АСИПИ - 20-50% по Закон за финансиска поддршка
како поврат за веќе направени инвестиции
Овој грант кој е според Законот за финансиска поддршка на инвестиции (донесен 2018) следува за за производни фирми (вклучително и печатници) или фирма која како дел од своето работење има производство.
Грантот е во вид на поврат за направени инвестиции во претходна календарска година, а Договорот кој се склучува може да биде за поврат за инвестиции направени во период од следни 5 календарски години.
Висина на поддршка
Процентот на поврат зависно од приходот од работење во последните 3 години, бројот на вработени и регионот во земјава, може да изнесува до 50% од кои:
-
до 20% според резултати од работењето во последни 3 години според резултатите завршните сметки (новоформирани фирми започнуваат со основица од 10%)
-
Дополнителни проценти зависно од регионот каде се наоѓа производството (т.е. регионалниот развој – развиеноста на планскиот регион каде се наоѓа производството според податоци на Завод за статистика за дадената година)
Кој може да аплицира?
Според последните измени на Законот од 2025, овој грант е исклучиво за фирми кои во тековната состојба имаат основна (примарна) шифра на дејност (а, не подружница) од шифра 10 до шифра 33 од Националната класификација на дејности (со исклучок на производство на акцизна стока, пр. аплкохол или производи од тутун) :
Производни компании (прехранбено и непрехранбено)
Печатници
Организационен облик на компанијата мора да биде исклучиво: АД, ДОО или ДООЕЛ
Апликативни се само компании кои имаат дејност:
целосно производство,
дел од дејноста е производство (а инвестицијата се однесува на тој дел)
во идни 5 години планираат да отпочнат со производство
Нема ограничувања по основ на:
Големината на фирмата
Дали фирмата е со домашен или странски сопственик
Дали има или нема поврзани фирми со конкретната фирма
Локацијата
- Новости со измените на законот од 2025, за нови фирми апликанти:
- Минималните планирани инвестиции за инвестициски циклус (пр. од 5 години) мора да биде поголем од 100.000 евра;
- Новооснована фирма (каде ќе има олеснети услови во однос на следењето на финасиските резултети) се смета фирма формирана во последните 2 години. Претходно за такви фирми се сметаа само основаните во 1 последна година.
Прифатливи инвестиции
1.Купување на земјиште на кое во следните 5 години би се градел производствен капацитет
2.Купување на производствен капацитет
3.Адаптирање на производствен капацитет (вклучувајќи и наградба и доградба). Доколку сопственик на фирмата над 51% е лице државјанин на РС Македонија, а со престој во странство над 5 години – само за градење на производствен капацитет, следува поврат и до 50%
4.Греење и ладење
5.Машини, алат и опрема кои на денот на купување не се постари од 2 години
6.Хардвер
7.Софтвер
8.Истражување и развој (лабораторија, патенти, лиценци, ХАССП, ИСО, ХАЛАЛ стандарди, тестирање, прототипи и сл.)
9.Нови вработувања кои имаат плата 50% повисока од минималната – барем 50% од вработените да се нововработени (кои 3 мес.претходно да не биле вработени, а 12 мес. да не биле во оваа иста фирма, или претходно да работеле во фирма која е под стечај или во јавна администрација)
10.Обуки на вработени
11.Учество на саеми (пасивно и активно)
12.Кирија за изнајмен производствен погон (доколку договорот за закуп е над 10 сметано од првото аплицирање за овој грант)
Прочитај за останати грантови кои ти следуваат
Ако си фирма со погорните дејности ти си апликативен и за следни грантови:
20-50% поврат за веќе направени инвестиции
60-90% грант за фирми до 6 години стари
ФИТР
За анализа дали следува овој грант конкретно за твојот бизнис, за подетални информации, опис на процесот на аплицирање - направи состанок со наш стручен консултант и добиј од него бесплатен совет и насоки
Сакаш БЕСПЛАТЕН совет?