Останати осигурувања
Искористи го нашиот стручен совет за
НЕживотнИ осигурувањА
Ќе ти обезбедиме овластен и лиценциран ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР за да направи за тебе бесплатна споредбена анализа, помеѓу различни видови од сите класи на осигурување, за тоа која тарифа би била најсоодветна токму за тебе.
- Како обезбедуваме најдобра понуда?
За тебе обезбедуваме Осигурителен Брокер, кои има повеќе предности, отколку понуда да бараш од една осигурителна компанија, и тоа:
- Објективност и непристрасност при изборот (наместо еден избор)
- Бесплатен стручен советник за сите типови на осигурување следејќи ги сите тарифи од сите компании
- Брокерот е непристрасен и одговорен пред клиентот, чии интереси е должен да ги штити, а независен од некоја осигурителна компанија
- Брокерот заштедува време и пари, зашто за тебе ја предлага од мноштвото понуди, онаа најдобрата
- Професионална анализа на сите понуди (а не, една пристрасна понуда од една компанија)
- Истакнување на предности, но и слабости на одредена тарифа (а не, пристрасно истакнување најмногу на предностите)
- Двојна грижа при штета (брокерот + осигурителната компанија)
Побарај совет или понуда за некои од следниве класи на осигурување:
Осигурување на имот
Осигурајте го својот имот, кој е вашата животна инвестиција
Со осигурувањето на домаќинството (објектот и стварите), ќе избегнете финансиски трошоци во следните случаи:
● пожар, удар од гром, експлозија; ● луња, град; ● манифестација и демонстрација; ● паѓање на воздушни летала; ● излевање на вода од инсталации; ● провална кражба и разбојништво; ● одговорност кон и од трети лица.
Дополнително, можете да договорите осигурување и од следните дополнителни ризици:
● поплава, порој и високи води; ● лизгање и одронување на земјиште; ● снежна лавина; ● кршење на стакло.
Со осигурувањето на деловнии простории тнр. Имот-Пожар може да се намалат и ублажат штетните финансиски последици. Предмет на осигурување се:
● Различни градежни објекти и друг недвижен имот (вклучувајќи ги сите нивни делови): станбени објекти, деловни, индустриски и занаетчиски објекти, инвестиции во тек и разни други објекти; ● Мебел, машини, апарати, уреди и останата опрема, алат; ● Залиха (на материјали, недовршени производи, готови производи, роба и основни средства), како и ● Парични средства, хартии од вредност, уметнини и сл.
Твој е изборот на осигурени опасности, при што основниот пакет на ризици опфаќа: пожар и удар од гром, експлозија, излевање на водоводна и канализациона инсталација, луња, град, удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во осигурениот градежен објект, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација.
Доколку посебно се договори, можете да се заштитиш и од следните дополнителни ризици: поплава и порој, лизгање и одронување на земјиште, слегнување на тло, снежна лавина, истечување на течности (лекажа), самозапалување на залихи, удар од непознато моторно возило, одговорност кон и од трети лица и земјотрес.
Осигурување од кражба
Дури и со современи мерки на обезбедување, често се случуваат кражби. Еден од најдобрите начини за надомест на претрпената штета, секако е осигурувањето од провална кражба и разбојништво.
Предмет на осигурување можат да бидат следните подвижни работи кои се во сопственост на осигуреникот: ● Мебел, уреди, машини и апарати, залиха, уметнички дела, книги, разни збирки и вредни предмети и сл.; ● Готови пари, драгоцености, меници, хартии од вредност; ● Готови пари во банки, пари во пренос. Осигурителната заштита се пружа во случај на извршување или обид да се изврши ризикот провална кражба, разбојништво и вандализам.
Осигурување од земјотрес
Со оглед на фактот што Македонија претставува трусно подрачје, најзастапено и најактуелно дополнително осигурување на осигурувањето од пожар претставува земјотресот.
Предмет на осигурување од земјотрес се твоите градежни објекти (станбени објекти, деловни, индустриски и занаетчиски објекти и др.) и твојот недвижен имот (мебел, машини, апарати, уреди и останата опрема, алат и др.).
Осигурувањето ги надоместува трошоците предизвикани од оштетување или уништување на осигурените предмети, настанати директно како резултат на земјотрес.
Контактирај нè за осигурување на твој ИМОТ, за наш експерт да да направи анализа и да ти даде оптимизиран совет и понуда скроени токму за тебе… Без обврски!

Осигурување на возила
Грижа за твојата безбедност во текот на возењето
Со осигурувањето од автоодговорност сопственикот на возило ја осигурува законската одговорност за причинување на штети на трети лица со употреба на сопствено возило. Ова осигурување ги покрива штетите во случај на загуба на живот, телесни повреди, нарушено здравје, уништување или оштетување на предмети.
Во рамките на оваа класа на осигурување е:
● Автоодговорност на сите видовои на моторни возила (одговорност кон трети лица при употреба на моторно возило); ● Автоодговорност за моторни возила со пробни таблици; ● Гранично осигурување за моторни возила со странски таблици; ● Зелен картон; ● Осигурување на патници во јавен превоз; ● Дополнително осигурување на возачот и патниците од незгода. Со ова осигурување се покриваат штетите предизвикани на возачот и сопатниците, во случај на загуба на живот, инвалидитет, трошоци за лекување и дневен надомст за боледување.
Потполно каско осигурување
Со потполно каско осигурување се надоместуваат штетите што се предизвикани од следните ризици: ● сообраќајна незгода; ● паѓање или удар од некој предмет; ● пожар, ненадејно надворешно термичко дејство; ● удар од гром, експлозија, луња, град, снежна лавина; ● паѓање на воздушни летала; ● манифестации и демонстарации; ● кражба и разбојништво, злонамерни постапки од страна на трети лица; ● оштетување на тапацирот во осигуреното возило предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна незгода; ● или на некој друг начин, намерно предизвикување на штета на осигурениот предмет, со цел да се спречи поголема штета како и поплава, порој и високи води.
Се нуди и потполно каско осигурување со учество на осигуреникот во секоја штета (франшиза).
Делумно каско осигурување (осигурување на стакла)
Делумно каско осигурување може да се договори за следнава група на ризици: кршење и оштетување на стакла на патнички моторни возила, освен кровни стакла, стакла на фарови и огледала (ретровизори).
Кај осигурувањето на огледала (ретровизори) опфатени се и штети настанати од: ● сообраќајна незгода; ● паѓање или удар од некој предмет; ● пожар, ненадејно надворешно термичко дејство; ● удар од гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала; ● манифестации и демонстарации; ● кражба и разбојништво, злонамерни постапки од страна на трети лица; ● или на некој друг начин, намерно предизвикување на штета на осигурениот предмет, со цел да се спречи поголема штета како и поплава, порој и високи води; ● кршење на стакло настанато како погонска штета.
Дополнително осигурување на возачот и патниците од незгода
Се нуди и можност за дополнување на осигурувањето со рамки на истата полиса за каско осигурување за осигурување на возачот и патниците од незгода. Со ова осигурување се покриваат штетите предизвикани на возачот и сопатниците, во случај на загуба на живот, инвалидитет, трошоци за лекување и дневен надомест за боледување.
Полисата за помош на пат e покритие за:
● давање информации; ● поправка на лице место; ● транспортот на осигуреното Моторно возило; ● привремено сместување на моторното возило; ● хотелско сместување; ● обезбедување на заменско рент-а-кар возило; ●продолжување на патувањето; ● враќање по осигуреното моторно возило; ● надомест на трошоци за телефон
Се смета дека до настанување на осигурениот случај дошло оној момент кога Моторното возило за кое што е склучено осигурување не може повеќе да се движи на технички и со прописите предвиден начин заради:
● електричен или механички дефект – под кој што се подразбира состојба на возилото во која што истото не може да се движи или не може да се движи на безбеден начин, заради откажување/дефект на механички, електричен или електронски елемент, дел или склоп, само ако возилото за кое што е склучено осигурувањето за помош на пат во моментот на настанување на електричниот или механичкиот дефект не е постаро од 8 години; ● сообраќајна незгода – под која што се подразбира судар, удар, лизгање или превртување на Моторното возило; ● незгоди во врска со употребата на Моторното возило – губење на клучеви, клучеви заклучени во возилото, недостаток на гориво или лош квалитет на истото, употреба на несоодветно гориво, издишени или продупчени пневматици и слично.
Контактирај нè за осигурување на твое ВОЗИЛО, за наш експерт да да направи анализа и да ти даде оптимизиран совет и понуда скроени токму за тебе… Без обврски!

Осигурување на лица
Заштита на здравјето и животот за тебе и твоето семејство
Со осигурување од последици на несреќен случај - незгода, се ублажуваат економските последици од несреќните случаи на работно место и при останатите активности со кои се бави лицето, во местото на живеење и при патување, во текот на 24 часа временски и просторно неограничено.
Осигурувањето може да биде индивидуално или колективно и истото овозможува покривање на трошоци за лекување и дневен надомест во случај на незгода:
● Смрт од последици на несреќен случај; ● Траен инвалидитет од последици на несреќен случај (незгода); ● Преодна неспособност за работа (дневен надомест) од последици на несреќен случај (незгода); ● Трошоци за лекување од последици на несреќен случај (незгода)
Осигурителните компании овозможуваат и осигурување од незгода на: работници, ученици и студенти, деца од претшколска возраст, членови на домаќинство, спортисти.
Здравствено патничко осигурување за туристички и службени патувања, или за престој во странство заради студирање или работа.
Цената највеќе зависи од денови престој во странство и дали се работи за престој во соседни, европски или воневропски држави.
Според тарифите и доплатите патничкото може да покрива медицински состојби (лекување од биолест или несреќен случај), но и кражба и губење на пасош или багаж, или при трагични настани во странство (враќање на дете во земјава чие родители починале во странство, враќање на посмртни останки) и сл.
Контактирај нè за осигурување на тебе и најблиските, за наш експерт да да направи анализа и да ти даде оптимизиран совет и понуда скроени токму за тебе… Без обврски!

Бизнис осигурувања
Мудрите професионалци секогаш однапред размислуваат
Општа одговорност
Предмет на осигурување од општа одговорност е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето како и оштетување или уништување на ствари на трето лице. Со ова осигурување се покрива одговорноста за штета која настанала од работењето и активностите на осигуреникот и/или од поседување ствари и/или од правен однос и/или од одредено својство како извор на опасност. Тука спаѓа на пример одговорност од користење, поседување, закуп или плодоуживање на земјиште, зграда или простории кои се користат за обавување на дејноста, одговорност од користење на објектите кои служат за вработените и сл.
Професионална одговорност
Со овој вид на осигурување се покрива законската одговорност на осигуреникот за штети нанесени на трети лица, кои настануваат како последица на пропуст или грешка во обавувањето на својата професионална дејност, како и заради повреда на законот со кој е регулирана наведената дејност, и тоа: ● Доктори и стоматолози; ● Ревизори и ревизорски друштва; ● Туристички агенции; ● Геодети и геодетски друштва; ● Извршители; ● Адвокати; ● Проектантски друштва; ● Сметководители; ● Проценувачи; ● Нотари; ● Стечајни управители; ● Брокерски друштва; ● Градежни фирми... и Многу други дејности по потреба на пазарот.
Одговорност од производ
Осигурувањето од одговорност за производ е неопходно за сите правни лица кои се занимаваат со производство односно промет на производи и кои имаат интерес да ја осигураат својата одговорност за штети нанесени на трети лица.
Со склучување на ова осигурување може послободно и поквалитетно да настапувате на пазарот, да го сочувате својот углед кај потрошувачите и да спречите непотребни трошоци за евентуални штети. Со овој вид на осигурување се осигурува вашата одговорност како осигуреник за штети предизвикани со смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на ствари на трети лица од производот кој е ставен во промет.
Покриени се идни, неизвесни и од Вашата волја независни штетни настани, кои настанале од производот со недостаток и врз основа на кои некое трето лице може да побарува надомест на штета како резултат на вашата одговорност за производство или ставање во продажба на таквиот производ.
Осигурување на роба во превоз (карго)
Кај осигурувањето на стока во транспорт – карго, предмет на осигурување е робата која е изложена на транспортни ризици во текот на различни видови на транспорт (поморски, речен, железнички, камионски, авионски).
Стоката во превоз може да се осигура, во зависност од желбата на осигуреникот, од: ● Основни ризици: пожар, експлозија, сообраќајна или пловидбена незгода, вулканска ерупција, поплава, лавини, одрони, гром или луња; ● Сите транспортни ризици (Against All Risks – AAR): основни ризици + манипулативни ризици (лом, оштетување на амбалажа, гребаници и деформација на предмети, мирис, допир со друга роба, расипување, прокиснување, рѓа, оксидирање), кражба + злонамерно и противправно делување на трети лица; ● Специјални ризици поврзани со специфичната природа на робата; ● Воени и политички ризици.
CMR осигурување
Ова осигурување претставува одговорност на превозникот (осигуреникот) кон сопственикот на робата преземена за превоз врз основа на склучен договор за превоз, а во согласност со одредбите на Конвенцијата за договорите за меѓународен друмски превоз на стоки (CMR) и Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај.
Полисата ги надоместува на осигуреникот сите трошоци кои се основани и кои осигуреникот треба да ги плати врз основа на својата одговорност како превозник, за штетите кои ќе настанат во текот на превозот на пратки како резултат на целосно или делумно оштетување или уништување на робата, настанати од моментот на преземање на робата за превоз до моментот на испорака на робата.
Дополнителни ризици кои можат да бидат покриени се: ● Штети настанати како последица на докажана кражба на робата или кражба на целото возило со роба; ● Штети настанати како резултат на дефект на уредот за терморегулација; ● Штети на робата настанати во текот на натовар на робата на превозното средство или истовар на робата од превозното средство; ● Штети заради доцнење во испораката на робата преземена за превоз; ● Трошоци за уништување на оштетена роба.
Контактирај нè за осигурување на твојот БИЗНИС, за наш експерт да да направи анализа и да ти даде оптимизиран совет и понуда скроени токму за тебе… Без обврски!
