ФИТР - 85-90% за новоформирани стартап фирми
во последниве 6 години
Преку овој инструмент се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга.
Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти кои имаат најмалку „потврден концепт“ (proof of concept) и јасна амбиција за комерцијализација. Инструментот поддржува проекти кои се во фаза на потврден концепт до предкомерцијална (предпазарна) фаза.
Висина на поддршка
Финасиските средствата одобрени по овој инструмент – се неповратни.
Преку овој инструмент ФИТР обезбедува финансиска поддршка и тоа под следниве услови:
90% неповратен грант но не повеќе 40.000 евра – за фирми кои се основани наназад до 3 години (од моментот на аплицирањето) или ќе се формираат до 30 дена од приемот за Известувањето за селекција на предлог проект (во случај кога апликат е Проектен тим)
- 85% неповратен грант но не повеќе 60.000 евра – за фирми кои се основани наназад помеѓу 3 и 6 години (од моментот на аплицирањето)
Кој може да аплицира?
Претпријатија до 250 вработени
Да има подмирени доспеани обврски по основ на јавни давачки и придонеси;
Против него да не се отпочнати постапки за присилно извршување на доспеани парични побарувања;
Од моментот на регистрирање на трговското друштво до моментот на поднесување на предлог проект во Фондот да не поминале повеќе од 6 (шест) години; и др.
Прифатливи активности за инвестирање
Активности за истражување и развој;
Развој на пилот линии/производ/и и/или услуга/и;
Активности за тестирање и валидација на нови и/или унапредени производи/услуги/процеси;
Активности за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници;
Активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост и Дизајн.
Прифатливи трошоци за инвестирање
Бруто плати со вклучени додатоци за лица кои се или ќе бидат вработени кај корисникот и директно учествуваат во реализација на проектот.
Набавка и/или изнајмување на опрема и потрошни материјали за истражување и развој;
Поддоговорни услуги за истражување и развој (пр. тестирање, лабораториски услуги и сл.);
Ангажирање на експерти/советници за истражување и развој;
Ангажирање на консултанти за потреби директно поврзани со резултатите на проектот (експертиза за иновациски менаџмент, финансиски менаџмент, мобилизација на средства, бизнис развој, маркетинг експрети за тестирање на пазарот и валидација на потенцијалните корисници, правни работи, заштита на интелектуална сопственост и друго);
Подготовка и поднесување на пријава за патент, заштита на трговска марка и/или индустриски дизајн;
Канцелариска и деловна поддршка (наем на деловен простор, режиски трошоци, банкарски провизии, сметководствени услуги, хостинг и останати видови на оперативни трошоци поврзани со реализација на проектот) во максимален износ од 15% од вкупниот буџет на проектот.
Прочитај за останати грантови кои ти следуваат
Ако си фирма со погорните дејности ти си апликативен и за следни грантови:
20-50% поврат за веќе направени инвестиции
60-90% грант за фирми до 6 години стари
ФИТР
За анализа дали следува овој грант конкретно за твојот бизнис, за подетални информации, опис на процесот на аплицирање - направи состанок со наш стручен консултант и добиј од него бесплатен совет и насоки
Сакаш БЕСПЛАТЕН совет?