Национална програма за поддршка во
примарното земјоделие и аквакултурата
Неповратна помош за поддршка на примарното земјоделие и аквакултурата.
Еднаш годишно се носи програма за планирана поддршка за целата година, после која почнуваат во текот на целата година да излегуваат јавни огласи на кој може да се аплицира.
Подолу се листа на мерки кои се предвидени со програмата за оваа година.
Програма за рурален развој
мерка 111 – Обука и информирање на земјоделските производители
за организирање и одржување на професионална обука за стекнување вештини и информативни сесии за усовршување и оспособување на земјоделските производители, преку одржување на курсеви, семинари, предавања, посети на земјоделски и шумски стопанства, работилници и индивидуално учење, особено за следните области:
- успешно организирање и раководење на земјоделското стопанство; ● воведување на дополнителни дејности на земјоделско стопанство; ● воведување и употреба на современи технолошки достигнувања и иновативни практики; ● трансфер на знаења за постигнати научно – истражувачки резултати; ● користење на информатички технологии за земјоделско производство; ● примена на пропишани стандарди од областа на заштитата на животната средина, заштита на здравјето на луѓето, заштита и на здравјето на растенијата, заштита на здравјето и благосостојбата на животните и примена на хигиенски пракси; ● примена на мерките за поддршка за вршење на земјоделски производни практики за заштита и унапредување на животната средина и руралните предели и ● воведување на земјоделско производство со примена на повисоки стандарди за квалитет.
Висината на поддршката: изнесува 100% од вредноста на прифатливите и направените трошоци. Истата може да се додели во вид на авансна исплата до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ, а остатокот се исплаќа соодветно по секоја реализирана обука или информативна сесија врз основа на реалниот број на учесници.
112 – Помош за млади земјоделци (од 18 до 40 години) за започнување со земјоделска дејност
Висината на поддршката: во вид на авансна исплата до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ, а остатокот се исплаќа по реализација на инвестицијата.
113 – Поддршка за поттикнување на земјоделско производство (за млади земјоделци од 18 до 40 години)
Висината на поддршката: до 1.200.000 денари
115 – Поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство
Висината на поддршката: до 360.000 денари
121 – Mодернизација на земјоделски стопанства
поддршката претставува учество во нови инвестиции за следните намени:
- набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата буша), од увоз или од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника; ● набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци, од увоз или од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника; ● набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози од увоз или од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника; ● набавка на педигрирани свињи (нерези и назимки) чистокрвни или хибриди од увоз или од признати организации на одгледувачи регистрирани согласно член 6 од Законот за зоотехника;
- подигнување на нови повеќегодишни лозови и овошни насади, повеќегодишни насади со ароматични растенија и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини;
- набавка на пчелни матици и пчелни роеви од одобрени одгледувалишта согласно Законот за зоотехника; ● набавка на опрема во пчеларството;
- набавка на трактори; ● набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз; ● набавка на машини за разбивање на мраз; ● набавка на системи против замрзнување; ● заштитни мрежи и заштитни фолии; ● набавка на опрема за систем за наводнување – капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површинска вода; ● набавка на комбајни за жито; ● набавка на опрема за производство на тутун и расад од тутун; ● инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем; ● инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем; ● набавка на силоси; ● набавка на опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација, хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство; ● набавка на приклучна механизација; ● инвестиција во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, за потребите на објектот и ● инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч.
126 – Инвестиции за реструктуирање на земјоделски стопанства (до 50 години старост)
поддршка на земјоделски стопанства кои одгледуваат од 101 до 300 грла овци и/или од 5 до 10 грла крави. Поддршката на овој дел е наменета за инвестиции во купување на земјоделско земјиште, набавка на живи животни, изградба и реконструкција на објекти и набавка на механизација и опрема и за користење на советодавни услуги во земјоделството.
Висината на поддршката: до 70% од прифатливите и направени трошоци за реализација на инвестицијата.
131 – Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност-разни трансфери
неповратна финансиска поддршка за следните намени: а) За воспоставување на земјоделската задруга не постара од 12 месеци од денот на основање на земјоделската задруга до денот на објавување на јавен повик за доставување на барања за исплата на средства; б) За функционирање на земјоделските задруги; в) За инвестиции за унапредување на физичкиот потенцијал на земјоделската задруга.
213 – Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики
Обезбедување нето-плати за вработени и тоа: ● одгледување на овци за едно вработено лице на 150 овци; ● одгледување на кози за едно вработено лице на 100 кози и ● одгледување на говеда за едно вработено лице на 50 говеда.
214 – Помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина
неповратна финансиска поддршка за следните намени: ● активности за воспоставување, следење и анализирање на состојбите со автохтоните земјоделски растенија и обезбедување на задолжителни генетски резерви; ● воспоставување, следење и анализирање на состојбите со автохтоните раси на добиток и чување и обезбедување на задолжителни генетски резерви на автохтоните раси на добиток и ● зачувување на генетската разновидност на автохтони раси на добиток: говедо-буша, овца – праменка (каракачанска, овчеполска и шарпланинска овца), коза – балканска коза, куче–овчарско куче шарпланинец, овчарско куче караман и бивол – домашен бивол.
Програма за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност
Надоместок за мајчинство за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање
финансиска поддршка во износ од 100.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство на жените кои имаат статус на осигуреник-индивидуален земјоделец стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Поттикнување на потрошувачка на свежо овошје
1.1. – Финансиска поддршка за откуп, пакување и дистрибуција на органски или неоргански кајсии, праски, сливи, круши и јаболка од реколта 2025 година произведени во РС Македонија
Висината на финансиската поддршка изнесува 40.000.000,00 денари со вклучен ДДВ.
Рибарство и аквакултура
1. Финансиска поддршка во рибарството
1.4. Финансиска поддршка за порибување на риболовни води без концесионер/корисник – 100% од прифатливи трошоци
1.5. Финансиска поддршка за доградба, надградба и опремување на постоечките капацитети – репроцентри/мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал 100% од прифатливи/одобрени трошоци
1.6. Дополнителна заштита на рибите во риболовните води 100% од прифатливи трошоци
1.7. Набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води 100% од прифатливи трошоци
1.8. Финансиска подршка за отстранување на постоечките нарушувања на животната средина 100% од прифатливи трошоци
1.9. Финансиска подршка за рехабилитација на риболовни води 100% од прифатливи трошоци
2. Финансиска поддршка во аквакултурата и преработката на риби
2.1. Финансиска поддршка за инвестиции во аквакултурата 60% од вредноста на прифатливите трошоци за инвестицијата
2.2. Финансиска поддршка за порибителен материјал 50% од вредноста на набавен или сопствен подмладок
2.3. Финансиска поддршка за инвестиции во преработувачки капацитети 50% од вредноста на прифатливите трошоци за инвестицијата.
4. Развој на нови пазари и промотивни кампањи
4.1. Финансиска поддршка за промоција на рибарството 100% од вредноста на прифатливи трошоци
4.2. Финансиска поддршка за маркетинг и промоција на аквакултурно производство 100% од вредноста на прифатливи трошоци
Прочитај за останати грантови кои ти следуваат
Ако си фирма со погорните дејности ти си апликативен и за следни грантови:
20-50% поврат за веќе направени инвестиции
60-90% грант за фирми до 6 години стари
ФИТР
За анализа дали следува овој грант конкретно за твојот бизнис, за подетални информации, опис на процесот на аплицирање - направи состанок со наш стручен консултант и добиј од него бесплатен совет и насоки
Сакаш БЕСПЛАТЕН совет?