Бизнис Е-пакетите на УНИБанка– за пониски трошоци и побрзо банкарско работење


Бизнис Е-пакетите носат конкретни заштеди: според Банката, годишните заштеди започнуваат од 17.000 денари и може значително да пораснат во зависност од обемот и типот на трансакции.

Дополнително, приклучувањето на УНИБанка кон СЕПА системот значи побрзи и поевтини плаќања кон европските земји — предност особено важна за компании со меѓународни активности.

Понудата опфаќа неколку нивоа на пакети, со месечна претплата почнувајки од 690 денари, насочени кон различни профили на клиенти: претприемачи, стартапи и мали компании со умерен обем на трансакции; компании со голем број дневни трансакции, кои ќе профитираат од вклучените КИБС и МИПС трансакции; фирми со странска соработка, девизни приливи и плаќања, за кои се достапни пакети со неограничени девизни приливи, различен обем девизни одливи и вклучени СЕПА трансфери.

Пакетите се дизајнирани според обемот и типот на работење и се дигитално достапни, без потреба од посета на експозитура. Со оваа понуда, УНИБанка ја истакнува својата позиција како современа европска Банка и партнер на бизнисите во нивниот развој.

Огромни заштеди. Големи и суштински разлики меѓу тоа да  користите E-пакети и да не користите!

Капитал направи анализа на оваа иновација на банкарскиот пазар од страна на УНИБанка од аспект на тоа што значи една компанија да има и во случај кога би немала Е-пакет. Разликите се воочливи и прилично драстични и релевантни.

УНИБанка нуди пет практични Е-Пакети – S, M, L, XL и XXL – прилагодени на обемот на вашето работење. Сите пакети вклучуваат: без надоместок за одржување на сметка, мобилно и електронско банкарство, бизнис дебитна картичка, изводи во МКД, преглед за УЈП и уплата на дневен промет (Cash In).

Од основниот Е-Пакет S со месечна цена од 690 МКД и годишна заштеда до 17.700 МКД, до најголемиот Е-Пакет XXL, кој овозможува неограничени трансакции и најголема заштеда, секој бизнис може да избере пакет кој ги покрива неговите потреби по најповолни услови.

Со вклучени интерни, КИБС и МИПС налози, како и девизни приливи и плаќања, Е-Пакетите се дизајнирани да ги намалат вашите трошоци и да го забрзаат банкарското работење.

Сите услови и поволности можете да ги погледнете на нивната веб страна: https://unibank.mk/mk-MK/smetki-pravni.nspx#!#paket-na-uslugi



Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *