаме денес во светот.

Ако Владимир Путин ја поткопа руската воена индустрија, покажувајќи колку е инфериорно руското оружје, а продажбата во трговијата веднаш падна, истото на одредено ниво се случува и со американската воена индустрија, бидејќи купувачите размислуваат дали е паметно да се купува американско оружје, без разлика колку било добро. Од друга страна, гледаме дека Европа планира да инвестира 800 милијарди евра во оружје!? Сака сопствено оружје, а не да и помага на воената индустрија, на земја која во оваа ситуација дејствува економски агресивно кон Европа. Кон САД!?

Ова е така но, за некои посложени компоненти во тој воен систем, всушност производите се циклични, дури и одат напред неколку години, особено ако зборуваме за развој на некои напредни кибернетски системи. Или за пост-воздушна одбрана. Европа е сè уште принудена да купува американска технологија. Сигурно нема да купува од Русија или од Кина.

Ако не сака таков однос на силите ЕУ треба да ги зајакнеме капацитетите на сопствената воена индустрија во наредните години. Но тоа нема да помине преку ноќ. Прво треба ЕУ да расчисти – што е нејзината сопствена воена индустија?

Потоа … кои се сложените производи? Дополнително од најавените 800 милијарди евра, засега ЕУ има кредити од само околу 150 милијарди евра.

Германскиот план!

Неодамна беше најавен германскиот план. Навистина импресивен. Особено во некои историски аспекти – тој е многу поголем од планот за времето на германското обединување. Па дури и од историскиот Маршалов план од крајот на Втората светска војна.

Но, проблемот е што ги имате преостанатите членки на ЕУ кои нема да можат да одговорат на зголеменото трошење. Тие во процедурата влегле преку дефицит. Меѓу нив е и втората по големина економија на ЕУ – Франција. И Италијанците некако не можат да ја продолжат својата фискална експанзија, во проблем се. Така што ќе биде навистина неопходно да се најдат одговорите во ЕУ: како да се најдат некои нови финансиски инструменти кои секогаш ќе поттикнуваат иновации во воената индустрија!?

Анализите покажуваат дека е лесно е да се произведуваат оклопни возила, хаубици, гранати. Ако сакате софистицирани системи за противвоздушна одбрана, ако сакате да имате силна интелигенција, тогаш се неопходни години на инвестирање.

Каде е Западен Балкан во оваа приказна. Речиси никаде. За сега … Се поставува прашање дали треба да работиме на проширување на нашите капацитети? На кои капацитети? Или да го купиме што е можно порано она што може да се понуди на пазарот. Сè додека може да се понуди, а сè уште може да се најде? Македонија е членка на НАТО и има свои обврски кон Алијансата. Во исто време ја делиме и судбината на Германија. Таа е во криза и во трансформација!?



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *