Грижа за вработените: УНИБанка отвори простор за поврзување и релаксација


Просторот, кој ќе биде достапен за користење од 10.09.2025 година, е предвиден како бенефиција за сите вработени. Станува збор за место каде што вработените ќе можат да се опуштат, да уживаат во оброк и да се дружат со своите колеги. Дополнително, просторот е предвиден и за организирање на внатрешни настани и роденденски прослави кои го зајакнуваат тимскиот дух и колегијалноста.

Со отворањето на овој простор, УНИБанка испраќа порака дека грижата за вработените е врвен приоритет. Оваа иницијатива е дел од поширокиот пакет бенефиции што Банката ги нуди. Меѓу нив се издвојуваат ден за роденден, слободен ден за родителите на првачиња, слободен ден во случај на загуба на домашно милениче, како и т.н. „Surprise day“ – дополнителен слободен ден како награда за исклучителен придонес и резултати.

Со вакви иницијативи, УНИБанка ја потврдува својата посветеност кон благосостојбата на вработените, создавајќи услови за подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. Новиот простор претставува место за дружење, размена на позитивна енергија и изградба на поубаво и попријатно секојдневие на работното место.



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *