Ипард - до 600.000 евра неповратен грант за
опремување на соби, апартмани, хотели,
бунгалови, ресторани

Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, тогаш ИПАРД мерка 7 е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средстства во висина од 60% од инвестицијата.  

Клучна цел на приоритетниот сектор „Рурален туризам“ е поддршка на развојот на руралниот туризам преку инвестиции во развој на објекти за рурален туризам, создавање и модернизација на сместувачки капацитети и угостителски објекти, креирање на рановидни рекреативни услуги во руралните средини, развивање на активности што се поврзани со обичаите, занаетчиството и типичните видови храна. 

Овој грант следува за сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови, ресторански услуги – Инвестиции во градба / реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба или да е во согласност со пејсажниот амбиент на околината. 

Висина на поддршка

Половина од средствата предвидени за грантот, по одобрување на истиот, ќе бидат исплатени аванско како предфинасирање, а половина по ставањето на аплицираната инвестиција во функција.

Кој и за што може да аплицира

  • Физичко лице – со или без регистрирана дејност (кое потоа до крајот на проектот ќе биде регисрирано како: угостител, сопственик на сместувачки капацитет). Може да аплицира за инвестиција до максимален капацитет:
    • за сместувања во затворен простор (соби, апартманиноќевање и појадок, само-угостителски колибидо 10 соби  или до 20 легла; 
    • за сместувања во за сместување во отворен простор (бунлагови, кампови, камп-приколки) до 10 сместувачки единици или до 30 легла;
    • Угостителска дејност (готвење и служење на храна) – до 50 седишта;
    • Комбинирани услуги – сместување и угостителски услуги.
       
  •  Правно лице – регистрирано во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €. Може да аплицира за инвестиција до максимален капацитет: 
    • за сместувања во затворен простор (соби, апартмани, ноќевање и појадок, само-угостителски колиби) до 20 соби  или до 30 легла; 
    • за сместувања во за сместување во отворен простор (бунлагови, кампови, камп-приколки) до 15 сместувачки единици или до 30 легла;
    • Угостителска дејност (готвење и служење на храна) – до 150 седишта;
    • Комбинирани услуги – сместување и угостителски услуги.
  •  Дополнитѕелно правно лице може да аплицира и за:
    • Обезбедување на простории за дегустација, продажба и директен маркетинг на производите
    • Рурални музеи (згради и изложбени предмети за разгледување на историски, природни, традиционални, образовни, земјоделски и други добра од руралните средини, како и ботанички и зоолошки градини)
    • Обезбедување на простории за семинари и обуки, едукативни фарми
    • Обезбедување на рекреативни активности за туристите

Предуслови за аплицирање

За овој грант може да аплицираат физички или правни лица кои покрај погорните услови, ги исполнуваат критериумите за подобност:

Прифатливи инвестиции

Неповратниот грант во максимален износ до 600.000 евра може да се искористи за покривање на 60% од трошоците за целосно внатрешно и надворешно уредување:

Покрај опрема и машини, може да се инвестира и во изградба на нови или реконструкција/реновирање на постоечки објекти кои ќе се користат како сместувачки капацитети или угостителски објекти, и тоа:

Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува во сопственост на корисникот.

Прочитај за останати грантови кои ти следуваат

Ако си фирма со погорните дејности ти си апликативен и за следни грантови:

За анализа дали следува овој грант конкретно за твојот бизнис, за подетални информации, опис на процесот на аплицирање - направи состанок со наш стручен консултант и добиј од него бесплатен совет и насоки

Сакаш БЕСПЛАТЕН совет?​