ФИТР - 60-70% за Забрзан технолошки развој
на Претпријатија или ПЗУ
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“) со големина од дури 250 вработени – за забрзан економски раст, и со тоа да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација.
Висина на поддршка
Ова е кофинасиран грант што значи предвиден е механизам на поврат преку плаќање на ројалти кој се врши по стапка од 7,5% од оперативната добивка на корисникот (според АОП 246 од Билансот на успех), за период од пет години по завршувањето на проектот.
Преку овој инструмент ФИТР обезбедува финансиска поддршка, и тоа под следниве услови:
70% финасирани од ФИТР но не повеќе од 2.5 милиони денари (околу 40.600 евра) за фирми кои имаат до 10 вработени или со годишен приход (следено од последни 2 години) од 50.000 евра
- 70% финасирани од ФИТР но не повеќе од 5 милиони денари (околу 81.000 евра) за фирми кои имаат од 10 до 50 вработени или се со годишен приход (следено од последни 2 години) од 50.000 до 2 мил. евра
- 60% финасирани од ФИТР но не повеќе од 10 милиони денари (околу 160.000 евра) за фирми кои имаат од 50 до 250 вработени или се со годишен приход (следено од последни 2 години) од 2 мил. до 10 мил. евра
Кој може да аплицира?
Претпријатија или ПЗУ до 250 вработени
Да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
Против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
Апликанти со над 3 (три) години на постоење до моментот на аплицирање да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за последните две календарски години
Прифатливи активности за инвестирање
Набавка и воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за трансформација на производствените и деловните процеси;
Развој и воведување на нови поеколошки процеси и стандарди за производство и работа;
Набавка и воведување на нови дигитални решенија (софтвер, алатки, лиценци и сл.) и развој на дигитални бизнис модели, кои може да вклучуваат дигитализација на каналите за продажба и набавки;
Градење на капацитетите на менаџментот и вработените за примена на новите технологии;
Подобрување на продуктивностa и ефикасностa на производствените и/или деловните процеси;
Намалување на трошоци на производство и оперативно работење;
Подобрување на ефикасностa при употреба на ресурси;
Активности за намалување на негативното влијание врз животната средина;
Значително подобрување на квалитетот и додавање на нови или значително подобрени карактеристики на производите и услугите како резултат на промените во понудата и побарувачката поврзани со последиците од КОВИД-19 кризата (вклучително стандардизација и сертификација);
Развивање на нови канали за продажба и активности за влез или експанзија на нови пазари – градење на постабилна и поодржлива мрежа на добавувачи.
Листата на активности не е ограничувачка.
Прифатливи трошоци за инвестирање
Бруто плати за вработените лица кај апликантот кои ќе бидат ангажирани на проектот;
Трошоци за техничка поддршка (експертиза), трошоци за договорни услуги за истражување,
развој, дигитализација (пр. тестирање, лабораториски услуги и слично);
Трошоци за набавка и изнајмување на опрема, софтвер, алатки од информатичка технологија и
суровини и потрошен материјал, директно поврзани со реализација на проектот;
Трошоци поврзани со спроведување на план за технолошки развој на Апликантот;
Други оперативни трошоци директно поврзани со реализацијата на проектот, освен оние кои
не се подобни за финансирање преку овој Инструмент.
Само трошоците направени за време на проектот во согласност со одобрениот буџет на
проектот и реализирани до крајот на проектот се подобни за финансирање.
Прочитај за останати грантови кои ти следуваат
Ако си фирма со погорните дејности ти си апликативен и за следни грантови:
20-50% поврат за веќе направени инвестиции
60-90% грант за фирми до 6 години стари
ФИТР
За анализа дали следува овој грант конкретно за твојот бизнис, за подетални информации, опис на процесот на аплицирање - направи состанок со наш стручен консултант и добиј од него бесплатен совет и насоки
Сакаш БЕСПЛАТЕН совет?