Ипард - до 750.000 евра неповратен грант
за одгледување растителни култури или
добиток и живина
Преку ИПАРД мерка 1 може да добиете неповратна помош од 60-75% за инвестиции во повеќегодишни култури, овоштарници (кајсии, јаболка и др.), вклучувајќи трпезно грозје и маслинови дрвја, лозови насади, лешници, ореви и др. Може да инвестирате и во изградба и опремување на сточарска или живинарска фарма.
Како прифатливи трошоци се вклучени сите активности во подигнување на насадот, од подготовка на земјиштето, набавка на садници, системи за наводнување, бунари, заштитни мрежи, набавка на земјоделска опрема и механизација, трактори, комбајни, магацини, ладилници, градежни активности и друго.
Висина на поддршка
60% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата
65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (над 700 мнв.)
70% за инвестиции во земјоделски стопанства направени од млади земјоделци (18 до 40 год. возраст) и/или од земјоделски стопанства сертифицирани како органски производители.
- Финансиската поддршка ќе се зголеми за дополнителни 10 % (но кумулативно не повеќе од 75%) за:
- Инвестиции во објекти/опрема за производство на енергија од другите обновливи извори за
- задоволување на сопствените потреби за енергија на земјоделско стопанство;
- Инвестиции кои се однесуваат на системи за складирање и управување со арско ѓубре;
- Инвестиции во објекти/опрема за третман на отпадни води/канализација.
Минимална вкупно прифатливи трошоци за поединечен проект: 20.000 €
Максимална финасиска поддршка која може да се додели за поединечен проект: 750.000 €
Во текот на целата програма по корисник може да се доделат максимум до 1,5 милиони евра.
Може да аплицира и новоформирана фирма (која е сеуште ниедна завршна сметка) но тогаш може да се додели максимум до 100.000 евра.
Половина од средствата предвидени за грантот, по одобрување на истиот, ќе бидат исплатени аванско како предфинасирање, а половина по ставањето на аплицираната инвестиција во функција.
Кои дејности можат да аплицираат:
Секторот за растително производство: житни култури, индустриски и фуражни култури, зеленчук (вклучувајќи компир, јагоди), повеќегодишни култури (овоштарници, вклучувајќи трпезно грозје и маслинови дрвја, лозови насади,
др.Сектор сточарство: говеда (за: млечно говедарство, гоење), свињи (за: репродукција, гоење), овци и кози (за: млечно овчарство, козарство, гоење), живина (кокошки несилки, пилиња одгледувани за производство на месо – бројлери),
други добиток.Сектор рибарство: фарми за аквакултура за слатководни риби.
Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма: Млеко и млечни производи, Јајца, месо и производи од месо; Овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури; жита, мелничарски
производи и скроб; Растителни и животински масла и масти; Шира, сок од грозје, вино, други ферментирани пијалоци, алкохолни пијалоци и оцет; Риба и производи од риба; Производство на храна за добиток и фуражни култури.Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка, преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса за производство на биогас и/или биогорива, користење на сончева енергија ветерници, геотермална енергија итн.
Кој може да аплицира?
Земјоделско стопанство кое е регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при МЗШВ:
Физичко лице носител на семејно земјоделско стопанство (со најмалку средно образование)
Индивидуален земјоделец – ИЗ
Правно лице – кои имаат до 250 вработени (заедно со поврзаните лица ), актива до 43.000.000 евра и вкупен приход до 50.000.000 евра
Земјоделска задруга
Здружени правни лица (најмалку 10 здружени производители)
Предуслови за аплицирање
- Инвестициите мора да бидат спроведени на сопствен имот на корисникот или на имот закуп од најмалку 7 години од датумот на поднесување на барањето;
- Корисникот мора да прикаже изгледи за континуитет во работењето во текот на најмалку 5 години;
- Најдоцна до крајот на проектот корисникот мора да биде усогласен со главните релевантни национални минимални стандарди за соодветната област;
- Барателот за да може да аплицира мора да распорага со минимален капцитет од:
- Растително производство:
- Најмалку 0,02 ха за инвестиции во безпочвено одгледување и други иновативни системи на производство;
- Најмалку 0,3 ха за инвестиции поврзани со постојани (не привремени) оранжерии;
- Најмалку 1 ха за инвестиции поврзани со повеќегодишни култури, градинарско производство на отворено (зеленчук, овошје, лозови насади), житни култури, индустриски култури и фуражни култури.
Површините се утврдуваат според „Регистарот за земјоделски стопанства“ на МЗШВ. Барателите со помало земјоделско земјиште од погоре наведеното, може да се пријават ако минималната површина задолжително се достигне до крајот на инвестицијата
- Сточарско производство и Аквакултура
13 крави и бикови или 25 телиња (до 1 год) или 15 телиња (од 1 до 2 год) за инвестиции во говедарство;
100 овци или кози за инвестиции во овчарство/козарство;
16 маторици или 30 прасиња за инвестиции во свињарство;
143 бројлери или 715 несилки или 334 останата живина за инвестиции во живинарство (со исклучок на патки, гуски, мисирки, тетреби, ноеви, ему и бисерки).
20 тони слатководна риба регистрирани во „Регистарот за одгледувачи на риба“ на МЗШВ, за инвестиции во одгледување риби/аквакултура;
Стоката се утврдува според „Регистарот за земјоделски стопанства“ и „Системот за идентификација и регистрација на животни“ на МЗШВ. Барателите со помал број на животни од погоре наведеното, може да се пријават ако минималниот број задолжително се достигне до крајот на инвестицијата.
- Растително производство:
Прифатливи инвестиции
Неповратниот грант во максимален износ до 750.000 евра може да се искористи за покривање на 60-75% од трошоците за набавка на:
Набавка на специјализирани земјоделски транспортни приколки и возила;
Набавка на повеќегодишни растенија – садење/повторно засадување на повеќегодишни дрвја и растенија, вклучувајќи придружни инсталации;
Капацитети и опрема за наводнување;
Набавка и/или инсталирање на нови машини, земјоделска механизација и опрема/инструменти:
за подобрување на земјоделските и рибни производствени активности на фарма;
за подобрување на стандардите за благосостојба на животните;
за пост-бербени активности, преработка и директен маркетинг на фарма, вклучувајќи и категоризација, собирање, складирање и ладење / преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење, складирање / производство на нови производи, воведување нови технологии и процеси / подобрување и контрола на квалитетот и безбедноста на храната;
за заштита на животната средина (енергетска ефикасност, контролирани климатски услови, ракување и складирање арско ѓубре, третман на отпад и нус-производи, третман на вода) / ублажување на климатските промени (заштитни капаци, сенки, итн.) / обезбедување електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија (вклучително и преработка на растителни и животински производи од биомаса за производство на биогас и/или биогорива, користење на сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн.) за задоволување на потребите на земјоделското стопанство за сопствените земјоделски активности;
Изградба или реконструкција на згради и друг недвижен имот:
за земјоделство и рибарство, помошни објект, вклучувајќи ги и оние што се користат за сместување на земјоделските машини и опрема, за заштита при работа на земјоделските работници, за заштита на животната средина и потребната опрема;
за пост-бербени активности, за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи на фарма, помошни објекти вклучувајќи ги и оние за заштита при работа и заштита на животната средина и потребна опрема;
Инфраструктура на земјоделско стопанство (патиштата и патеките, инсталации за снабдување со електрична енергија, системи за водовод и канализација, одводнување/дренажа, артески бунари, оградување итн., како и подобрување на надворешниот простор на имотот;
Нематеријални инвестиции (патенти и леценци, компјутерски софтвер, студии/проценки за стандарди за хигиена, животна средина и маркетинг, рекламна активност, градежни планови, консултантски услуги).
Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува во сопственост на корисникот.
Прочитај за останати грантови кои ти следуваат
Ако си фирма со погорните дејности ти си апликативен и за следни грантови:
20-50% поврат за веќе направени инвестиции
60-90% грант за фирми до 6 години стари
ФИТР
За анализа дали следува овој грант конкретно за твојот бизнис, за подетални информации, опис на процесот на аплицирање - направи состанок со наш стручен консултант и добиј од него бесплатен совет и насоки
Сакаш БЕСПЛАТЕН совет?