Под мотото „Кога стрелките се на нула, сетилата се на стотка“, гостите беа дел од вечер во која часовникот престана да биде мерка за време и се претвори во симбол на моментот. Настан кој ја надмина рамката на класична презентација и стана искуство – патување во „нулта временска зона“- ZULU Time.

Longines Spirit Zulu Time – враќање кон авијациското наследство
Оваа специјална вечер беше посветена на линијата Longines Spirit Zulu Time – серија инспирирана од авијацијата и глобалната временска синхронизација (Zulu Time, UTC или GMT). Со корени во 1925 година, кога Longines го претстави својот прв GMT рачен часовник, колекцијата денес ги обединува традицијата и модерниот дух.
COSC-сертифициран автоматски механизам, 24-часовна GMT функција (функција на покажување втора временска зона) и дизајн кој е истовремено спортски и софистициран – создадени за патници, авантуристи и визионери кои живеат во свој ритам, на кои временските зони им се секојдневие.


Вечер на елеганција и адреналин
Амбасадор на линијата е британскиот актер Henry Cavill, современо олицетворение на мотото Elegance is an Attitude. Но вистинските амбасадори на вечерта беа гостите – внимателно одбрани членови на лојалната програма на Божиновски часовници и наки, кои имаа привилегија да ја искусат оваа премиера.
Програмата беше совршено темпирана: aкробатски летови изведени во „златниот час“ од единствениот активен лиценциран акробатски пилот во Македонија – Јован Трајков, го разбудија авантуристичкиот дух на авијацијата и адреналинот помеѓу гостите; настап на култниот македонски бенд Фолтин кој се одвиваше во часовите после зајдисонце, обоени во сините тонови на Longines, чија музика создаде безвременска атмосфера; како и брендиран гастрономски кетеринг од врвните шефови на Marriott предводени од креативниот Кирил Ставрев, што им подари на гостите едно сетилно патување низ вкусови, емоции и адреналин.


Доживување што не припаѓа на една временска зона
Со овој настан, Longines им се претстави на македонските љубители на часовници и потсети дека прецизноста, елеганцијата и авантуристичкиот дух не се само дел од историјата, туку и од сегашноста.
Вечерта на спортскиот аеродром во Скопје беше доказ дека времето не се мери само во секунди и часови – туку во емоции, спомени и искуства кои траат вечно.




Најдобро ќе ја почувствувате преку фотогалеријата од настанот.










































Преземено од: Kapital.mk