Трка на херои во различни бои – Kapital.mk


Трчањето нè учи да излеземе од нашата зона на удобност. Трчањето не е само физички, туку и ментален предизвик кој ја тестира нашата одлучност.

Предизвиците и победите во трчањето се одраз на предизвиците што ни се случуваат во животот – бараат упорност и издржливост, а резултатите се постигнуваат постепено. Упорноста ги прави чекорите постабилни и посигурни, и, по одредно време, трчањето станува полесно.

Аутизмот е маратон, трчање по долги и непредвидливи патеки полни со пречки и предизвици. И меѓу сите предизвици, постои непоколеблива сила која нè учи на издржливост, трпение и ни ја открива бескрајната способност да сакаме некого онаков каков што е. А, секој маратон се трча полесно со голема поддршка, навивање, охрабрување. Така знаете дека не сте сами и дека некој навива за вас.

На триесет и петгодишнината од своето постоење, компанијата Зегин, со поддршка од Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, одлучи да трча токму за овие прекрасни луѓе кои живеат на спектарот.

Триесет и петте години не се само бројка, туку и безброј испреплетени приказни. Секоја година исполнета со надминати предизвици, прославени победи, моменти на неизвесност, храбри одлуки и непоколеблива посветеност на секој поединец кој на некаков начин придонел за растот на Зегин.

Триесет и пет години, компанијата исто така расте како општествено одговорна компанија која остава зад себе сериозни дела кои остануваат.

Хуманитарната трка „ЗЕГИН СПЕКТРАТОН – Трка на херои во сите бои“ ни покажа дека не сме сами. Километрите кои беа истрчани заеднички, со љубов и разбирање, имаа за цел реконструкција на првиот регионален социјален клуб за адолесценти со аутизам. И тука немаше разлики – рамо до рамо, сите заедно, од најмлади до највозрасни, трчаа со една мисија – да се пробие целта, што е симбол на рушење на сите бариери преку подигнување на јавната свест и славење на невродиверзитетот.

Статистиката покажува дека аутизмот погодува едно од триесет и шест деца, а стигмата кон нив и кон нивните семејства ја крие неверојатната разновидност и потенцијал на луѓето од спектарот.

Лицата со аутизам се соочуваат со бариери и дискриминација во сите аспекти на општеството – здравство, социјална заштита, образование, вработување итн. Клучно е луѓето со аутизам, како и нивните семејства и негуватели, да имаат непречен пристап до соодветни информации, насоки и поддршка за да се надминат овие бариери и да добијат можности да истражуваат за она што ги интересира, да ги развиваат своите вештини и да создаваат пријателства кои го прават животот поисполнет.

Зегин како компанија со оваа кампања сака да ги постигне следните цели:

  • Подигнување на јавната свест за лицата со аутизам и АДХД
  • Промена на јавната свест и поттикнување разбирање за лицата со аутизам и АДХД, како и нивно вклучување во сите општествени сфери
  • Подобрување на условите за достоинствен живот и непречено функционирање на лицата со аутизам и АДХД
  • Едукација за правилен третман и поддршка на лицата со аутизам и АДХД за да можат полесно да се справат со нивните состојби
  • Поддршка за нивните семејства
  • Видлива промена во ставовите на заедницата кон прифаќање и инклузија.

Со оваа кампања, компанијата Зегин заедно со Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, отвора можност за подигнување на свеста, едуцирање и потсетување на општеството дека аутизмот не е ограничување, туку поинаков начин на постоење. Кампањата е повик за сочувство, за вклучување и за препознавање на генијалноста во она што на прв поглед може да изгледа како хаос.

Аутизмот не е загатка што треба да се реши, туку ремек дело што треба да се цени. Треба да научиме да ја препознаваме неговата убавина, да ги почитуваме неговите предизвици и да се бориме за иднина каде што секој човек од спектарот ќе биде виден, слушнат и прифатен.

„Тој ден, без посебна причина, решив да трчам малку. Така истрчав до крајот на патот. И кога стигнав таму, мислев дека можеби ќе трчам до крајот на градот. И кога стигнав таму, мислев дека можеби само ќе трчам низ округот Гринбоу Алабама. И помислив, кога трчам олку далеку, можам да ја претрчам и цела Алабама. И токму тоа го направив. Ја претрчав Алабама.“ – Форест Гамп.

Брилијантноста на ликот Форест Гамп во филмот лежи во неговото нијансирано, повеќеслојно прикажување што ја тера публиката да ја прошири перцепцијата за попреченост и различност.

Така, компанијата Зегин и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, согледувајќи ја потребата да се истрчаат повеќе километри за да се прошири општествената перцепција за различностите, заеднички ја заокружија втората фаза од кампањата посветена на лицата со аутизам, која годинава е фокус на Зегин како една од најголемите општествено одговорни компании во нашата земја, преку организирање на голем меѓународен конгрес посветен на лицата со аутизам и АДХД.

Под мотото „Заедно за спектар на можности“, во периодот од 13 до 15 ноември, Скопје беше домаќин на лекари и експерти од оваа област од нашата земја и од странство: САД, Русија, Велика Британија, Финска, Швајцарија, Шпанија, Турција, Хрватска, Србија, Косово.

Со богата тридневна програма и директен пренос од сите три дена, македонската јавност имаше можност да ги слушне презентациите на врвни експерти кои несебично ги споделија своите знаења и искуства пред многубројната публика која вклучуваше професионалци, здруженија и родители на деца со аутизам и АДХД, кои ги споделија сите предизвици со кои се соочуваат во нивното секојдневие и ни овозможија одблизу да видиме како е да се живее на спектарот.

Ѕвезда на овој конгрес беше малиот уметник Филип Симоновски Циглењак, дете од спектарот со исклучителна дарба за сликање и еден од луѓето кои беа инспирација за одржување на првиот Меѓународен конгрес за аутизам и АДХД, кој се претстави со авторска соло изложба на уметнички слики, која беше целосно распродадена.

На крајот на конгресот, Филип низ солзи радосници му извика на својот татко: „Успеавме!“

Зегин со оваа кампања успеа да направи една сериозна промена – голем, стабилен и сигурен чекор на маратонот што допрва треба да го истрчаме сите заедно.





Преземено од: Kapital.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *