ФИТР - до 325.000 евра за
Комерцијализација на иновации
ФИТР инструментот „Комецијализација на иновации“ е наменет за претпријатијата кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност.
Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) сѐ до прет-комерцијална (прет-пазарна) фаза.
Висина на поддршка
- Предвиден е механизам на поврат преку плаќање на ројалти во случај корисникот да генерира приходи од продажба како резултат на проектот. Обврската изнесува 5% од годишниот приход исклучиво од продажбата на конкретниот производот / услугата (кои се резултат за период од пет години по завршувањето на проектот.
- Во случај доколку за времетраењето на проектот, а сѐ до одобрувањето на завршниот извештај од страна на Фондот, корисникот достави доказ за привлечен инвеститор кој вложил износ кој изнесува најмалку 50% од износот на финансиска поддршка доделена од страна на Фондот на корисникот, корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти. Како доказ за направената инвестиција ќе се смета договор, тековна состојба и доказ за направена уплата на инвестицијата.
- Преку овој инструмент ФИТР обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20.000.000,00 денари (325.000 евра) и тоа:
- 70% финасирани од ФИТР за фирми кои имаат до 50 вработени или се со годишен приход (следено од последни 2 години) до 2 мил. евра
60% финасирани од ФИТР за фирми кои имаат од 50 до 250 вработени или се со годишен приход (следено од последни 2 години) од 2 мил. до 10 мил. евра
Кој може да аплицира?
Претпријатија до 250 вработени
Апликанти со над 3 (три) години на постоење до моментот на аплицирање да немаат остварена загуба согласно финансиските извештаи за последните две календарски години;
Да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
Против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања; и др
Прифатливи активности за инвестирање
активности за истражување и развој;
активности за тестирање;
активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост;
дизајн;
развој на пилот линии;
активности поврзани со обезбедување квалитет;
активности за маркетинг и продажба (насочени кон доведување на иновацијата до
инвестициска подготвеност и зрелост за воведување на пазарот)
Прифатливи трошоци за инвестирање
Бруто плати за вработените лица кај апликантот кои ќе бидат ангажирани на проектот.
Поддоговорни услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);
Ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
Ангажирање на консултанти за останати потреби дирекно поврзани со очекуваните резултати на проектот (експертиза поврзана со иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);
Подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн;
Трошоци за маркетинг;
Канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на административна помош) во максимален износ од 10% (десет проценти) од вкупниот буџет на проектот.
Прочитај за останати грантови кои ти следуваат
Ако си фирма со погорните дејности ти си апликативен и за следни грантови:
20-50% поврат за веќе направени инвестиции
60-90% грант за фирми до 6 години стари
ФИТР
За анализа дали следува овој грант конкретно за твојот бизнис, за подетални информации, опис на процесот на аплицирање - направи состанок со наш стручен консултант и добиј од него бесплатен совет и насоки
Сакаш БЕСПЛАТЕН совет?