Ипард - до 1.500.000 евра неповратен грант
за прехранбено производство
ИПАРД преку својата мерка 3 дава поддршка од 50-60% неповратен грант за Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Тука спаѓаат голем број на дејности кои се однесуваат на преработувачката прехранбена индустрија.
Висина на поддршка
50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.
Финансиската поддршка ќе се зголеми за дополнителни 10 % (но кумулативно не повеќе од 60%) за:
Инвестиции во згради/опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија со цел задоволување на сопстевните потреби за енергија;
Инвестиции во згради/опрема со цел подобрување на енергетскатата ефикасност;
Инвестиции во згради/опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи/суровини (преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија);
Инвестиции за згради/опрема за третман на вода/отпадна вода;
Инвестиции во продуктивна употреба на отпадни материјали – циркуларна економија.
Минимална вкупно прифатливи трошоци за поединечен проект: 50.000 €
Максимална финасиска поддршка која може да се додели за поединечен проект: 1.500.000 €
Во текот на целата програма по корисник може да се доделат максимум до 3 милиони евра
Може да аплицира и новоформирана фирма (која е сеуште ниедна завршна сметка) но тогаш може да се додели максимум до 100.000 евра.
Половина од средствата предвидени за грантот, по одобрување на истиот, ќе бидат исплатени аванско како предфинасирање, а половина по ставањето на аплицираната инвестиција во функција.
Кои дејности можат да аплицираат:
Преработка на Млеко и млечни производи;
Месо и месни производи (вклучително јајца и живина);
Овошје и зеленчук (вклучително компир и мешункасти култури);
Житарици, мелнички производи и скроб (вклучително пекари, слаткари и производство на тестенини);
Растителни и животински масти и масла;
Шира, вино, други ферментирани пијалаци,жесток алкохол и оцет;
Преработка на риба и рибни производи;
Сточна храна и производи од фуражни култури;
Производство на енергија (за сопствена потреба) со преработка на биомаса од растително и животинско потекло.
Кој може да аплицира?
Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €. Претпријатија од 250 до 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните стандарди на ЕУ)
Задруги
Здружени правни лица (најмалку 10 здружени производители)
Предуслови за аплицирање
Корисниците мора да се регистрирани во Централниот регистар и во АХВ како оператор со храна:
Инвестициите мора да бидат спроведени на сопствен имот на корисникот или на имот закуп од најмалку 7 години од датумот на поднесување на барањето;
Корисникот мора да прикаже изгледи за континуитет во работењето во текот на најмалку 5 години;
Најдоцна до крајот на проектот корисникот мора да биде усогласен со главните релевантни национални минимални стандарди за соодветната област;
Прифатливи инвестиции
Неповратниот грант во максимален износ до 1.500.000 евра може да се искористи за покривање на 50-60% од трошоците за набавка на:
Изградба или реконструкција на згради и друг недвижен имот што се користи за преработка и маркетинг на земјоделски производи, помошни простории, вклучувајќи ги оние што се користат за безбедност и здравје при работа за заштита на животната и потребната опрема.
Набавка и/или инсталирање нови машини и опрема/инструменти (за сортирање, откуп, чување и разладување на откупните места / преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење и складирање / за производство на нови производи, воведување нови технологии и процеси / за заштита на животната средина / за производство на енергија од обновливи извори на енергија / за подобрување и контрола на квалитетот и безбедноста на суровините и храната.
Набавка на специјализирани транспортни резервоари и приколки за транспорт на суровини и/или готови производи, вклучувајќи приколки за транспорт на живи животни.
Набавка и/или инсталирање нови машини и/или опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните.
Набавка и/или инсталирање нови машини и/или опрема за заштита на животната средина (енергетска ефикасност, контролирани климатски услови, третман и валоризација на отпад и нуспроизводи, третман на вода/отпадни води, преработка на примарна и секундарна биомаса од растително или животинско потекло, итн.), вклучително за обезбедување електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија.
Развој на инфраструктурата на претпријатието (патишта за поврзување, инсталации за снабдување со електрична енергија, системи за водовод и канализација, пумпни станици, артески бунари) за исполнување на потребите за неговите активности за преработка и маркетинг.
Нематеријални инвестиции (ISO и HASSP стандарди, патенти и леценци, компјутерски софтвер, студии/проценки за стандарди за хигиена, животна средина и маркетинг, рекламна активност, градежни планови, консултантски услуги).
Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува во сопственост на корисникот.
Прочитај за останати грантови кои ти следуваат
Ако си фирма со погорните дејности ти си апликативен и за следни грантови:
20-50% поврат за веќе направени инвестиции
60-90% грант за фирми до 6 години стари
ФИТР
За анализа дали следува овој грант конкретно за твојот бизнис, за подетални информации, опис на процесот на аплицирање - направи состанок со наш стручен консултант и добиј од него бесплатен совет и насоки
Сакаш БЕСПЛАТЕН совет?