Анализа: Инфлацијата и Македонците! Тема полна со незнаење и предрасуди!


Ако изворот на инфлацијата е во храната, односно кога цените на преработената и непреработената храна растат побрзо од просекот на овие други цени, кои се мерат со индексот на потрошувачки цени, односно официјалната инфлација, тогаш инфлацијата што ја чувствуваат потрошувачите ќе биде поголема за најсиромашните граѓани, кои го трошат најголемиот дел од својот приход на таа храна.“ Оваа е аксиом (а тоа не се докажува оти само по себе е доказ) која денес ја кажуваат големите светски економски умови.

Разбирање на инфлацијата: Инфлацијата е состојба на сеопшт пораст на цените (современиот Македонец денес е најмногу погоден од сеопштиот пораст на цените на храната што е прилично примитивен момент во 21 век. Во отсуство на нагон, па и можност, да се промени структурата на потрушувашката кај населението, и да се зголеми продуктивноста во делот на потребата да се зголеми производството на храна од земјоделски домакинства кои живеат во Македонија. Што директно влијае на намалувањето на куповната моќ на граѓаните.

Станува збор за Индексот на потрошувачки цени кој се користи за мерење на инфлацијата. Токму тука сме сведоци дека побрзиот раст на цените на храната може непропорционално да влијае на најсиромашните сегменти од населението. И тоа е факт. Малата линија најбогати во земјата оваа тема не ги интересира воопшто што е дополнително фруструрачки.

Оттука, побрзиот раст на цените на храната во споредба со другите стоки, што се случува денес во супермакетите и пазарите укажува на проблеми со владините земјоделски политики (на сите влади досега од 1991 до денес). Затоа што е голема потребата од вистинска поддршка и заштита на домашните земјоделски производители, базирана на знаење, со што ќе се обезбеди прифатлива и квалитетна храна за потрошувачите. Многу е важно е што ќе се обезбеди и примарно произвдство по прифатливи цени за домашната преработувачка индустрија!?

Се ова погоре, на што не се води сметка, ги зголемува социјалните нееднаквости: Корупцијата создава значителни социјални нееднаквости, бидејќи им овозможува на некои поединци нелегално да акумулираат богатство без да плаќаат даноци.

Оттука, големата дискусија што треба да се отвори во Македонија е длабоката тема за македонските структурни длабински економски предизвици кои како последица ја имаат инфлацијата, земјоделското производство, социјалните нееднаквости и со тоа позиционирањето Македонија во глобалниот економски контекст.

Мало враќање во пеколната историја

Значи главното прашање во овој текст е како лаиците (а такви се над 95% од македонските граѓани гледаат на инфлацијата и можат ли да извлечат малку подлабоки заклучоци за неја? Како да ја разбереме инфлацијата? Трајните зголемувања на цените? Што прави државата на таа тема? Инфлацијата и низ историјата на економијата во конкретни практични примери во повеќе држави е добро познат концепт. Широката македонска јавност многу пати се соочила со оваа тема особено во времето на стабилизационите програми на претседателите на многуте Извршни совети на СФРЈ, пред Анте Марковиќ.

Значи генерациско паметење, за жал, бидејќи СФРЈугославија беше земја позната по висока инфлација, по смртта на Јосип Броз Тито. Дури на еден дел од поранешната држава инфлацијата беснееше и во текот на деведесеттите по нејзиниот распад. Некои експерти дури исфрлија теза (за неја ке пишуваме во следните неколку текста) дека токму структурната инфлација во осумдесеттите и неможноста тогашните влади и премиери да се справат со нека предизвикала длабоки политички проблеми поради економските нееднаквости. Тие политички проблеми предизвикани од немоќта за справување со длабоките економски дефекти беа всушност и еден од главните тригери за распадот на СФРЈ. Потоа, на пример, во деведесеттите години сведоци сме на фактот дека инфлацијата во Сојузна Република Југославија (читај Србија во војна на чело со Слободан Милошевиќ) беше меѓу највисоките досега регистрирани во светот!?

Значи уште еднаш – што е инфлацијата?

Инфлацијата во суштина е зголемување на цените. Таа во истиот момент е девалвација на куповната моќ на домашната валута што ја поседуваат граѓаните. А тие се и потрошувачи, и инвеститори, тие се професори, деловни луѓе, пензионери, домаќинки, и деца кои одат во градинка, училишта, факултети. Таа директно влијае на практично намалување на животниот стандард, односно на намалување на куповната моќ на граѓаните. Во услови кога инфлацијата е поголема, а приходите се стабилни и не мрдаат нагоре.

Со други зборови станува збор за цените на оние производи што ние, како обични граѓани, најчесто би ги купиле во текот на месецот или во подолг временски период. Секако храната, но и сите други цени, вклучувајќи ги сметките за комунални услуги, плаќањето за електрична енергија и други извори на енергија, а потоа облеката, обувките…

Во Македонија во последните години имаме ситуација во која цените на храната растат побрзо од вкупната инфлација што ја мериме според индексот на потрошувачки цени. Затоа, ова е вредно да се запамти, „за жал, оние жители кои трошат најголем процент од своите приходи на храна всушност ќе доживеат поголема девалвација на нивната куповна моќ. И тоа е факт„.

Кога изворот на инфлацијата е во храната, кога цените на храната (преработена и непреработена), растат побрзо од просекот на другите цени, кои се мерат со индексот на потрошувачки цени (официјална инфлација), тогаш инфлацијата што ја чувствуваат потрошувачите всушност ќе биде поголема за најсиромашните граѓани, кои го трошат поголемиот дел од своите приходи на таа храна.

Но, не сите ќе ја почувствуваат инфлацијата подеднакво, бидејќи колку ќе се намали куповната моќ на секој од нас, најмногу зависи од структурата на личната потрошувачка на секој еден поединец (потрошувачка пер капита).

И оваа инфлација често ја нарекуваат насловна медиумска инфлација. Онаа што постојано ќе се појавува во медиумите, за која ќе се зборува.

Ако изворот на инфлацијата е во храната … односно кога цените на преработената, и непреработената храна растат побрзо од просекот на овие други цени, кои се мерат со индексот на потрошувачки цени, односно официјалната инфлација, тогаш инфлацијата што ја чувствуваат потрошувачите ќе биде поголема за најсиромашните граѓани, кои го трошат најголемиот дел од својот приход на таа храна.

Како гледаме на инфлацијата?

Клучно е да разбереме дека структурата на нашата потрошувачка директно влијае на тоа дали ќе ја почувствуваме инфлацијата повеќе или помалку. На пример, ако имаме намалување на уделот на трошоците за храната, да речеме луѓето одлучуваат едноставно да трошат помалку за храна, да живеат поздраво и така натаму … можеби сами да одгледуваат и произведуваат нешто, и да имаат свое органско производство, со други зборови да бидат помалку изложени на цените на храната во супермаркетите. Тие ќе поминат полесно.

Ако се повеќе изложени на други цени, да речеме дека сакаат да патуваат, и на пример цените на автобуските или авионските билети не растат толку брзо како цените на храната во супермаркетите, ефектот од девалвацијата на нивните приходи всушност ќе биде помал за нив во споредба со оние кои, на пример, ја промениле својата структура на потрошувачка во насока на оние стоки и услуги чии цени растат побрзо.

Оттука, важно е да се има предвид дека нашата структура на потрошувачка влијае на видот на инфлација што ќе ја почувствуваме. Најчесто храната расте и е генератор на всушност растечката инфлација. Во поново време и цената на енергијата влијае на инфлацијата (повисоки цени на енергија раст на сите цени во економијата), чии цени многу зависат од движењето на цените на акциите, првенствено нафтата, гасот, а можеби и јагленот и некои други, кои исто така во голема мера влијаат на животниот стандард, а потоа се прелеваат на други аспекти, односно на други цени во целокупното економско опкружување, бидејќи цената на секое добро и услуга сама по себе мора да ги вклучува транспортот и трошоците за производство. Па кога произведуваме нешто во фабриките, сето тоа има енергија како компонента. Кога енергијата станува поскапа, таа се прелева во други цени во друг бран. Тоа е темата за геополитичките политички и безбедносни предизвици кои влијаат на домашната економија и животниот стандард.

Како можеме да разбереме дека храната расте побрзо од другите цени, додека производството на храна е тесно поврзано со сите други цени? Нешто не е во ред со економските политики во Македонија!

Анализите покажуваат дека ако има забрзано зголемување на цените на храната, како во Македонија, фактот дека овие цени растат побрзо од другите цени е еден доказ дека нешто не е во ред со нашите економски политики.

Македонија традиционално била многу земјоделски способна земја, отсекогаш имала производство на храна кое било поголемо од потребата за храна (така било во СФРЈ). И низ историјата од време на Отоманската империја, преку периодот на Вардарска Бановина, па и во периодот на СФРЈ како самостојна федерална членка ние бевме опишани како земјоделска земја. Храна и билки. Темите беа колку грла добиток имате по глава на жител, колку производство имате во некои природни мерни единици. Македонија отсекогаш била повеќе од самодоволна во однос на земјоделското производство, извезувала, ова може да се види во извозната структура на Кнежевството и Кралството СХС и подоцна во СФРЈ кога се извезувало големи количини на пазарите на поранешните југословенски држави од овде па до Словенија. Работеше и месната индустрија. Производството на месо и други земјоделски прехранбени производи.

Оттука, ако денес Македонија има поголем пораст на цените на храната, тогаш може да се постават прашањата: Дали навистина добро управуваме со земјоделската политика и воопшто со економските политики? И што се случи што доведе до колапс на македонското змјоделско и индустриско производство?

Најнапред размислува ли некој овде дека нашиот земјоделец, селанец, земјоделец, како и да го наречеме, мора да може да живее добро за да остане на земјата. Да има квалитетен животен стандард, да може да заработува добро, да акумулира за инвестиции во иден период. Тие инвестиции бараат финансиски средства. Земјоделското производство е специфично затоа што циклусите траат долго време.

Кога, на пример, произведувате индустриски производ, можете да кажете колку дена го правите производот. А кога зборуваме за земјоделски производ, потребни се месеци за нешто од семето да стигне до финалниот производ или за да порасне животно.

Високите цени на храната, и другите производи се доказ дека нешто не е во ред со нашите економски политики. Како ова да го разбереме? Тоа значи дека увозот на месо од Аргентина и Бразил треба да се замени со производство на македонско месо. Течко а? Епа тешко но единствено исправно! Домашниот производител да има можност да произведува месо со заработка. Колку е тоа економски реално? Корупцијата создава огромни социјални разлики и е пречка за релниот бизнис! Како се делат субвенциите и што тука треба да се смени. Дали сето ова ни функционира?

Затоа ова долгорочно производство на земјоделски производи бара посебно внимание од државата. Многу земји кои се многу напредни и либерални, капиталистички и така натаму, го штитат своето земјоделско производство. Целата Европска Унија го штити своето земјоделско производство. Јапонија особено го штити и субвенционира своето земјоделско производство. Но, во овие мерки на заштита и стимулации, пред сè мора да бидеме интелигентни за наша сопствена корист. Што значи „интелегентно во наша корист„!?

Тоа значи следново: Ако од Буџетот се даваат субвенции за остварување на земјоделско производство, треба да знаеме каде ќе завршат овие средства. Нема логика ние да земаме пари од Буџетот и да му ги даваме на земјоделски производител, а тој утре да го извезува тој производ со таа субвенција на странски пазари. Со тоа крајно поволноста од субвенцијата го користи странец кој ќе купи наш поевтин земјоделски производ. Се прави огромна штета и кај трговците, увозниците и извозниците. Си пукаме во нога.

Кога се дава субвенции и стимулации, важно да бидат добро осмислени. Да се даваат на таков начин што директниот земјоделски производител, или ние како потрошувачи, ќе имаме корист од субвенциите. За да не бидеме изложени на инфлација во цената на храната во супермаркетите (често увезена храна значи увозна инфлација), или нашата преработувачка индустрија да биде поконкурентна затоа што, на пример, има поевтини суровини од земјоделството во другите земјоделски преработувачки индустрии. Значи кога се даваат субвенции, оние што сакаат да остварат дополнителен профит со својот извоз во услови на зголемување на светските цени (а добил субвенции дома од Буџетот), можат да го направат тоа, но да ги вратат тие субвенции назад во Буџетот. Значи да ја видиме реалната продуктивност. И така правиме здраво земјоделство, кое пред да извезе ке размисли дали можеби е поисплатливо да продава дома. Оти, ако светската цена е толку висока што тие сакаат да извезуваат, а тој извоз во исто време значи намалување на понудата на земјоделски производи дома на пазарите за нас домашните потрошувачи (и цените дома растат), тоа значи дека ќе мора да плаќаме повеќе во супермаркетите.

Тоа исто таска значи дека нашата преработувачка прехранбена индустрија ќе плаќа за поскапи суровини од домашните ниви, тогаш прашањето е дали тој извоз за кој сите зборуваме навистина значи “поширока национална предност„!?! И мора да размислите за сето тоа.

И за следното дојде време сериозно да размислиме …., Мора да дебатираме – кои се примарните, кои се секундарните последици? Што прават стоковните резерви? Дали политиката на девизен курс всушност може да биде проблем, бидејќи имаме ситуација во која видовме дека нашите земјоделци произведуваат месо на таков начин што месото од Аргентина и Бразил е поевтино. Нешто не е во ред таму . Сите што произведуваат месо во Македонија, најголемиот дел од нив практично увезуваат месо. Смрзнато се разбира … Па тука кој знае што јадеме … По висока цена.

ПРОДОЛЖУВА …
Во следните денови Капитал бизнис магазин темата за Инфлацијата ке ја продолжи со темата на фиксниот девизен курс на денарот. Потоа темите за порзаноста на македонската економија со економијата на Европската унија и инфлацијата таму која влијае овде-што треба да се прави? Која е директната политика економска што треба да се примени за здрав реален раст на македонската економија гледана преку растот на македонските компании … Имаме ли игра?
И конечно Капитал магазин ке се осврне на феноментот на Структурна инфлација која низ годините наназд заедно со катастрофалната македонска приватизација и спората политички дозирана и диригирана транзиција уништи неповрато огромни стопански комплекси во земјата и предизвика големи политички проблеми …



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *