Ипард - до 600.000 евра неповратен грант за рурален развој, алтернативна енергија и земјоделие...
ИПАРД 3 програмата опфаќа и поддршка на различни сектори на активности преку популарната мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“, кои според нивната локација се подобни за аплицирање во рамки на оваа мерка, а кои се вон дејностите на непрехранбено производство или рурален туризам.
Кој може да аплицира?
-
Производство и продажба на енергија од обновливи извори – соларна и ветерна енергија, преработка на растителни и животински производи од биомаса, производство на био-гориво, преработка на шумска биомаса
-
Производство на храна и пијалаци (со исклучок на инвестиции кои се прифатливи по другите мерки од ИПАРД Програмата (пр. кафе, пиво, апетисани, чипсови, кондиторски производи, енергетски пијолаци, газирани пијалаци, вода, сода-вода и сл.) т.е. кои не се предвидени во мерка 3.
-
Алтернативно земјоделско производство и преработка – одгледување на печурки и тартуфи, хортикултура, производство на семенски и саден материјал, одгледување на зајаци, полжави, птици за јајца и месо (патки, гуски, мисирки, тетреби, ноеви, емуа и бисерки), дивеч, пчеларство, одгледување на зачински, ароматични и фармацефтски растенија, насади на дрвја за дрвена граѓа и био-маса
-
Услуги за руралното население – услуги за поправка и одржување, грижа на домашни миленичиња, престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн), дневно згрижување на деца, центри за обука и едукација (образовни, информатички, спортско-рекреативни центри и сл.)
-
Занаетчиски активности
-
Услуги во земјоделството – ветеринарна дејност, работилници за одржување , поправка и изнајмување на земјоделска механизација и опрема
Висина на поддршка
60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.
Финансиската поддршка ќе се зголеми за дополнителни 10 % (но кумулативно не повеќе од 75%) за инвестиции во обновливи извори на енергија, во третман на отпадни води и во продуктивна употреба на отпадни материјали – циркуларна економија.
Минимално вкупно прифатливи трошоци за поединечен проект: 10.000 €
Максимална финасиска поддршка која може да се додели за поединечен проект: 600.000 €
Во текот на целата програма по корисник може да се доделат максимум до 1,5 милиони евра.
Може да аплицира и новоформирана фирма (која е сеуште ниедна завршна сметка) но тогаш може да се додели максимум до 100.000 евра.
Половина од средствата предвидени за грантот, по одобрување на истиот, ќе бидат исплатени аванско како предфинасирање, а половина по ставањето на аплицираната инвестиција во функција.
Предуслови за аплицирање
- Правно лице од погорните дејности, кои се Микро и мали претпријатија до најмногу 50 вработени или Годишен приход најмногу до 10 милиони евра;
- Физичко лице (само за дел од погорните мерки) со минимум средно образование, кое се обрзува до крајот на инвестицијата да регистрира правно лице (дотогаш регистрирано соодветно за одредени мерки како: земјоделец, угостител, трговец поединец, преставник на земјоделско стопанство, индивидуален земјоделец)
- Инвестициите мора да бидат спроведени на сопствен имот на корисникот или на имот закуп од најмалку 7 години од датумот на поднесување на барањето;
- Корисникот мора да прикаже изгледи за континуитет во работењето во текот на најмалку 5 години;
- Најдоцна до крајот на проектот корисникот мора да биде усогласен со главните релевантни национални минимални стандарди за соодветната област;
- Погодна локација – Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Ова ги опфаќа селата во Македонија, но и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга – Погледнете ја целосната листа на линков ОВДЕ.
Прифатливи инвестиции
Неповратниот грант во максимален износ до 600.000 евра може да се искористи за покривање на 60% од трошоците за набавка на:
-
Изградба или реконструкција на објекти и друг недвижен имот, помошни објекти, вклучувајќи ги и оние што се користат за безбедност при работа, за заштита на животната средина и потребна опрема
-
Набавка и/или инсталирање нови машини (вклучително и земјоделска механизација и опрема/инструменти, поврзани со прифатливата економска дејност)
-
Набавка на наменски транспортни резервоари и приколки
-
Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум)
-
Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија
-
Инфраструктурно уредување
-
Нематеријални инвестиции (ISO и HASSP стандарди, патенти и леценци, компјутерски софтвер, студии/проценки за стандарди за хигиена, животна средина и маркетинг, рекламна активност, градежни планови, консултантски услуги)
Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува во сопственост на корисникот.
Прочитај за останати грантови кои ти следуваат
Ако си фирма со погорните дејности ти си апликативен и за следни грантови:
20-50% поврат за веќе направени инвестиции
60-90% грант за фирми до 6 години стари
ФИТР
За анализа дали следува овој грант конкретно за твојот бизнис, за подетални информации, опис на процесот на аплицирање - направи состанок со наш стручен консултант и добиј од него бесплатен совет и насоки
Сакаш БЕСПЛАТЕН совет?